Христијанството во Европа и секуларизмот во Македонија

Луѓето што на еден или друг начин, свесно или несвесно, се борат против христијанството си поставиле задача; да го изгонат христијанството од европската општествена реалност, да го претворат во приватна работа на одделни индивидуи. Не можеме да се согласиме со тоа, зашто сметаме дека Христос ја создал Својата Црквата — не за „лична употреба” — туку за Црквата јавно да го открива своето присуство во општеството, да може да работи за преобразување на светот. Затоа и сме убедени дека Црквата треба да има право да присуствува активно и во општествените дискусии, каде што отворено ќе ги искажува своите гледишта, и во државниот образовен систем, каде што ќе има право да ги воспитува своите деца во христијанска духовна свест.

Одделувањето на Црквата и држава секогаш е условно и релативно, тоа не може да биде апсолутно на надворешно ниво на животот. Црквата со илјада врски е поврзана со царството на кесарот. Мора да има радикална религиозна поделба на двете царства — на Божјото и на кесарот. Тоа и значи дека Црквата мора да биде слободна и дека „Божјото” никогаш не смее да му го дава на „кесарот.” Слободата ја задолжува Црквата сама да пројавува голема духовна енергија, во својата мисија да не се препушта и да не очекува премногу од државата и нејзините институции. Но, на надворешно историско ниво државата проникнува во сите пори на животот и Црквата претставува составен дел на државата. Макар што нема официјална и владеечка религија во државата, сепак православната Црква не може да не зазема особено место во Македонија, за македонскиот народ. Тоа не се определува не со државни привилегии за православната Црква, туку со нејзината црковна, религиозна предност, нејзинната врска со срцето на македонскиот народ, со духот на македонската историја. Тоа нејзино заслужено место мора да се почитува. Христовата Црква е должна да стане преовладувачка духовна, внатрешна сила на македонската држава. Македонската држава по форма нека биде светска/секуларна, а по дух христијанска, за во неа да не победи ѕверскиот принцип, макар и во најпрогресивен, демократски облик. Како што за државата е неприфатлива теократијата, исто така, не помала опасност претставува и изгонувањетро на верата од општествениот живот, т.е. радикалниот секуларизам. Обете крајности се штетни за формирањето на здрава социјална средина.

Идентитетот на Европа не е секуларистички или неутрално-религиозен. Европа е со многу длабоки христијански корени кои со векови се граделе. Европа пред христијанството била само географски поим. Нејзините жители биле разграничувани на оние кои живеат во границите на Римската империја т.е во икумената, и оние кои живеат зад тие граници и кои вообичаено биле нарекувани „варвари.” Многу опасно и истовремено тажно е тоа што во современа Европа некои политичари се обидуваат вештачки да ги омаловажат тие христијански корени. Никој не спомнува дека во Европа најбројни се христијаните. Макар што таа отсекогаш била место каде што се сретнуваат различни националности, религии, јазици, сепак христијанството е основата на која се гради целата европска цивилизација и затоа е нечесно тоа да се одрекува.

Денес во народот се урнати старите општествени идоли, но се започнува со градење на нови идоли, идоли на “демократијата,” на “евроинтеграцијата” и сл.

Философот Владимир Соловјов пред стара Русија го беше поставил прашањето: „Каков Исток сакаш да бидеш; Исток на Ксеркс или на Христос?” (Персискиот цар Ксеркс, 486-465 п.Хр., е опишан како неенергичен, безкарактерен, лесно потпаѓал под туѓо влијание, но се одликувал со самоувереност и суетност.) Современа Македонија е исправена пред слично прашање, зашто „Ксеркс” како прототип може да ја означува и кратковидата демократија. Во демократијата може да се разоткрива човечкиот образ во кој се одразува Божјиот образ, но таа може да го промовира и ѕверскиот образ.

Слично на Свиток:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s