…и секој пат кога би го оставал, неговите мисли ќе го спречеа и ќе го заплеткаа во светските ствари, бидејќи беше богат. Еден ден, кога излегуваше, тие го опседнаа и кренаа голема прашина за да го вратат назад. Одеднаш, тој ја соблече својата облека, ја фрли и гол отрча кон манастирот. Господ му откри на својот старец: „Стани и прими го мојот борец.” Старецот стана, го пречека, се запозна со состојбата, се зачуди и му даде монашки престој. Кога луѓето доаѓаа кај старецот и го прашуваа за различни работи – тој им одговараше, но кога тие прашуваа за откажувањето, тој велеше: „Прашајте го братот.” (Word from the Desert)