Свeти Атанасиј Александриски

Свeти Атанасиј е голем исповедник и учител на Црквата, голем заштитник на христијанското учење за Боговоплотувањето. Роден е меѓу 293 и 298 г. во Александарија. Како син на родители христијани, тој добил прекрасно образование, но срдечно го изучувал и Светото Писмо.

athanasius_i

Подоцната слава на св. Атанасиј фрлила свои зраци и на поранешнитие години од неговиот живот; така настанал и познатиот расказ, дека св. Атанасиј, додека бил дете, за време на детска игра извршил правилно крштевање на некое свое другарче; а епископот Александар, кој тоа го видел оддалеку, го повикал и го признал крштението, а неговите роднини ги посоветувал да го подготват за црковна служба (Rufin., Hist. eccl. I, 14). Овој расказ едвај да може сериозно да се разгледува, бидејќи, и покрај невообичаеното решение на епископот, содржи хронолошки проблем: епископот Александар бил поставен на Александриската катедра по Ахил, во 312 г., кога Атанасиј, дури и со претпоставка дека се родил подоцна од прифатените датуми на раѓање, веќе не би можел да се занимава со детски игри. [Сагарда Н.И.]

Откако момчето го завршило своето образованието, епископот Александар го прифатил како свое духовно чедо, а го поставил и за свој секретар. Така започнал духовниот пат на идниот св. Атанасиј Велики, кого уште за време не анеговиот живото го нарекле „татко на благочестието.”

Околу 319 г. тој станал ѓакон. Во Александарија се појавила ереста на местниот свештеник Ариј. Тој учел дека Христос – не е само како човек, туку и како Бог – не бил рамночестен на Отецот, туку бил понизок Бог, само подобен//сличен на Отецот, а всушност – створен и има свој почеток во времето. Тоа учење се распространувало бргу. Многупати Александар го разобличувал, а во тој труд Атанасиј секогаш му помагал. Ариј бил упорен, ереста се ширела и морало да бидат свикани епископски собори за нејзиното искоренување. Такви биле поместните собори во Александарија, во Антиохија и најпосле, Првиот вселенски собор во Никеја, 325 година, на кој присуствувал и самиот император Константин Велики. Атанасиј присуствувал на Никејскиот собор заедно со својот архиепископ Александар и решително помогнал за осудувањето на Ариј. Неговиот забележителен придонес во работата на Првиот вселенски собор толку го прославил, што тој се вратил од соборот како познат богослов.

Следната година св. Атанасиј бил поставен за Александриски архиепископ. Во 326 г.(328 г.) умира епископот Александар и Атанасиј бил избран на неговото место. Непријателите на св. Атанасиј, аријаните, покренале обвиненија против него за наводно користољубие и грубости над клириците. Заради тоа бил свикан собор во Трир, кој независно од изложените докази во прилог на невиноста на архиепископот на Александарија – сепак, го осудил. Откако видел дека на тој начин нема да ја добие правдата, св. Атанасиј се сретнал во Цариград со императорот Константин Велики и му ја претставил вистината.

Императорт ги повикал учесниците на Трирскиот собор повторно да го разгледаат делото, но непријателите на св. Атанасиј успеале да го измамат императорот со нова клевета. Гледајќи дека не може да ги помири Атанасиј и неговите противници, а плашејќи се од бунт во Александарија, императорот решил да го жртвува нејзиниот архиепископ и да го испрати на заточение во Галија. Таму св. Атанасиј поминал две години. По смртта на Константин Велики, неговите наследници со указ го вратиле св. Атанасиј за епископ на Александарија. Тоа дало нов повод на непријателите на Атанасиј да го прогласат за незаконски епископ, веќе врз основа на тоа што бил вратен на катедрата од светската власт.

За време на тој тажен период од црковната историја, непријателите на св. Атанасиј Велики неколку пати успевале да извојуваат негово осудување и прогонства. Од вкупно 47 години епископско служење, тој 15 години поминал во прогонство.

Уште во своите први дела: „Слово кон паганите” и „Слово за воплотувањето на Бог Слово и за Неговото јавување во плот меѓу нас”, била посочена главната тема на неговото богословие. Основни негови догматски дела се: „Четири слова против аријаните” (околу 356–359), посветени на потврдувањето на божественоста на Спасителот. Нему му го припишуваат и „Житието на св. Антониј,” како и многу трактати, коментари на Св. Писмо, книги со наравоучителен карактер и проповеди. Тие негови дела содржат најдлабоки богословски и етички вистини. Нему светата Црква го должи уништувањето на опасната аријанска ерес и создавањето на Никео-Цариградскиот Символ на Верата.

Во 373 г. св. Атанасиј починал во Александарија на 76-годишна возраст. Црквата го чествува неговиот спомен на 2 мај и на 18 јануари (заедно со св. Кирил Александриски).

Прилог: Св. Афанасий Великий


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s