Свети Григориј, епископ на Ниса

svgrigorijСветителот Григориј, епископ Нисаски, бил помлад брат на светителот Василиј Велики. Неговото раѓање и воспитување совпаѓаат со разгорувањето на аријанските спорови. Откако добил прекрасно образование, тој определено време бил учител по риторика. Во 372 г. свети Василиј Велики го ракоположил за епископ на градот Ниса во Кападокија.

Свети Григориј бил цврст ревнител на Православието и заедно со својот брат Василиј Велики се борел против аријанската ерес, претрпувајќи гонења од аријаните. Тие во 376 г. лажно го обвиниле за неправилна употреба на црковниот имот и свети Григориј бил отстранет од епископската катедра и прогонет во Анкира. Следната година свети Григориј повторно во отсуство бил расчинет од собор на аријански епископи, но тој продолжил да ја закрепнува својата паства во Православието, преминувајќи од едно место во друго. По смртта на царот Валент (378 г.) бил вратен на својата катедра и со радост бил примен од својата паства.

Во 379 г. се упокоил неговиот брат свети Василиј Велики. Свети Григориј тешко ја доживеал загубата на својот учител. Тој напишал надгробно слово и го завршил описот на шесте денови на Создавањето (Шестодневот) кој го составил светителот Василиј.

Истата година свети Григориј учествувал во Антиохискиот Собор против еретиците кои не го почитувале непорочното девство на Божјата Мајка, и други, кои пак, се поклонувале на Богомајката како на Божество. Тој бил избран од Соборот да ги надгледува црквите во Арабија и Палестина и да го утврдува православното учење за Пресвета Богородица. На враќање свети Григориј го посетил Ерусалим и се поклонил на светите места. Во 381 г. свети Григориј бил еден од најактивните епископи на II Вселенски Собор, кој бил свикан во Константинопол против ереста на Македониј, кој неправилно учел за суштината на светиот Дух. На тој Собор, на иницијатива од свети Григориј, бил дополнет Никејскиот Символ на верата.

Заедно со други епископи, свети Григориј го утврдил свети Григориј Богослов во чинот Константинополски архиепископ. Во 383 г. свети Григориј Нисаски бил учесник на Соборот во Константинопол, каде што го произнел словото за Божеството на Синот и на светиот Дух. Во 386 г. тој повторно бил во Константинопол и нему му било доверено да го произнесе надгробното слово за почината царица Плакила. Во 394 г. свети Григориј повторно присуствувал во Константинопол на Поместен Собор што бил свикан за решавање на црковните работи во Арабија.

Светителот Григориј Нисаски бил пламен заштитник на Православните догмати и ревностен учител на својата паства, милостив и сострадателен отец; се одликувал со великодушност, трпение и мирољубивост.

Свети Григориј Нисаски мирно се упокоил наскоро по Константинополскиот Собор. Заедно со своите големи современици, светителите Василиј Велики и Григориј Богослов, светителот Григориј Нисаски имал значително влијание врз црковниот живот на своето време. Неговата сестра, света Макрина, му пишувала: „Ти си им познат и на градовите, и на народните собранија и на цели области: Црквите испраќаат и те повикуваат на помош.” Светителот Григориј влегол во историјата како еден од највидните богослови на христијанската мисла од IV век. Имајќи длабок философски дар, тој ја разбирал философијата само како средство за подлабоко проникнување во изворната смисла на Божественото откровение. Свети Григориј оставил зад себе многу творби со догматски карактер, слова и поуки.

Превод од: Святитель Григорий, епископ Нисский

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s