Божјите заповеди: VI и VII

Зарем не било наивно на еврејскиот народ да му се вели: «не убивај?» – на народот кој требало со оружје в раце да ја освои ветената земја? За да се оцени улогата која ја одиграле во светската историја овие два збора; «не убивај» — мора да се разгледаат во контекст на целото Откровение на Стариот и Новиот Завет.

Токму законодавството што Бог го дал преку Мојсеј, произвело одлучувачки пресврт во светогледот на еден од многуте номадски народи; имено, благодарение на тие промени еврејскиот народ станал исклучителен во споредба со другите.

А што револуционерно имало во тие два обични збора — «не убивај»? Ако се види што следувало по нив, согласно старозаветниот закон, нивната привидна наивност испарува. «Не убивај» — тоа е врвот; но кон неа водат многу уредби, кои до ситници ги регламентирале односите меѓу луѓето — односите кои за прв пат станале правни односи.

Да, денес многу од законите на Стариот Закон изгледаат сурови. За намерно убиство на кого било се казнува со — смрт. За сопружничко изневерување — смрт. За удирање на татко или мајка — смрт. За ненамерно убиство следувало прогонство. Причинетата штета морало да биде компензирана: „око за око” никако не е литературна алегорија, туку раководство кон задолжително дејство: «Прелом за прелом, око за око, заб за заб; како што тој нанел повреда на тело на човек, така и нему мора да му биде направено» (Левит. 24, 19-20). Како поинаку можело да им се објасни на закоравени срца, дека љубовта кон ближниот започнува од осознавањето на вредноста на својот сопствен живот? И ако ако не сакаш срамно да загинеш самиот или да бидеш осакатен, не кревај рака против другиот! Да, Мојсеовиот закон бил категоричен: било какво зло што си направил, задолжително ќе ти биде вратено. Само стравот од неизбежната казна соодветна на престапот и може да ја запре навикнатата суровост и злоба, да пробие отвор во ѕидот на човечкиот егоизам. «Ако нечестивиот биде помилуван, нема да се научи на правда — ќе злодејствува во земјата на правите и не ќе го гледа величието на Господа» — така се говори во книгата Излез (гл. 26, ст. 10).

Не е чудно што за време на египетското ропство израилскиот народ речиси ги изгубил оние основи на етичноста кои биле својствени за неговите прататковци. Само категоричноста на законот била единствен критериум за разликување на доброто и злото, кога во свеста одамна се помешале заветите на прататковците и паганската разузданост. Само пред мерилото на законот биле рамни сиромашниот и царот, робот и господарот. Но сепак, главната задача на законот не била во казнувањето: суорвите рамки на законот биле само ограда на патот што минувал по работ на бездната, на патот што водел кон совршенство.

«Вие знаете дека на вашите предци им било кажано: «Не убивај!» Оној пак, што ќе изврши убиство, мора да одговара за тоа пред судот. А Јас ви велам: дури и оној што се гневи против братот, мора да одговара за тоа пред судот; ооној што ќе му рече на братот: «будала!» — мора да одговара пред Советот; оној што ќе рече: «отстапник» — мора да одговара во оганот на геената» (Мт. 5, 21-22). Во овие Христови зборови пред нас се претставува исконската перспектива на законот што му бил даден на Мојсеј.

Крајна цел на Мојсеовиот закон не било само да се обезбеди каков-таков соживот, туку совршенството, безграничното совршенството на љубовта кон Бога и ближниот, при кое не можело ни збор да стане за какво било нарушување на заповедите: зарем може да се крене рака против оној кого го љубиш како самиот себе?

Заповедта «Не убивај» го поставила пред гревољубивото човештво најсериозниот проблем: човечкиот живот. Тој е вредноста што не се споредува со никакви богатства, па ни со целиот свет. Вредноста на секој човек е толку голема, не само затоа што неговата безсмртна душа го надживува овој пропадлив и минлив свет. Единствената цена на човечкиот живот — е смртта на Самиот Бог, Христовата смрт, со која и бил откупен секој човек од прегратките на адот и смртта. Затоа и секој миг од човечкиот живот му припаѓа на Бога. Токму затоа така решително и неколебливо стои Црквата против абортустите, самоубиствата и евтаназијата, гледајќи во тоа не само нагло престапување на заповедта «не убивај», туку полошо — ѕверски суров обид; да се изгради свој кратковечен комфорт врз пролеана човечка крв.

Ако шестата заповед на Синајското законодатавство го утврдила бескрајно високото достоинство на човечкиот живот, следната; седмата, не само што ја установила височината на сопружничките односи, туку и отворила друга, дотогаш непозната перспектива, би се рекло — за вообичаена човечка работа — за бракот.

Навистина, зошто заповед за верност и целомудрие — а токму за тоа се работи во седмата заповед — станува толку принципиелно важна, што за нејзиното нарушување според старозаветниот закон следувало каменување до смрт? Ако содржината на бракот се ограничувала со добивање на потомство, побезсмислена заповед тешко би можело да се измисли. Сепак, во Новиот Завет се рзоткрива изворната длабочина на оваа заповед: «Вие знаете, дека било кажано: «Не нарушувај ја сопружничката верност!» А Јас ви говорам: дури ооној што погледнал жена со похот — згрешил, со мислите ја нарушил верноста. Ако твоето десно око те воведува во грев, извади го и фрли го! — за тебе ќе биде подобро, ако дел од твоето тело загине, а да не биде целото твое тело фрлено во геената… Бидете совршени, како што е совршен вашиот Небесен Отец!» (Мт. 5:27-48) Се покажува дека односите меѓу сопружниците е своевиден тест-полигон, на кој се отсликува не нешто друго, освен верноста кон Бога и готовност да се љуби ближниот така, како што Бог го љуби дури и човекот што Бога го проколнува! Токму во сопругот/сопругата — «второто јас» — се крие загатката на мојата личност: ќе можам ли да го примам во себе другиот, воопшто туѓ човек каков што е, целосно, со сите слабости и проблеми — и да му останам верен до смрт — или задоволувајќи ги своите интереси, ќе го отфрлам и ќе го замразам?

Седмата заповед учи сопружништвото да се гледа не како «неминлив празник на младоста и убавната», туку како подвиг, како подвижување кон отворената вечност на длабочината на срцата што се љубат. Токму затоа прељубодејството, а и сета телесна нечистота — не е само грев против ближниот, туку и особено против Бога. Со предавството на бракот човек се откажува од осветувањето и на себе, и на ближниот; тој се определува и себеси и другиот само како «тело и крв».

Облекувајќи се во срам, тој го предизвикува Небото: «Ти мислише дека ние сме — храмови на Твојот Дух? Не, нам ни е поблиску скотството во кое сме неуморни!»

А, Божествениот одговор на овој дрзок предизвик може да се види недалеку од себе; крвави планини од неродени, толпи разведени, смртна тага во очите незаситни од похот… // Религиозная энциклопедия. История Православной Церкви

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s