Божјите заповеди: III

На прв поглед кон десетте заповеди, свртува внимание нивната нееднородност. Зошто, на пример, заповедта за неизговарањето на Божјото име стои заедно со такви заповеди, како; не убивај, не кради, не прељубодејствувај?

Кога светот уште бил сосема млад, додека уште не го познал отровот на гревот, тогаш односот кон името многу се разликувал од сегашниот. Бог приведува кај Адам различни животни, за првосоздадениот човек да им даде имиња. Именувањето пак, значи да ја открие суштината на созданието и да ја воплоти во еден збор; да именуваш — значи, да познаеш.

Во однос пак, на човекот, името значело многу повеќе. Целата древна култура, и старозаветната, сведочела за верата во длабоката врска на човековото име со неговата душа. Постои некава врска меѓу имињата кои првпат ги сретнавме во вид на глинени таблички, поставени при погребување во Месопотамија и имињата, кои денес се пишуваат во молитвословите. Сè поминува: коските се распаѓаат, гробовите исчезнуваат — но, останува името. И тоа име не е само за љубените скапоцено, тоа навистина е свето.

Оној што го знаел името на другиот, имал достап кон најскриеното во човекот. Токму затоа во некои култури постоела традиција да се чува името во тајност и да се заменува со друго, описно име. Било многу распространето верувањето; додека другиот не го знае твоето вистинско име, тој ќе нема власт над твојата душа.

Исто така, при длабока промена во животот, на човек му било давано ново име. Така, Аврам по средбата со Божествените гости станува Авраам (Бит. 17:5), Јаков го добива името — Израил (Бит. 32:28), а Савел по обраќањето се нарекува Павел (Дела. 13:9). Таа традиција се одржала до денес: ново име се дава при крштевањето, ново име добива новопострижениот монах како сведоштво дека станал обновен човек со примањето на монаштвото.

Во Старозаветното разбирање името не е толку збир од звуци или букви за разликување на еден човек од друг, колку што е врска со самиот човек: да се искаже нечие име — значи, тој да се повика.

Но ако е вистинито сè што рековме, тоа кон Бога е применливо во неспоредливо повисок степен. Силата и славата на Бога се разоткриваат и дејствуваат преку неговото Име. Токму затоа не ги кажале своите имиња ни таинствениот кој се борел со со Јаков крај потокот Јавок (Бит. 32:29), ни ангелот кој на Маној му одговрил: „Зошто прашуваш за моето име, тоа е чудесно” (Суд. 13:18).

На гората Хорив, кога Мојсеј ја видел запалената грмушка што горела но останувала несогорена, Бог му го открил Своето име: «И повика кон него Бог од среде грмушката и рече: Мојсеј! Мојсеј! Не пристапувај ваму; соблечи ги твоите обувки од нозете, зашто местото на кое стоиш е света земја. Ги видов страдањата на својот народ… Затоа, оди, јас те испраќам кај фараонот; и изведи го од Египет Мојот народ, синовите Израилеви <…> И му рече Мојсеј на Бога: ете, јас же отидам кај синовите Израилеви и ќе им речам: «Бог на вашите татковци ме испрати кај вас». А тие ќе ми речат: «како е неговото име?» Што да им кажам? Бог му рече на Мојсеј: Јас сум Оној Кој Е. И рече: така кажи им на синовите Израилеви: Оној Кој Е ме испрати кај вас » (Излез. 3:14).

Тоа име буквално значи “Јас сум Кој Е”. Со други зборови; «Јас — сум оној за кого може само да се каже дека тој — Е.» На човечки јазик нема збор, кој би бил «име» на Бога во буквалната смисла, име кое потполно би ја разоткривало суштината на неговиот носител. Името кое Бог го открил било запишувано во вид на четири согласки. Но, бидејќи во староеврејскиот јазик се запишуваат само согласките, а самогласките се изговараат при читањето, затоа и имало повеќе варијанти на изговор на името. Единствено верното прочитување се чувало како светиња и се предавало во усната традиција на првосвештениците. Од стравопочит кон тоа име, Јудеите престанале да го изговараат од времето на завршувањето на Вавилонското ропство, а било изговарано само еднаш во годината, од устата на првосвештеникот, кога тој влегувал во Светињата на светите. Во Новиот Завет, Божјото име во полнота го открил Самото Воплотено Божјо Слово — Исус Христос: «Јас им го открив Твоето Име на луѓето кои Ти ми ги даде од светот; тие беа Твои, и Ти ми ги даде Мене, и тие го зачуваа Твоето слово. Отче Свет! Зачувај ги во Твоето име, оние кои Ти Ми ги даде, за тие да бидат едно, како и Ние. И славата што Ти ми ја даде, Јас им ја дадов: да бидат едно, како Ние што сме едно. Отче Праведен! И светот Тебе не те позна; а Јас Те познав, и тие познаа дека Ти ме испрати; и Јас им го открив Твоето име и ќе им откријам, за љубовта, со која Ти ме возљуби да биде во нив, и Јас во нив».

Бидејќи Божјото име сведочи за неговото присуство, третата заповед учи за благочестивиот однос кон него: «Не изговарај го името на Господ, твојот Бог, напразно, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној што го кажува неговото име напразно». Но, што значи името да се изговара напразно — т.е. Бог да се повикува напразно?

Божјото име има огромна сила. За тоа сведочи Евангелието, кога со името на Исус Христос се изгонуваат демони, се исцелуваат неизлечливо болни, воскреснуваат мртви. Сепак, кога светото Име кое е исполнето со сила се претвора во празен збор или се кажува без никаква мисла за Оној што се повикува — тоа станува разурнувачко. Затоа, неуместното изговарање на Божественото име или хулење кон него, во Стариот Завет се казнувало како најстрашен престап, заедно со убиството и прељубодејството: оној што се дрзнувал напразно да го изговара Божјото име, бил убиван со камења.

Но, зарем денес ние не се погребуваме живи самите себе под купот празни и бесцелни зборови, среде кои светите имиња веќе не се разликуваат од празните флоскули? Дали во тоа не се притаил коренот на недејственоста на нашите молитви кон Небото: може ли да бидеме чуени, кога ние самите не се слушаме? // Религиозная энциклопедия. История Православной Церкви

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s