Играчка

„Вистина ви велам: кој не го прими Царството Божјо какo дете, тој нема да влезе во него” (Мк.10,15).

Крај уличниот киоск со најразлични играчки застана мајка со својата ќеркичка. Шарените предмети го привлекуваа вниманието на двегодишното девојче. Веселото синокосо детенце долго и опстојно ја разгледуваше секоја од играчките и на крајот, зеде в раце една со чуден изглед. Продавачката, сакајќи да ја продаде својата стока, услужливо раскажа и покажа, како работи играчката. Таа притисна на мало копче и од кутијата наеднаш се појави црна влакнеста глава со црвени очи и ужасна насмевка. Таа чудовишна глава се насочи кон детето, потоа целата се затресе и испушти звук на грозоморна смеа…

„Гледаш, колку е симпатична – се насмеа продавачката – еве пробај, и тебе ќе ти успее.”

Девојчето притисна на копчето и повторно од кутијата прозвучи дивото смеење. Но, наспроти очекувањето на продавачката на „симпатичната играчка,” како одговор на тоа „дејство” не се слушна детско смееење? Напротив, девојчето сериозно и внимателно, повторно и повторно, го притискаше копчето – како да се обидуваше да ја разбере смислата на таа сатанска смеа и воопшто, значењето на таа играчка.

Продавчката се сврте кон друг купувач, мајката грижливо избираше чинии и веќе никој не го гледаше понатамошното соочување на девојчето со злото. На возрасните, неразбирливо зошто, таквата играчка – страшило, им изгледа смешна и интересна, но токму детенцето вистински го оцени „делото на човечките раце.” На светлото лице на малечката исчезнаа безгрижната радост и насмевка. Колку почесто детето го притискаше копчето и го слушаше тоа неприродно смеење, толку позагрижено стануваше. Таа сфати; така да се постапува – не може! И кога конечно се увери дека таа ужасна смеа не запира, нејзините очи се наполнија со солзи. Таа со стиснатото раче силно удри по одвратната глава. Главата се откина и заедно со играчката падна во калта.

Чувствителното детско срце непогрешно го откри злото во таа чудна играчка. Не обраќајќи внимание на укорот од продавачката и негодувањето на својата мама: „Како само можеше тоа да го сториш, бесрамнице?!” – девојчето се тргна и продолжи да пребарува во играчките. Oд својата пазува го извади своето бело плишено мече и цврсто го прегрна со блажена насмевка. Веќе никој не можеше да ја оддели од таа најомилена играчка. (Ларец со злом, Наталия Литвиненко)

One thought on “Играчка

  1. Прекрасен текст. Само проблемот денес не се толку играчките колку што се проблем цртаните филмови. Зарем се прикажува некој детски цртан филм? Тешко. Какви се денес цртаните филмови страв и ужас! Одамна не сум видел да на нашиве телевизии се прикажува салам цртан филм, се некои изопчени цртани филмови Дигимони, Покемони, се некои тепачки се некои насилства! Или пак Телетабиси или пак Дизниевите нови глупости, со опроштение цртани за дебили. Особено цртаните што ги прикажува А1 телевизија. Се сеќавам како во ,,мое‘‘ време, кое не беше така одамна, ги гледавме ,,Летечките мечиња‘‘ – прекрасен еколошки цртан филм, ,,Ферди‘‘- колку-толку беше прифатлив, ако ништо друго главниот јунак беше ужасно креативен, мечето Ушко толку милно изгледа, на руските бајки, на чичко Сем, па дури и Кукури и Кокода беа убави… Сега нема ни асолна детска емисија, освен можеби Петко на Телма, а Ѕвон е в крај упропастен. Ги нема ни образовните емисии, како што беше Опстанок, Азбука на природата, Весела математика. Жалосно е ова што се случува, што се полнат малите детски главчиња со глупости, со насилство, со омраза, со гнев. Искрено се надевам дека некој ќе се спротивстави на ова што го напишав и ќе ме побие.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s