Според православниот календар денес е споменот на светиот маченик Трифон. Маченикот Трифон, иако не бил школуван и пасел гуски, уште од детството бил познат по многуте Божји дарови со кои бил надарен: тој ги исцелувал луѓето и и изгонувал демони. За понатаму, отворете го неговото житие: Страдање светог мученика Трифуна.
Гледајќи во што е пренасочен празникот на свети Валентин, американскиот свештеник о. Џон Бокман вели дека ние православните просто сме задолжени да го почитуваме споменот на св. маченик Валентин (6 ст.с./19 н.ст. јули ), паметејќи дека тој претрпел страдања за Христа и со својот живот посведочил за Него. Должни сме да го паметиме – не како организатор на свадби и стројник, што, патем кажано, нема основа во ниедно житие, туку – како Христов маченик: Страдање светих мученика Марина, Марте, Авдифакса, Авакума, Кирина, свештеника Валентина, Астерија и многих других.