Божјите заповеди: I и II

Првата заповед

Првата заповед едвај да може да биде наречена заповед во потполната смисла на зборот. Тоа пред сè е сведоштво дека Бог навистина постои и токму тој е – Оној што се пројавил Себеси на различни начини во историјата на еврејскиот народ – и е Творец на сè што постои. Но тој е и Оној што го извел народот од египетското ропство. Тој не се крие Себеси, тој стапува во завет, во договор со народот кој е подготвен да го слуша. Нему му е неопходно само едно – верност. Верноста како готовност точно да се пази она што било предадено на Синај. Верност како готовност да се опстојува за својата вера до самата смрт. Верност како решеност да се зачува чист гласот на Божественото Откровение среде паганското дрдорење и мистичкото празнословие на жреците и гатачите.

Сепак, првата заповед не се ограничува само на сведоштво на Бога за Себе Самиот. «Возљуби го Господ твојот Бог со сето твое срце, и со сета твоја душа, и со сите твои мисли » — тоа е смислата на најглавната заповед, најглавноиот договор меѓу човекот и Бог. Но, за што? Зарем на Бога му треба човечката љубов? Зарем тој – не е Сесовершениот и Седоволниот и без човекот?

Човекот секогаш не го бара Бога. Но, тоа не значи, дека Бог го заборава таквиот човек. Бог, каков што ни го покажува Откровението на Стариот и Новиот Завет – никако не е безразличен; уште повеќе, тој љуби со ревност. Тој го бара човекот во секој миг од неговиот живот, чука на човечките срца; и со радост, и со тага, некогаш остро, некогаш и со болка за оној што се обидува да го забарикадира своето срце и да си ги затне ушите, за да не го слуша Бога. Човечкото срце е создадено за живот во постојано општење со Бога; само тој може да биде храната што вистински ја храни душата, а не како храна што само го задоволува гладот.

«Се досадува душата без Господа, копнее мојата душа по Господа» — говорел преподобниот Силуан Атонски, откако еднаш го видел светлиот лик на Христос Спасителот. «Зошто се досдуваат некои? — прашува преподобен Теофан Затворник. — «Ззаради тоа што не наишле на предмет, кој би ги зафатил од сите страни и ги би ги наситил потполно. Таков е само Бог и судбините на неговата правда. Оддајте му го нему својот труд, време и внимание и никогаш нема да ви биде досадно; напротив, ќе бидете како во рај, затоа што со радоста на богомислието и славословието ништо не може да се спореди.»

«Со Бога би било и во адот рај, без Бога и на небото би било мачење», — говорел преподобниот Тихон Задонски — «Него барај го секаде, Него Кој е секаде и откако ќе оставиш сè, него Едниот барај Го, и — сигурно ќе го најдеш».

Втората заповед

Во филмот « Отфрлен//Cast Away » постои дел во кој многу прецизно се покажува психолошкиот механизам на настанувањето на идолот. Кога херојот на филмот ќе се најде во потполна изолација на ненаселен остров и сфаќа дека таму — е апсолутно сам, а шансите да се спаси се еднакви на нула, него сè посилно го опфаќа очајание. Очајание, блиско до безумие. Нема излез. Нема со кого збор да прозбори. Сам е и смртта многу бргу ќе му се придружи! Разбеснет од очајни обиди барем оган да запали, со крвави раце удира во гневот по… одбојкарска топка — и ете… Крвавиот отпечаток од раката му заличува на некакво лице, црта со неколку потези на прстите — и…, другиот конечно се појави! Кон него се пренесоа оние сили кои во бездната на очајанието се растураа на сите страни.

А зошто, втората заповед на Синајского законодавство толку строго го забранува идолопоклонството и вопшто какво било поклонување пред било кого, освен пред Вистинскиот Бог? Што лошо имало во тоа, што луѓето добивале каква-таква поддршка за својата вера во киповите? За жал, ние древниот човек често го гледаме небаре е наш современик, само што наместо пред идоли, одиме во музеи и театри, а потребата останува иста: да се исполни душевната празнина. Не, паганскиот свет бил многи повеќе прагматичен: денес никому не му паѓа на памет да принесува жртва на уметнички дела, но во светот во кој царувало идолопоклонството, токму тоа и било централното свештенодејство. Со ретки исклучоци паганинот малку го интересирале естетските својства на кипот: за него било многу поважно, тој да има во себе сила — да, да, самата онаа сила, од која зависела човечката судбина.

«Идолот во светот — е ништо». Со овие зборови апостол Павле ги убедувал христијаните да бидат слободни од тој животен страв, во кој живееле паганите пред непознатите и моќни сили, пред кои ги убивале дури и своите деца, само за да ги смират. Бог кој се открива себеси во Стариот и во Новиот завет — е «Познат Бог». Додека паганите матно чувствувале дека зад нивните кипови се крие некоја страшна сила, луѓето на Откровението знаеле точно дека таа сила биле: демоните. Секако, во споредба со библиските Завети, идолопоклонството било многу поудобно: таму немало никакви заповеди, никакви ограничувања за гревољубивата душа: само принеси му жртва на идолот, сведочејќи за својата врска со него и прави што сакаш!

Идолопоклонството затоа и така категорично се одрекува во Светото Писмо, бидејќи неизбежно води во Богоборство, угодувајќи им на човечките похоти. Пред доаѓањето на Христа во тело, секој обид со човечки раце да се претстави неопишливото бил осуден на обоготворување на гревот. Токму затоа во Стариот Завет било категорично забрането да се слика Божественото, за да не се му даде повод на умот да се спрепне и повтрно да се лизне во паганскиот демонизам и разузданост.

«Не прави идол »… Денес нема многу идолопоклоници, а сепак во луѓето живее нешто што им пречи да дојдат до Бога. Да, тоа се тие; нашите современи идоли. Тие не се примитивни како паганските идоли; не, сегашните богови се естетски, често се производ на врвни дизајнери. Нашите предмети — тоа се тие идоли, кои тивко не поробуваат и ја исполнуваат душата со ѓубре. Како само светкаат очите, кога ќе се добие некоја технички новитет — всушност, исто ѓубре во ново пакување? Зарем во нашето општество телевизијата не ја игра истата улога како идолот, или етикетата на облеката, или брендот на произведувачот, истата функција, која во древноста ја имал идолот? Зарем нас нè учат да им веруваме? Да мислиме дека тие искрено се грижат за нашите потреби, а не само за празнење на туѓиот џеб?

Паганите биле исплашени кога првите христијани им ги уривале идолите, за да ги уверат во нивната лажливост. Затоа што, додека во душата постои и најмала надеж на идолот — таа не ќе го побара Бога. // Религиозная энциклопедия. История Православной Церкви

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s