Опасно е…

Новинарското претендирање на атрактивност во насловите и текстовите е нешто сосема вообичаено од комерцијално-маркетиншки аспект. Во тој тренд е и насловот во денешниот Дневник: „Опасно е Дарвин и Господ да се во иста училница.” Во спротивно, овој наслов со сериозни импликации е заклучок кој потпишаните го формулирале по опсежни научни и теолошки проучувања. Содржината на текстот не влева оптимизам во тој правец.

„Верата да се одвои од науката, препорача лани Советот на Европа, кој притоа укажа на опасностите од навлегувањето на креационизмот во образованието, учење според кое Бог ја создал човечката душа при создавањето на телото.”

Се покажа дека во нашата држава Веронауката од државните школи лесно може да се одвои со судско решение. Но, сосема неумесно и бесмислено е да се бара одвојување на „верата од науката.” Имено, одвојувањето на верата од науката не е можно, затоа што тоа се категории од различни нивоа. Верата е еден сеопфатен поглед и начин на живот. Науката е систематизирање на знаења добиени со експериментални методи. Треба ли по стоти пат да се наведуваат имиња на големи научници кои верувале во Бога и да се укажува дека верата не е пречка за научни истражувања кои не се во спротивност со човечноста?

Бидејќи авторите на наведениот текст даваат сосема површно и недоречено објаснување за креационизмот „како учење според кое Бог ја создал човечката душа при создавањето на телото”, прво да видиме малку поопширна дефиниција за оваа „злогласна” теорија: „Креационизам (од лат. creare = да се создава) — е концепција во чии рамки основните форми на органскиот свет (животот), човештвото, планетата Земја и космосот вопшто се гледаат како создадени од Творец или Бог.”

Во денешно време креационизмот претставува широк спектар на концепции — од сосема богословски и философски, до такви кои претендираат на научност. За „ненаучност” креационизмот, всушност се обвинува, не затоа што тој не располага со објективна, научна критика на еволуционизмот, туку затоа што тој наведува и изведува заклучок дека Бог е Творец на животот и светот. Но, дали ако нешто е ненаучно според современата (и ненужно, но вообичаено – атеистичка) парадигма – истовремено е и лага?

Приврзаниците на креационизмот ја критикуваат хипотезата за случајниот настанок на животот која ја пропагира биологијата. Тие тврдат дека биологијата до денес не може експериментално да го докаже и објасни потеклото на животот и разумот.

Одличен документарец за судирот на аргументите на креационизмот и на еволуционизмот е „Икони на еволуцијата” (Icon of Evolution), а филм во кој се разработува „теоријата на интелигентниот дизајн” е Отклучување на тајната на животот (Unlocking the Mystery of Life), на кој му подготвив македонски титлови.

Во кампањата за одвојување на верата од науката, овој пат како врвен секуларистички авторитет се промовира Советот на Европа, кој притоа „укажа на опасностите од навлегувањето на креационизмот во образованието.” Но, убеден сум, дека многу поопасно е постулирањето на непожелноста на креационизмот кое се врши врз основа на негирање на било каква можност; Бог да биде Творец на светот. Во Резолуцијата многу симптоматичен изгледа ставот дека: „Еволуцијата не  е просто прашање на еволуцијата на човекот и популациите. Отфрлањето на еволуцијата може да има сериозни последици по развојот на нашето општество.” (Еvolution is not simply a matter of the evolution of humans and of populations. Denying it could have serious consequences for the development of our societies.) Кога една биолошка теорија се брани со евентуални социјални консеквенци што би произлегле од нејзиното „исповедање”, јасно е дека не станува збор за прашањето на нејзината научност/ненаучност, туку за нејзината идеолошка подобност, употребливост, функционалност…

Главната „заслуга” на Дарвин не е во тоа, што тој утврдил некои природни процеси на еволуција (за учествување на природата во создавањето говори и Библијата), туку тоа што за движечки сили на еволуцијата, Дарвин ги прогласил случајноста и борбата за опстанок. Затоа, дарвинизмот со својата теза за опстанокот и правото на посилниот, на подобро адаптираниот, веќе еднаш послужи како цврста основа за развој на нацизмот и фашизмот…

Декларацијата на Асамблејата во заштита на еволуцијата е украсена со вакви бисери на научноста: „Напредокот на медицинските истражувања кои стремат да се борат против заразни болести како сида, не се можни, ако секој принцип на еволуцијата е отфрлен. Сосема неможно е, исто така, да се осознае ризикот од значајно опаѓање на биолошката разновидност и промените на климата, ако не се разберат до крај механизмите на еволуцијата.” (Advances in medical research, aiming at combating infectious diseases such as Aids, are impossible if every principle of evolution is denied. One cannot be fully aware of the risks involved in the significant decline in biodiversity and climate change if the mechanisms of evolution are not understood.)

Според Европската резолуција, принудени сме да признаеме дека; „Еволуцијата е присутна секаде, од прекумерната пропишана употреба на антибиотиците кои го поттикнуваат појавувањето на отпорни бактери, до прекумерната употреба на пестициди во земјоделието што додведува до мутација на инсекти врз кои пестицидите веќе не дејствуваат.” (Еvolution is present everywhere, from medical overprescription of antibiotics that encourages the emergence of resistant bacteria to agricultural overuse of pesticides that causes insect mutations on which pesticides no longer have any effect.)

Предавањето на креационизмот и теоријата на еволуцијата во школите не еднаш било предмет на политички дебати. Така, уште во средината на 1920-ите во неколку држави на Америка биле донесени закони, кои го забранувале предавањето на еволуционистичкото учење во школите. Во 1925 г. се одржал познатиот „Мајмунски процес” (Monkey trial), на кој според антиеволюционистичкиот закон на државата Тенеси бил осуден предавачот Џон Скоупс. Тие закони биле укинати кон крајот на 1960-ите.

Денес е на повидок спротивниот ефект од озаконувањето на креационизмот:

«Парламентарната Асамблеја ги поттикнува државите – членки и министерствата за образование да го прогласат учењето за еволуција како основна научна теорија за школската програма» // (The Parliamentary Assembly therefore urges the member states, and especially their education authorities to: ….promote the teaching of evolution as a fundamental scientific theory in the school curriculums.)

Креационизмот не е завршен теоретски систем. Креационизмот не е е ни типично библиска теорија. Креационизмот е телеолошка аргументација што може да биде во прилог на библискиот „Настанок.”

Дали настапува нова, псевдонаучна диктатура, при која секаков аргументиран напад на теоријата за еволуција ќе се третира како напад на демократијата и правата човекот?

Слично на Свиток: Kритика на резолуцијата на ПАСЕ, која е насочена против креационизмот

One thought on “Опасно е…

  1. Како што и повеќе пати претходно сме зборувале, и сеа: се работи за избор во што да се верува. Нормално, не секој научник е и еволуционист, но (она што не ретко се запоставува) и не секој верник слепо и буквално го прифаќа Шестодневот.

    Видено низ таа призма, факултативното вероучение е и повеќе од добредојдено. Понуда на пазарот на знаење нека има, па бујрум – секој нека купи тоа што му се допаѓа.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s