Божјите заповеди:IV

Се чини дека нема почудна заповед од четвртата. Зошто Бог строго да ги казнува луѓето ако не го запазуваат… денот за одмор? Каква религиозна смисла има одморот, кој е природна потреба на сè живо? Или, можеби, тоа е само приспособување на Заповедите кон реалноста на човечкиот живот — и само тоа?

…Настапува Шаббат. За кој било Евреин тоj збор е свет. Во тој ден, во Шаббат Творецот одморил од своите дела. Шаббат значи — «мирување». Уште од Петокот вечерта е послана празничната маса; сè што е неопходно за празнувањето е приготовено порано. Шаббат — не е просто ден за мирување или безделничење, како што тоа може да изгледа од страна; не, тоа е ден кога во домот Бог е — полноправен домаќин. Од гледна точка на јудеизмот, благодарение токму на запазувањето на Саботата еврејскиот народ можел да ја зачува својата самобитност.

За современиот човек еврејската церемонија која е поврзана со шаббатот, изгледа забавна; да не се пали оган, да не се вари храна, ништо да не се пренесува, никаде да не се оди, да не вклучува електроника, да не се користи телефон, телевизор, компјутер… и тоа не е потполниот список — сите тие забрани на јудеизмот во однос на Саботата изгледаат во најмала мерка — чудни.

По Вавилонското ропство јудејските законоучители многу строго ги определиле сите граници на она што е дозволено во тој ден: и зарем Евреите не беа повторно поробени оти ја пренебрегнувале саботата? Секако, во тој страв имало повеќе човечко, отколку Божествено: и кога Христос намерно творел чудеса во Сабота, исцелувал долгогодишни страдалници — тоа се правело само за да се покаже вистинската смисла на заповедта за почитување на Саботата; за да ѝ се врати неминливата вредност на заповедта која се нашла длабоко затрупана под ситниците на саботната церемонија. «Саботата е за човекот, а не човекот за саботата» (Мк. 2:27), — така Господ го укажувал местото на надворешниот обред на денот за мирување.

Четвртата заповед ги сведува должностите на човекот во однос кон Бога: «Помни го саботниот ден, да го празнуваш. Шест денови работи и твори ги сите твои дела; а седмиот ден — Саботата е на Господ твојот Бог: не работи во тој ден никаква работа ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојата стока, ни гостинот кој е во твоите живеалишта. Зашто во шест денови ги создал Господ небото и земјата, морето и сè што е во нив; а во седмиот ден — одморил. Затоа го благословил Господ саботниот ден и го осветил».

Как што јасно следува од самата заповед, овде на човек му се дава определен принцип на однесување кон самиот живот. Човек не може да не работи — оти така ќе умре од глад. Не може ниту да не одмора — инаку ќе се премори и ќе падне. Но четвртата заповед установува определен ритам на животот, кој се исполнува со особена, свештена смисла. Овде срцевина станува она време, кога изгонетиот Адам како да се враќа во рајската градина, каде што немало потреба од заморна работа, каде целиот свет му се радувал на човекот и му бил послушен. Да, тоа било дадено како подарок, но не е сосема одземено и денес. Шест денови трудење — но, заради тоа, да се вратиме во Едем. Шест денови труд — како сведоштво за готовноста да се исполни заповеданото од Бога, за да се исправи фаталната грешка. И секој пат седмиот ден — е испит или сведоштво за правилноста на патот. Кога се прекинува работата, празникот ги отвора своите врати и човечкото, секојдневното запира — за да му се даде место на Бога.

Но, со Христовото Воскресение во животот на човештвото се појавува нова линија, нова точка за пресметување. И ако во прво време Саботата ја запазувале христијаните од јудејско потекло, веќе во почетокот на II век, акцентот од саботниот ден постепено преминува на следниот ден — на воскресниот т.е неделниот ден. Па токму во тој ден, „првиот по саботата,” христијаните се собирале за молитви и причестување. При обраќањето на паганите во христијанството, апостолите не барале од нив да ја пазат Саботата, туку ги собирале на молитва токму во воскресниот, во неделниот ден. Постепено Неделата почнала да се обележува насекаде, а рамноапостолниот император Константин Велики го озаконил тој ден како државен празник.

А како денес христијаните го чествуваат саботниот ден? Пред сè, со воскресната/неделната молитва во храмот (т.е со богослужбата во Саботата вечерта која е посветена на Воскресението), кога се одложуваат сите животни грижи, и главна задача станува достојното подготвување за средба со Христа во Таинството на Светата Евхаристија. Но со тоа не се ограничува светоста на неделниот ден: токму во тој ден, откако ќе поставиме граница на бескрајните грижи, ние можеме да ги спомнеме оние што ја чекаат нашата помош или нашиот добар збор. Извлекувајќи се од животниот вртлог, ние конечно можеме да се почувствуваме слободни за творење добри дела и да им посветиме на нашите блиски љубов и внимание, за кои во работните денови немаме ни време, ни сила. // Религиозная энциклопедия. История Православной Церкви

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s