Секуларизмот – спротивставеност на „овој свет” vs „оној свет”

1. Зборот saecularis = световен, со своето значење упатува на световната страна животот, наспроти животот кој се раководи со духовни критериуми и вредности. Во оваа смисла и самиот термин секуларизам, прв пат го употребил во 1846 г. Џорџ Џејкоб Холиок, за да го обележи „обликот на мислење кое се грижи само за прашањата чии области можат да бидат почувствувани преку искуството на овој живот”/[a form of opinion which concerns itself only with questions, the issues of which can be tested by the experience of this life” (English Secularism, 60)].

Според секуларизмот; „добро е да се прави добро, независно дали постои друго добро или не, доброто на сегашноста е добро и добро е да се тежнее кон тоа добро”/[Whether there be other good or not, the good of the present life is good, and it is good to seek that good” (English Secularism, 35)].

Забележително е дека секуларизмот настанува како опозиција на „другото добро”, односно на христијанското разбирање на добродетелта.

„Христовото добро” е добро затоа што е во направено во Божјо име: „Кој ќе ве напои со чаша студена вода во Мое име, затоа што сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата награда.”

Д-р Јарослав Пеликан илустративно го прикажува христијанското потекло и обескоренувањето на секуларизмот: Во XX век започнале социјални кампањи (давање чаша студена вода), но веќе било изгубено преданието тоа да се се прави заради Христа. Некој се сетил дека водата ќе остане студена и ако не се спомне Христовото име, за потоа да заклучат дека воопшто нема зошто да се спомнува Божјото име и крајниот резултат на таквите хуманитарни акции бил – секуларизмот.

Од Францускaта револуцијa до дeнeс, едeн од клучните принципи на устројството на граѓанската држава и модерните демократски цивилни општества е принципот на одвоеност меѓу црквата и државата.

Meѓутоа, примената на секуларизмот како општествено-идеолошка концепција во различни земји е релативна, па затоа во современото европско законодавство се сретнувааат три различни модели на секуларното начело.

    • Првиот секуларен модел во односите меѓу државата и црквата е државна црква, и тој е присутен во Англија, Норвешка, Грција, Кипар и Финска.
    • Вториот модел е систем на стриктна одвоеност на црквата и државата, каков што се практикува, на пример, во Франција и Холандија.
    • Третиот концепт може да се окарактеризира како модел на одвоеност со отворена соработка. Ваквото решение е присутно во Германија, Австрија, Италија, Шпанија.

      Наведените случаи покажуваат широк дијапазон на профилирање на односите меѓу црквата и државата во секуларната Европска Заедница.

      2. Идентификувањето на Црквата како организација на клириците се случило на христијанскиот Запад и тоа прилично доцна. Имено, папството од времето на Расколот во 1054 година интензивно ја дефинирало идејата за Црквата како клерикална бирократска република возглавена од доживотен претседател.

      За жал, под влијание на европското протестантизирано и секуларизирано образование, разбирањето кое Црквата ја сведува на клирикалната јерархија, почнало да се прифаќа и кај нас. Дури и ако за некои црковни претставници ваквата дефиниција на црквата е симптична, мора да се нагласи дека секој член на црквата го живее христијанскиот живот како спроведување на христијанските вистини/догмати во дело, во секојдневниот живот, во сите области на своето дејствување.

      Членовите на Црквата истовремено се и граѓани на државата. Според Уставот на Р.М. „црквата е одвоена од државата.” Но, колку оваа определба може да се однесува на христијанинот како член на Црквата и што оваа фраза може да дефинира за Црквата како заедница од личности кои се лојални граѓани на државата во која живеат. Како заедница која се разликува од државатa по својата природа, Црквата не е во кохабитација со државата; имено, Христовото Царство не е од овој свет. Како членови на Црквата – христијаните работат за вечното спасение, а како лојални граѓани а државата – одговорно ги прифаќаат вообичаените права и обврски и работат за општото добро. Но, христијанинот е христијанин колку што може да рече заедно со свети апостол Павле: „Не живеам веќе јас, туку во мене живее Христос.” Бидејќи христијанинот не е поделена/схизматична личност, тој и како граѓанин е во служба на верата и вистината дека Воплотениот Господ ги соедини Божјата и човечката природа. На земјата се роди Оној Кој е извор на севкупниот живот, и на „овој живот” и на „оној живот.” Целото спасително дело беше за соединување на Небото и Земјата, за соединување на отпаднатото создание со живиот Бог на љубовта.

      3. Како движење кое се бори за намалување на влијанието и значењето на религијата во јавниот живот, стратегиски важно за секуларизмот е да ги има под свое влијание просветните институции на државатa, преку кои ќе го пропагира својот светоглед. Секуларизмот постојано е во обид да ги „покрие” сите области на социјалниот живот. Секуларизмот си поставил задача да го унапредува „овој живот” преку материјални средства (improvement of this life by material means). Секуларизмот самиот се дефинира како поборник на „овој живот.” Едностраноста, плиткоста на секуларистичкиот светоглед е во тоа што се ограничува и размислува исклучиво во категориите на „овој живот.” Секуларизмот е „кодекс на должност да се припаѓа на овој свет” (a code of duty pertaining to this life). Секуларистичкиот менталитет не само што самиот си ги затворил очите пред божествената реалност, туку си зема за должност и другите да ги заслепува за да не го гледаат светот во зраците на нестворената Светлина.

      Денес, кога Црквата de jure постои како правен субјект во државата, најпожелна е координацијата во областа на образовно-воспитната активност.

      Бидејќи одвоеноста на Црквата од државата на личностен/граѓански план практично не е можна, тогаш останува прашањето за местото на „конфесионалниот момент” во образованието. Со одвојувањето на црковната просвета од образовниот државен систем, училиштата ја губат својата функција на вистинско просветување. Школата, науката, уметноста, технологијата – исклучени од перспективите на Божјата вечност, стануваат цел самите по себе. Секуларизмот култивира бесплодно знаење заради знаење, наука заради наука… Резултат на современиот педагошки емпиризам во едукативна смисла се „полни глави, а празни души.”

      Општите принципи на црквената педагогија се засноваат на разбирањето дека во боголикоста на човекот се состои смислата на неговото постоење. Задача на црковната педагогија т.е. образование е да го приведе човекот до спознанието на Вистината и да го оспособи да стигне до таа цел.

      Рамнотежа меѓу црковното и општото разбирање на просветата нуди познавањето на традиционалните христијански вредности со прифаќање на придобивките на современите технолошки достигнувања кои водат кон општото добро.

      One thought on “Секуларизмот – спротивставеност на „овој свет” vs „оној свет”

      Напишете коментар

      Fill in your details below or click an icon to log in:

      WordPress.com Logo

      You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

      Twitter слика

      You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

      Facebook photo

      You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

      Google+ photo

      You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

      Connecting to %s