Смирението на високата наука

Новинарот Витман направил патување по светот на научниците и раскажал за своите средби со претставниците на највисоката американска наука. Тема на неговите разговори бил односот меѓу современото научно знаење и верата во Бога.

Во научниот центар Бруксхавен, Витман прашал еден научник; може ли, од научна гледна точка, да се смета на факторот „Божествена сила” во светот?

«Секако – одговорил научникот –  во физичките закони на материјата и енергијата, на пример, ние се сретнуваме со реалноста на Божествената светлина. Во лабораторијата гледаме како исчезнува материјата, претворајќи се во енергија; и ние не можеме ништо ни да додадеме, ни да одземе од општото количество материја и енергија. Од каде пак, материјата и енергијата се појавиле? Ние знаеме само дека не можеме да ги создадеме. И откривме дури закони кои докажуваат дека ние тоа не можеме да го направиме… А, материјата и енергијата мора од некаде да се појавиле… Значи, мора да постои повисока сила, која можела да ги створи».

За време на своето патување кај научниците, Витман во многумина од нив видел особено чувство на смирение: „Пред 10 или 15 години науката уште мислеше дека таа го држи во свои раце светот и е способна да ги реши сите прашања.” Еден постар хемичар забележал: „Ние мислевме дека науката е магија.” Но, денес најдобрите научници се искрени во признанието, колку малку тие, всушност, знаат. Сакајќи да ја тргнат завесата на таинственоста, тие нашле уште подлабоки тајни. На заседание на научници во Технолошкиот институт Карнеги, во Питсбург, Витман слушал, како големи научници на «точната» и «апсолутна» наука, математичари, признавале дека таа наука ниту е точна (егзактна), ниту е апсолутна.

Ако наука денес се придвижила кон напред, тоа е така, можеби, затоа што некои «факти», во последните години, ја натераа да се замисли.

Тоа, што таа го сметала за непоколебливо-цврсто, се покажало збир од празнини; материјата која ја сметаше за неразрушлива, се покажа дека не е таква, туку дека се претвора во енергија.

Џон Далтон (1766-1844), англиски хемичар, го дал следниот, како што на науката ѝ изгледало, цврст „факт”: „Атомот е неделив, вечен и неразрушлив.” Во реалноста се покажало, дека атомот нема ни едно од тие три својства.

Евклид, исто така, на науката ѝ го дал «фактот», дека «целината секогаш е еднаква на сумата од нејзините делови». Но, целиот атом тежи помалку од сумата на неговите делови. Физичарите за свој основен принцип го имале принципот на докажаност, т.е. дека физичките закони секогаш го гарантираат дадениот резултат од дадената причина. Денес физичарите имаат нова теорија: принцип на недокажаност.

Не е за чудење тоа што д-р Шилт во полушега забележал: „Ние за вселената повеќе знаевме пред 10 години, отколку што знаеме сега.”

Д-р Екатерина Чемберлен, професор по физика, му напомнила на Витман, дека Њутн се споредувал себеси со дете што си игра на брегот на океанот, додека целиот океан од вистини е пред него – неоткриен… „Ние сè уште сме на брегот од океанот – вели д-р Чемберлен – тоа што го знаеме, се само ситни делчиња. А во останатото ние зависиме од верата.” Новото смирено расположение во очите на научниците многу повеќе станува научно, отколку претходното однесување на – фалениот од XIX век – научник „сезнајко.”

По војната во Париз го чествувале англискиот научник Флеминг, кој го откри пеницилинот. На свеченото собрание биле кажани многу пофални заборови во негова чест. Одговарајќи им на собраните, професорот Флеминг рекол: „Вие велите дека јас нешто сум пронашол; всушност, јас само согледав – го видов она што Господ Бог го создал за човекот. Честа и славата не ми припаѓаат мене, туку на Бога…”

Вистинската ученост е скромна, затоа што таа припаѓа – не на мртвата материја и не на лукавата дијалектика, туку – на живата душа на човекот, на тој чудесен свет што го создал Големиот Творец. // Смирение высокой науки

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s