Светител Фотиј, Патријарх Константинополски

Светителот Фотиј, Патријарх Константинополски се родил околу 820 година. Бил внук на светиот Патријарх Тарасиј, што значи од раѓање припаѓал на познато семејство кое верно ги почитувало светите икони. Неговиот татко се упокоил со маченичка смрт во заштита на иконите. Свети Фотиј добил одлично образование и заради роднинските односи со императорскиот дом, бил поставен на должноста прв државен секретар во сенатот. Современиците за него велат: «тој толку се одликуваше со знаења речиси во сите светски науки,, што со право може да се смета за слава на својот век и дури може да спори со древните.» Тој ги учел во науките младиот наследник на престолот Михаил и идниот просветител на словените; рамноапостолниот Кирил. Длабокото христијанско благочестие го оградувало свети Фотиј од прелестите на добрата на дворскиот живот — со сета душа тој се стремел кон монаштвото.

svfotij

Во 857 г., со-управителот на цар Михаил, Варда, го отстранил од Константинополската катедра Патријархот Игнатиј. Епископите, знаејќи го благочестието и широката ученост на Фотиј, него го посочиле на императорот како човек кој е достоен да го заземе првосветителскиот престол. Свети Фотиј со смирение го примил предлогот. Во текот на шест денови тој бил спроведен низ јерархиските чинови, а во денот на Христовото Рождество бил посветен за епископ со возведување на патријаршискиот престол.

Сепак, наскоро започнале бури во Црквата, поттикнати од отстранувањето од катедрата на Патријархот Игнатиј. Во 861 г. бил свикан Собор за прекратување на немирите, на кој биле потврдени отстранувањето на Игнатиј и изборот на патријархот Фотиј. Папата Николај I, чии пратеници присутствувале на тој Собор, се надевал, утврдувајќи го Фотиј за патријарх, дека ќе го потчини под своја власт, но откако не го добил очекуваното, на Римскиот Собор го предал Фотиј на анатема.

Од тоа време за светителот Фотиј започнале противењето на папското своеволие и посегнувањето по Православната Црква на Исток, кои траеле до крајот на неговиот живот.

Во 864 г. целата Бугарска земја доброволно се обратила во христијанството. Бугарскиот кнез Борис бил крстен, како што претпоставуваат, од самиот патријарх Фотиј. Потоа светителот Фотиј испратил во Бугарија архиепископ и свештеници за Крштевање на Бугарскиот народ, а во 865 г. — ги испратил и светите Кирил и Методиј да го проповедаат Христа на словенски јазик.

Сепак, приврзаниците на папата во Бугарија поттикнале недоверба кај Бугарите кон проповедниците од Источната Црква. Лошата положба на Бугарија заради нападите од Германите ги натерала да баарат помош од Западот. Бугарскиот кнез се обратил до папата со молба да му испратат свои епископи. Кога пристигнале во Бугарија, папските легати почнале во неа активно да ги утврдуваат латинското учењето и обичаи, наместо православните. Светителот Фотиј, како цврст заштитник на вистината и изобличител на лагата, ја известил со окружно писмо Источната Црква за делата на папата, укажувајќи на отстапувањето на Римската Црква од древното Православие, не само во обредите, туку и во вероисповеданието. Бил свикан Собор, кој го осудил своеволието на Западот.

Во 867 г. императорскиот престол го зазел Василиј Македонец, кој го убил императорот Михаил. Светителот Фотиј го осудил убиецот и не дозволил да биде причестен со Светите Христови Тајни. За таа одлука тој бил отстранет од патријаршискиот престол и затворен во манастир под стража. На негово место повторно бил поставен патријархот Игнатиј. Во Соборот што бил свикан за разгледување на постапките на светителот Фотиј, учествувале и папски легати, кои барале Соборот да потпише грамота за безусловно потчинување на целата Црква на судот на папата. Источните епископи не се согласиле со тоа и стапиле во спор со легатите. Светител Фотиј, кога бил повикан на Соборот, со молчење одговорал на сите напади од легатите и само на прашањето поставено од судиите; дали сака да се покае? – одговорил: «Се предомислија ли самите судии?» Противниците на Фотиј по долги спорови победиле и немајќи никаква основа за да го осудат, му изрекле анатема на Патријархот Фотиј и на епископите кои го бранеле. Светителот бил испратен во заточение 7 години, каде според неговото сведоштво, «само му благодарел на Господа, трпеливо носејќи ги неговите судови…» Во тоа време латинскиот клир бил изгонет од Бугарија заради своеволиети на папата, а Патријархот Игнатиј таму испратил свои епископи.

Во 879 г., по смртта на Патријархот Игнатиј, бил свикан Собор (кој многумина отци на Црквата го нарекуваат Осми Вселенски Собор) на кој повторно бил признат светителот Фотиј за законски пастир на Црквата. Папата Јован, кој лично го познавал Фотиј, преку свои пратеници на Соборот објавил дека ги повлекува сите претходни папски определби за Фотиј. Соборот ја признал неприкосновеноста на Никејско-Цариградскиот Символ, го отфрлил латинското искривување (filioque), ја признал независноста и рамноправноста на двата престола и на двете Цркви (Западната и Источната). Соборот определил во Бугарија да бидат уништени црковните обичаи и обреди кои ги вовеле латините, со што било пресечено нивното владееење таму. За време на наследникот на императорот Василиј, Лав, светителот Фотиј повторно настрадал од клевета; бил обвинет за заговор против императорот. Откако го отстраниле од катедрата во 886 г., светителот ги завршил своите денови свои во Армонијскиот манастир, во 891 година.

Православната Црква го почитува светителот Фотиј како ревностен заштитник на Православниот Исток од господарењето на папите и како учен богослов кој оставил многубројни и разновидни трудови, посветени на изобличувањето на заблудите на латините, на побивање на различни ереси, на објаснување на Светото Писмо и разоткривање на различни предмети на верата. // Святитель Фотий Патриарх Константинопольский

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s