Бог умре и воскресна!

…Во XIX век човештвото слушна од устата на трагичниот философ, дека «Бог умре! Ние го убивме. Сите ние сме негови убијци. Бог ќе остане мртов! Што друго се тие цркви, ако не гробови и надгробја на Бога?»; и неколку децении подоцна од друг философ: «Бог умре! Господа, јас ви ја објавувам смртта на Бога!».

Овие изјави од философите-атеисти го потресле сознанието на луѓето. Збунетост се зацарила не само во средината на уметниците, туку и во богословските кругови, воглавно на Запад, во кои почнале дури да говорат за «теологија на смртта на Бога».

Секако, Црквата никогаш не се сомневала во тоа, дека Бог умрел. Тоа се случило во 33-та година на гората Голгота во Ерусалим, во време на Понтиј Пилат – римски управител на Јудеја. Откако претрпел големи страдања, Бог бил распнат како престапник и околу 9-иот час во Петок, откако рекол: «Се изврши!», го предал духот! Тоа е неспорна историска реалност.

Еднородниот Син и Божјо Слово, Исус Христос, вистинскиот Бог, умре «за сите» луѓе (2.Кор. 5:14)! Со примањето на сè што е наше: телото, душата, волјата, енергијата, тегобноста, мачнината, болката, тагата, копнежот, радоста… – сè, освен гревот, Тој конечно го прмил и нашиот најголем проблем – смртта. Притоа, Тој ја примил најмачната и понижувачка форма на смрт, т.е. смрт на крст.

Ние дури ќе се согласиме со философите, дека црквите, храмовите се – «гробови», «надгробја» на Бога! Но, ние знаеме, го доживуваме и Му се поклонуваме на Бог кој умре, како на «мртов Животоначелник»! Малку време по Страдалниот Петок, утредента, во уште неразденетиот «прв по саботата», во Неделата се случило тоа, заради што и се оствари преку воплотувањето и страдањата и крстот, и слегувањето во адот Божјото домостроителство – Воскресението! А Воскресението, исто така е неспорна историска реалност. И таа реалност има непосредни и спасителни последици за сите нас. Воскресна Божјиот Син! Воскресна Бог со сите својства на Својата човечност: со телото, кое Тој го примил од пречистото тело на Пресвета Богородица, и со Својата света душа. Тој воскресна од мртвите и «серодниот Адам го воскресна како Човекољубец»! Гробот на Исус, «новиот гроб» на Јосиф, останува празен засекогаш! Наместо споменик за мртовец, тој стана споменик на победата над смртта, извор на живот! Изгреа Сонцето на правдата, дарувајќи ни безвечерна светлина, мир, радост, ликување и вечен живот!…

Од Пасхалното Послание на Константинополскиот Патријарх Вартоломеј

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s