Преподобен Антониј како образец на верата и животот

svantonijПреподобен Антониј не се разликувал од другите со надворешниот изглед, туку со благоста и чистотата на душата. Бидејќи душата била безметежна и надворешните изрази на лицето останувале незаматени. Колку што бил љубезен според надворешноста, толку бил чист и цврст во верата. Никогаш не застанувал на страната на отстапниците од верата, гледајќи го нивното самоволно искривување на светата вера. Никогаш не разговарал пријателски со мелетијаните и други еретици, освен ако гледал дека тие се подготвени да се откажат од заблудите. Кога некои од еретиците – аријани дошле кај него и тој од разговорот со нив го видел нивното зловерие, веднаш заминал огорчен, говорејќи, дека нивните зборови се поотровни од змија.

Когда аријаните разгласиле дека, наводно, Антониј се сложува со нив, преподобниот се зачудил на нивната дрскост и отишол во Александрија; таму пред архиепископот и пред целиот народ тој ги осудил аријаните, нарекувајќи ги предтечи на антихристот.

Аријаните погрешно учеле за Божјиот Син дека не е со истата суштина како Отецот, туку е првото дело, творба на Отецот. Свети Антониј пак, го поучувал народот дека Божјиот Син не е создание – туку е вечното Слово на суштината на Отецот. Затоа, нечестиво е да се говори за Синот како „некогаш” да не постоел. Зашто, Словото секогаш постои заедно со Отецот. Бидете убедени дека дури и целата природа негодува против нив/еретиците, затоа што Творецот и Господарот на вселената, „преку Кого сè настана,” тие го сметаат за створено суштество.

Еднаш два елински, пагански философа, пристигнале кај Антониј за да го испитаат и ако можат, да го победат во надмудрување. Кога ги здогледал, тој разбрал кои се и ги прашал: „Зошто сте толку загрижени, философи, за неразумен човек?” Кога тие одговориле, дека Антониј никако не е неразумен човек, туку многу умен, тој продолжил: „Ако сте дошле кај неразумен човек, напразно сте се труделе. А ако ме сметате за разумен, тогаш бидете такви каков што сум јас, бидејќи добриот треба да се подражава. Ако јас дојдев кај вас, ќе почнев да живеам како вас. Ако пак, вие дојдовте кај мене, бидете такви каков што сум јас, а јас сум христијанин.” Философите си отишле восхитени.

Антониј многу го почитувале и императорот Константин и неговите синови Констанс и Констанциј. Тие во своите писма тие го молеле да отиде кај нив. Кога го добил писмото, Антониј ги собрал монасите и им рекол: „Не чудете се што ни пишува императорот, зашто и тој е човек, туку чудете се што Бог им напишал Закон на луѓето и им говорел преку Својот Син.” Тој во својот одговор ги пофалил царевите затоа што веруваат во Христа и им дал справедливи совети; да не ја ценат премногу сегашноста, туку да го паметат идниот Суд и да знаат дека Христос е единствениот вистински и вечен Цар. Ги замолил, исто така царевите да бидат човекољубиви, да се грижат за правдата и за сиромашните. Тие со радост го примиле неговиот одговор, иако не се удостоиле со негова посета.

Кога некој брат ја изгубил ревноста за подвигот на верата, отишол кај свети Антониј и побарал да се помоли за него. Но, големиот старец, кога ја согледал неговата мрзливост, му одговорил: „Ни јас, а ни Бог не ќе се сожали над тебе, ако ти не се погрижиш за себе и не се молиш на Бога” (Дост. ск. 16). Значи, свети Антониј советува да се одржуваме во постојано внимание кон Бога, да бидеме бодри и неуморно да работиме за Господа, до последниот наш здив стоејќи на стража против стапиците на искушувачот (Patr. Graec. t. 40, p. 1083). Светиот ги видел сите тие стапици кои ѓаволот ги распослал низ земјата и со воздишка прашал: „Кој може да ги избегне?” Одговорот што го добил од Бога бил: „Смирението.” Што подразбираме под овој христијански поим „смирение” најдобро објаснува Великиот подвижник: „Смирението пак се состои во тоа, човек да се смета себеси за грешник и да мисли дека ништо добро не прави пред Бога… Знај дека смирението е не нешто друго, освен тоа – сите луѓе да ги сметаш за подобри од себе. Пред сè, не сметај се себеси за нешто и тоа во тебе ќе породи смирение, смирението пак, ќе роди наука (т.е искуство и здравомислие), таа наука ќе ја роди верата, верата ќе ја роди надежта, а надежта ќе ја роди љубовта, љубовта ќе ја роди послушноста, а послушноста ќе роди неизменливо постојанство (т.е стабилност во доброто). Потруди се, брат, да ги запазиш овие правила, за да не биде бесплоден твојот живот.”

Преподобен Антониј поминал 85 години од својот живот во пустинска самотија. Малку пред своето упокоение преподобниот им кажал на браќата дека наскоро ќе биде одземен од нив. Во неговите последни совети, меѓу другото, ги поучил: „Грижете се најмногу да престојувате во единство меѓу себе, а пред сè, со Господа, потоа со светите, за да ве примат и тие вас по смртта како пријатели и познати.” Преподобниот задолжил двајца од своите ученици да го погребаат во пустината, а да не прават свечен погреб во Александрија. Од двете свои мантии, едната ја оставил на светителот Атанасиј Александриски (спомен на 18 јануари), а другата на светителот Серапион Тмунтски.

Мирно се упокоил во 356 година, на возраст од 105 години и бил погребен во пустината на тајно место.

Љубовта кон преподобен Антониј и неговата слава се распространиле низ цел свет. Не со вешто составени творби, не со световна мудрост, не со благородното потекло, не со богатства се прославил тој, туку со благочестивиот живот. На него се исполниле зборовите од Спасителот: „И ќе го прославам оној што Мене ме прославува.” Тој не живеел во некое познато место, напротив – се оддалечил во непроодна пустина. Сепак, и оттаму тој станал познат и во Шпанија, и во Африка, и во Италија, и во Илирија, дури и во древниот Рим. Антониј, кој од сите се криел во гората, не ја сакал и не ја барал таа слава. Но, Господ Самиот го открил и им го објавил на сите овој светилник на верата и благочестието, за – угледувајќи се на него, да се учиме на добродетелите и восхитувајќи се од животот на преподобниот – да го прославуваме Небесниот Отец, Кому со Неговиот Еднороден Син и со Сесветиот Дух; чест, слава, благодарност и поклонение во векови, амин!

Слично на Свиток: Преподобен Антониј Велики

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s