Светител Григориј, архиепископ Константинополски, Богослов

Светителот Григориј Богослов, архиепископ Константинополски, вселенски отец и учител на Црквата, се родил во христијанско семејство, од угледен род, во 329 г., во Арианз (недалеку од градот Назианз Кападокиски). Неговиот татко, исто така, светител и со име Григориј, бил епископ Назиански (спомен на 1 јануари). Мајката, света Нона (†374, спомен на 5 август), го молела Бога за син, откако ветила дека ќе го посвети на Господа. Како што ѝ било откриено во сновидение, таа својот син првенец го нарекла Григориј. Кога синот научил да чита, мајката му го подарила Светото Писмо. Свети Григориј стекнал потполно и разновидно образование: по домашните часови со чичкото Амфилохиј — искусен учител по риторика, тој учел во школите на Назианз, Кесарија Кападокиска, Александрија. По завршувањето на образованието, идниот светител отпатувал во Атина. На пат од Александрија во Елада (352 г.), за време на страшна многудневна бура, тој се плашел само од едно; дека «убиствените води ќе го лишат од очистителните води». «Дваесет денови и ноќи — раскажува свети Григориј — лежев на коработ молејќи го милосрдниот Бог за спасение и во таа опасност дадов ветување дека ќе се посветам себеси на Бога. По ветувањето — бев спасен».

Светителот поминал шест години во Атина, изучувајќи ги риториката, поезијата, геометријата и астрономијата. Негови учители биле познатите пагански ритори Химориј и Проересиј. Заедно со свети Григориј учел свети Василиј, идниот архиепископ на Кесарија Кападокиска (†379, спомен на 1 јануари). Дружењето што започнало уште во школата во Кесарија, прераснало во длабоко духовно пријателство. А, познанството со Јулиан, идниот император (361-363) — отстапник од Христовата вера, се преобратило во непомирливо непријателство.

По завршувањето на образованието свети Григориј останал некое време во Атина и предавал риторика. Тој прекрасно ја познавал паганската предхристијанска философија и литература.

Во 358 г. свети Григориј тајно заминал од Атина и се вратил при родителите во Назианз. Таму, речиси на 30-годишна возраст, бил крстен од својот татко. Сега тој, за кого било «позначајно да се биде последен за Бога, отколку прв за царот», се колебал само во тоа; кој пат «да го предпочита: созерцателниот или дејствениот».

На повикот од свети Василиј тој заминал во пустината за да се подвизува заедно со него.

А заради потребите на својот татко, свети Григориј во 361 г. се вратил во Назианз и примил чин презвитер. Сепак, чувствувајќи, дека неспоредливо поблиска му е осаменоста и безметежната молитва, отколку пастирската дејност, свети Григориј повторно побрзал во пустината кај свети Василиј. Таму во осаменост тој закрепнал со духот, нашол сили да се врати кај паствата и со чест да ја извршува својата должност. Наскоро свети Григориј ги помирувал епископот со паствата, која го осудила својот пастир затоа што потпишал двосмислено изложување на догматите на верата. Свети Григориј ѝ дал на паствата време за пројавување на првите чувства, а потоа го убедил таткото јавно да ја признае својата грешка. Откако го достигнал посакуваното, тој произнел проповед за неопходноста од помирувањето. Светителот Василиј Велики го поставил свети Григориј за епископ на градот Сасим, но за поддршка на својот остарен татко, светителот Григориј останал во Назианз, а по смртта на таткото, некое време управувал со паствата на тој град.

По смртта на Константинополскиот патријарх Валент во 378 г., Антиохискиот Собор го повикал светителот Григориј да ѝ помогне на Константинополската Црква, која во тоа време повеќе од сите други била опустошена од еретиците. Отккао добил согласност од светителот Василиј Велики, светителот Григориј пристигнал во Константинопол на Патријаршискиот престол. Во 379 г. тој почнал да служи и да проповеда во мала домашна Црква на свои роднини. Тој ја нарекол таа црква Анастасија («Воскресение»), верувајќи дека токму во тој мал храм ќе почне да воскреснува Православието. Насекаде господареле еретиците аријани и аполинаристи. Колку посилно звучела неговата проповед, толку повеќе се зголемувало собранието во храмот и толку посилно растело противењето на еретиците. Во ноќта на Пасха, 21 април 379 г., кога светителот Григориј извршувал Крштение на новообратени, толпа од вооружени еретици се втурнала во храмот и почнала да ги каменува православните, при што убиле еден епископ и го повредиле свети Григориј. Но, трпението и кротоста на светиот биле негова најдобра одбрана, а словото ги собирало православните.

Творбите од светителот Григориј: словата, писмата, стиховите, покажуваат дека тој се стремел да биде проповедник достоен за Христовата вистина. Нему му бил испратен дарот на слово и светиот сакал да го принесе тој дар на Бога Словото. За достојно да го проповеда Божјото Слово, светителот грижливо ги подготвувал и обработувал своите творби.

Славата за православниот проповедник се распространувала низ Исток и Запад. А светителот живеел во престолнината на империјата како во пустина — «негова храна — била храната на пустината; облека — неопходната облека; просто однесување близу дворецот — ништо не сакал тој од дворецот».

Додека бил болен, на светителот му бил нанесен удар. Оној кого го сметал за пријател — философот Максим, тајно бил посветен на местото на светителот Григориј во самиот Константинопол. Поразен од неблагодарноста на Максим, светителот решил да ја остави катедрата, но верната паства го задржала. Народот го изгонил самонаречениот од градот. На 24 ноември 380 г. во пресстолнината пристигнал светиот цар Теодосиј Велики. Откако го потврдил својот указ против еретиците, на православните им го вратил главниот храм и во него торжествено го вовел светителот Григориј. Наскоро бил подготовен атентат врз светителот, но оној што требало да биде негов убиец, самиот отишол кај светиот со покајанички солзи.

Во 381 г., на Вториот Вселенски Собор, светителот Григориј бил утврден во чинот Константинополски патријарх. По упокојувањето на Антиохискиот патријарх Мелетиј, светителот претседателствувал на Соборот. Надевајќи се дека ќе го помири Западот со Истокот, тој предлагал да биде признаен Антиохискиот патријарх Павлин. Кога пак пристигнале оние што и порано дејствувале против светителот Григориј во полза на Максим, многумина, особено египетскиот и македонскиот епископат, не сакале да го сметаат светиот за патријарх Константинополски. Светителот решил да се жртвува себеси за мирот на Црквата: «Нека бидам пророкот Јона! Не сум виновен јас за бурата, но се жртвувам себеси за спасението на коработ. Фатете и фрлете ме… Јас не се радуавав кога доаѓав на престолот, и сега радо слегувам од него». Откако му ја објавил на императорот својата намера да ја остави пресстолнината, светителот Григориј уште еднаш се јавил на Соборот, со проштално слово замолувајќи да биде отпуштен со мир. По враќањето во татковината, грижејќи се за назианската паства која била поробена од аполинаристите, тој го назначил за епископ благочестивиот Евлалиј и се оддалечил во Арианз, во саканата осаменост. Не оставајќи ја пустината, светителот со ревност кон Христовата вистина ги утврдувал Православнитие со своите писма и стихови.

Во 389 г., на 25 јануари, се преставил оној кого Црквата го почестила со името што го носел возљубениот Христов ученик — светиот евангелист Јован.

«Храбро и силно сакам да говорам, за вие да станете подобри, од плотското да се обратете кон духовното, на правилен начин да се возвишите во вашиот дух» — велел светителот Григориј Богослов. Преподобниот Јован Дамаскин во своето «Изложување на верата» превосходно се раководел од делата на светителот Григориј Богослов.

Телото на светителот Григориј било погребено во Назианз. Во 950 г. светите мошти биле перенесени во Константинопол, во црквата на Светите Апостоли. Подоцна дел од моштите бил пренесен во Рим. Преданието го зачувало описот на светиот: «лице смирено, бледо, веѓи високи и густи, поглед кроток, брада не долга, но густа и широка». Уште неговите современици го нарекувале својот архипастир „свет.”

Православната црква, нарекувајќи го светителот Григориј втор Богослов и мистагог//тајник, во Богослужбените песни кон него се обраќа вака: «Со твојот богословски јазик — риторските сплетки ги разурна, славен, со одежда на православието одозгора исткаена — Црквата ја украси: радувај се, отче, на Богословието — ум врвен». // Святитель Григорий Богослов, архиепископ Константинопольский

nb_pinacoteca_unknown_greek_xviii_gregory_the_theologian_simonopetra_athos

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s