Божјите заповеди: IX

Секој знае дека не треба да се лаже. Никогаш и во ништо. Во никакви околности. Дури и кога знаеш, дека твојата вистина ќе биде причина за несреќа на другиот? Дури и ако ближниот, откако ја слушне твојата вистина, изгуби волја за живот? И не смее да се премолчува вистината, дури ако таа никого не интересира и ако од тебе се бранат како од септемвриска мува?

Но, само момент… Ваквата вистина станува — злобна. Можеби, секако, некому токму таква вистина му е при срце. Но, таква, злобна вистина, не била Христовата Вистина. Нешто друго тој извикал од крстот, кога го приковувале со клинови: «Прости им…» Неговата вистина не била злобна ни тогаш, кога со бич ги изгонил трговците од храмот. Само огорченост од човечката ситничавост и закоравена бесчувствителност. Тој говорел во приказни и алегории, наместо непосредно да ја каже целата вистина за Себе пред народот: «Еве, Јас сум – Месијата, Јас сум – Царот на Израил!»

Очигледно дека Христовата вистина била особена Вистина, поинаква од онаа на луѓето. Таа Вистина немала потреба за себе да вика на сите свиоци и крстопати; таа станувала очигледна за оној што го следел – а, душевен немир за оној кому таков Месија не му бил потребен. Човечката вистинаа барала да биде каменуван оној што згрешил против неа – а неговата, Христовата вистина, не можела да не прости. Зарем конечно човечката вистина не ја прикова Божјата Вистина на Голгота?

Христос, како Нов Адам, во совршенство го исполнил она што не го извршил првиот Адам, како и заповедите кои биле напишани со Божествениот прст на мојсеовите плочи и воопшто целиот старозаветен закон, со кој низ вековите се воспитувал еврејскиот народ. Но, патот по кој Христос ја исполнува заповедта «не лажи!» оди многу подалеку од нашата, вообичаено-битова претстава за уредност и чесност.

Секој може да рече дека, наоколу сите лажат. Политичарите – лажат, рекламите – јасна лага, море и децата почнале да лажат… Да, ние навистина се пазиме од туѓата лага, но затоа во својата – одамна сме навикнале. Сме сраснале со сопствената лага, па дури и уживаме во неа. Толку сме се зближиле со неа, што не ја забележуваме. Обиди се да ја откинеш од себе – и веднаш боли, нешто ни недостасува, нешто сродно и свикнато. Така и живееме; гадливо одвраќајќи се од надворешните лаги и умилно негувајќи ја сопствената – лага со мисла, лага со збор, лага со целиот живот. Само ако се копне во нашата вистина малку подлабоко – и ете ја истата лага, само не јавна, туку прикириена.

Христос при спроведувањето на вистината никако не се грижел за надворешната «уредност» или «приличност». Да, за него било исто да исцели во Петок или во Вторник, но тој специјално го нарушува саботниот спокој. Колку само болело да се види, како Божествената Вистина на Законот се врзувала со привидна праведност, а всушност– човечка лажливост! Не се лечи човечката лажливост ни со стап, ни со закони, ни со воспитување… бидејќи, таткото на лагата – ѓаволот – одлично ги познава сите методи на воспитување, па и одличен правник е тој. И таму, каде што се чувствува неговиот здив – Божјата вистина не ја барај. Ќе најдеш само човечки вистини, толку различни и противречни, скоро-вистини, каде што «речиси-вистините» се смешани со «не-сосема-вистини», но сите горделиво себе се нарекуваат со звучни имиња. А, кој ќе се згнаси од таа фина паужина на човечката лага, кој не ќе се уплаши да ја раскине таа леплива, сепроголтувачка чаура? – Исус Христос го направил тоа. Само во Него нема никаква лага. Постои единствената победа над сета лага на животот, колку и да е ситна или грандиозна. Таа победа се: неговата смрт на крстот и неговото славно, тридневно Воскресение. // Религиозная энциклопедия. История Православной Церкви

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s