Божјите заповеди: VIII

Што значи заповедта «не кради» за човештвото денес?

Има ли воопшто резон да се говори за оваа заповед во општество, во кое одамна се краде на секое социјално ниво?

Ако се направи своевидна јерархија на најнепопуларни заповеди, може да се претпостави дека второто место, по заповедта «не прељубодејствувај», ќе го заземе токму оваа што го забранува крадењето. Но, зошто Бог толку упорно, толку неотстапно се испречува на патот на кој човештвото навикнало, повторно го попречува брзото збогатување на незаконски начин?

Значи, во таа заповед станува збор, всушност, не толку за материјалната благосостојба, колку за нешто многу поважно, дури фундаментално, имено – за разбирањето на сопственоста.

Но, зарем греши псалмопеачот, кога вели: «Господова е земјата, и сè што ја исполнува»? Зарем во книгата Дела апостолски не пишува дека, во првите христијански заедници никој ништо од својот имот не нарекувал «свое», туку сè им било заедничко? Зарем Самиот Христос не му рече на богатото момче: «Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го твојот имот и раздај на сиромашни и ќе имаш ризница на небесата» — заради кои зборови момчето се растажило? Може ли по тие неспорни и еднозначни факти воопшто да се започне разговор за сопственост?

Сепак, останува отворено прашањето, зошто Бог толку внимателно се однесува кон сферата на материјалното битие на човекот. Дооволно е да се спомнат шокантните евангелски зборови за Страшниот Суд: «Бегајте од Мене, проклети! Бидејќи, бев гладен – и вие не ме нахранивте, бев жеден– и вие не ме напоивте. Бев странец – и вие не ме примивте, гол – и вие не ме облековте, болен бев и во затвор – и вие не се погриживте за мене»! Излегува, дека за Бога таа често пренебрегнувана – наводно од високи побуди – област на материјалното, се покажува како принципиелно важна, како токму во неа да се состои клучот за спасението или пропаста на човекот?

Може да се погледне од различни аспекти она што го окружува човекот во неговиот живот – дом, облека, различни предмети, пари, но не само тоа, туку и односите меѓу луѓето, навиките, обичаите, па и самото време во чии рамки полека-полека изминуваат часовите на човечкото постоење. Ако се погледне од една страна, може да се рече дека сето тоа – е пропадливо и минливо, па и суштински – не е наше: сепак, на оној свет не ќе понесеме ни пара, ни милион. Тогаш и нема разлика колку пари имаш во џебот, какво јадење е на масата, патуваш ли со кола или одиш пешки, живееш ли во колиба или во палата. Сето тоа ќе помине на ист начин, а погребниот сандук – дрвен или залтен – ќе стави еднаков печат. И ваквиот пристап, мора да се признае, има своја вистина.

Но, може да се погледне и поинаку; зарем сето она што ме окружува не е продолжение на мене самиот, своевидно проширување на моето тело, на мојот живот? Ако не се тие средства, тие инструменти во мои раце, што би можел да направам? Да, сето тоа не е вечно, па и подарокот што е подарен не останува вечно! Меѓу незапишаните изреки на Христос е и аграфот со ваков повик: «Бидете опитни менувачи!» Зарем не е чудно да се слушне ваков повик од устата на Оној што заповедал сè да се продаде и да се раздаде на сиромашни? Но овде станува збор за најголемата вештина – за уметноста да се менува временото и минливото за вечното и бесценото!

По гревопадот, кога човекот се нашол во непријателскиот свет, Бог Самиот ги облекол прародителите во кожени облеки. Колку е трогателен тој библиски дел, кога Бог како вистински Татко се грижи за човекот кој него го отфрлил. Кожените облеки, без кои човекот сега не може да преживее, според разбирањето на светите отци – се целата материјална околина, со која човекот се окружува себеси од дамнешни времиња. Најголемиот Педагог, Господ, им го дал светот на Своите деца како можност да се пројават себеси во него: или како грабливци и крадци, или како мудри и трудољубиви домоуправители. Бидејќи е добиен од Божествените раце, овој свет сега е навистина сопственост на човекот – иако, привремено и за испитување. Ако човекот биде верен во малку – во минливото, во материјалното – тогаш нему ќе може да му бидат доверени и вечните населби – но, само ако го положи испитот во овој живот. Не е за чудење, зошто во манастирите од древност постои закон: кој било грев, дури и најтежок грев, може да му биде простен на братот, но само крадењето – не се простува: оној што решил да украде туѓо, веднаш се изгонува од манастирското братство.

Ако се погледне првата фатална постапка во човечката историја – гревопадот на прародителите, ќе се забележи дека основниот мотив била токму… кражбата, желбата да се украдат божествените достоинства, по измамнички пат да се «стане како Бог». Ете до каде оди таа линија на корумпираното човештво!

За Бога материјалната положба на човекот, каква и да е, е многу важна: тоа е неговата средина, тоа е неговиот «инструментариум за спасението», без кого човек тешко ќе напредува во најглавното дело – во спасението на душата. Значи, за оној што краде туѓа сопственост, не може да се каже дека просто «ослободува од вишок», туку со својата дрска рака отстранува нечија потпора од Бога дадена, на која се гради градбата на спасението. Токму затоа е толку категорична осмата заповед, која не се ограничува само на социјалните последици од крадењето, туку отвора нова перспектива за односот кон своите и кон туѓите материјални добра: «Кој крадел, веќе да не краде, туку подобро да се труди, работејќи со свои раце полезно, за да има од што да им даде на оние што немаат» (Еф. 4:28). // Религиозная энциклопедия. История Православной Церкви

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s