Расказ за Христовото Воскресение

Тaа Сабота била најтешка во животот на апостолите. Нивниот Учител – мртов лежел в гроб, а тие дури не знаеле каде е погребен. Изгледало дека заедно со Исус загинал целиот свет. Од сите надежи останале само тие самите – десет рибари и еден поранешен даночник. Врз нивните незакрепнати умови и души одеднаш се струполиле болка, срам, страв, фаталност, збунетост…

Јован, единствениот од нив кој бил на Голгота, раскажал за последните зборови на Господа: «Ели! Ели! Лама савахтани?» Тоа била илјада години стара молитва, чија таинствена, скриена смисла се открила дури сега:

«Боже мој! Боже мој! Зошто ме остави?… Сите мои коски може да се избројат; ја делат мојата облека меѓу себе и за неа фрлаат жреб» (21.Псалм на Давид).

Значи, Тој сè знаел. Значи, убиен е Месијата, Тој кој требаше да го избави народот Израил? Значи, не само тие, туку никој веќе нема надеж!? И Господовата година нема да настапи никогаш… Тие ништо не можеле да разберат.

Мајката на неколкумина од апостолите, Марија Магдалина и неколку други галилејски жени, уште помалку од нивните синови можеле да ја достигнат сета вселенска длабочина на она што се случувало. Но, тие не можеле да го остават Христа да умира осамен. Надминувајќи го стравот, тие отишле на Голгота при распнувањето, а биле присутни и при погребувањето. Со нив била и Неговата Мајка. Потоа, уште во ноќта, додека полека се разденувало и настапувал првиот ден од седмицата, побрзале кон Гробот со благомирисни мира, за – според источниот обичај – да го извршат последниот долг кон Упокоениот. Тие не успеале да го извршат помазанието веднаш, во Петокот, а во Саботата не смеело да се работи ништо.

Кога стигнале кај гробот, се запрепастиле од она што го виделе: Каменот бил оттурнат, а Гробот – празен. Зарем и мртов тие не сакале да го остават во мир?! Вознемирена, расплачена, Марија Магдалина отрчала кај Јован и Петар: «Го однеле Господ од гробот и не знаеме каде го положиле».

Тие двајцата тргнале заедно, но Јован побргу од Петар стигнал до Гробот. Погледнал од отворот, ги видел погребните повои и благочестиво останал на прагот. Петар втрчал во пештерата, не двоумејќи се. Тогаш влегол и другиот ученик, кој прв стигнал до гробот, и видел и поверувал дека Христос воскреснал од мртвите.

Величествената тишина на гробот изгледала жива.

Во мешани чувства, учениците заминале дома. А, Магдалина се вратила. Погледнала во гробот и видела два ангела. «Жено! Зошто плачеш?» – «Го однеле мојот Господ». Можеби тие знаат каде е телото? Кога се свртела, сретнала Човек, за кого помислила дека е градинар. «Жено! Зошто плачеш? Кого бараш?» – «Господине! Ако си го изнел ти, кажи ми каде си го положил и јас ќе го земам». Тогаш Непознатиот го кажал нејзиното име: «Марија!» – Срцето ѝ заиграло од радост и таа извикала: – «Равуни!», што значи: – «Учителу.»

Исус ѝ рекол: «Не допирај Ме, зашто уште не сум отиден при Мојот Татко. Туку оди при Моите браќа и кажи им: ‘Се враќам при Мојот Татко и вашиот Татко, при Мојот Бог и вашиот Бог.»

Таа втрчала во домот и на растажените апостоли им ја пренела најрадосната и најдобрата вест на светот… Но, на неа никој не ѝ поверувал. Сметале дека кутрата жена го изгубила разумот. По Магдалина се појавиле и Саломија, Јована и Марија на Клеопа. И тие раскажале дека се влегле во пештерата, кога Марија отрчала по Јован и Петар, и дека виделе ангел кој им рекол: «Не плашете се. Исуса го барате, Назаретјанинот, распнатиот; Тој воскресна, не е овде. Еве го местото каде што беше положен. Но одете, кажете им на Неговите ученици и на Петар, дека Тој ќе стигне пред вас во Галилеја; таму ќе го видете, како што Тој ви кажа». Жените прво се исплашиле и решиле да не разгласуваат што се случило. Но, на патот ги пресретнал Христос и Самиот побарал да им пренесат на учениците, дека ќе ги пречека во Галилеја… Зборовите на мајките, исто така, не ги прифатиле.

Во тој ден двајца од апостолите, од седумдестмината исусови ученици, Лука и Клеопа, оделе кон малата населба, наречана Емаус. Кон нив се придружил Патник, кој посакал да дознае, зошто тие се толку тажни. «Зарем само Ти од дојдените во Ерусалим не знаеш за она што се случи овие денови?» – «За што?» – ги прашал Тој. – «Она што се случи со Исус Назаретјанинот, кој беше пророк, силен на дело на збор пред Бога и пред целиот народ; како го предадоа на првосвештениците и на нашите началници за да биде осуден на смрт и го распнаа. А ние се надевавме дека Тој е оној што треба да го избави Израил; И покрај сето тоа, веќе е трет ден откако стана ова. А нè збунија и некои жени од нашите, кои многу рано биле на гробот и не го нашле Неговото тело; дојдоа и кажаа дека виделе и ангели, кои им кажале дека Тој е жив.».

Таинствениот Странец тогаш им рекол: « «О неразумни и троми по срце, да верувате во сè што рекле пророците! Не требаше ли Христос да го претрпи тоа и да влезе во својата Слава?» И кога почнал од Мојсеј и од сите пророци, им го толкувал пишуваното за Него во целото Писмо.»

Како да им паднало перде од очите. Се потсетиле на целата историја, уште од создавањето на светот и губењето на Рајот, водите на Потопот и Авраамовите времиња… на Мојсеј, кој на сите поколенија им заветувал да ја празнуваат Пасхата со колење на пасхално јагне, за народот да го памети избавувањето од египетското ропство. Потоа, на пророкот Давид, пророкот Осија, преку чии усти Господ го ветил вечниот живот: «Од власта на адот ќе ги откупам, од смртта ќе ги избавам. Смрт! Каде е твоето осило? Ад! Каде е твојата победа?» Си спомнале и за пророкот Језекиил кој објаснил дека осило на смртта е – гревот. Гревот убива и не дозволува да се живее. И конечно, пророкот Исаија, кој говори дека слободата од гревот ќе биде купен со Христовата Крв. По цена на неверојатни страдања Тој ќе го пробие патот на мирот, патот на исцелувањето од смртта. На Исаија му припаѓаат и првите зборови за Тајната на Воскресението:

«И ќе ја уништи смртта засекогаш. И Господ Бог ќе ја избрише солзата од секое лице – ќе го симне срамот на Својот народ од целата земја: Господ рече така. Зашто, еве, творам ново небо и нова земја и претходните не ќе бидат спомнувани…»

Апостолите наеднаш разбрале дека станува збор за идното сеопшто Воскресение, за Божјото Царство, кое веќе започнало со денешното утро – со Утрото на Осмиот Ден на Созданието.

Когда тие наближиле до Емаус, почнало да се стемнува. Нивниот Сопатник сакал да продолжи без нив, но тие го наговориле да остане. Кога седнале, Непознатиот зел леб, се помолил и, откако го прекршил, им дал од него. Тогаш тие навистина прогледале и го познале Христа. Но, Тој станал невидлив. «Не гореше ли во нас срцето, кога Тој ни го објаснуваше Писмото?» – си спомнувале двајцата ученици за чудната средба.

Кога се сетиле, веднаш тргнале назад и ги нашле другите ученици. Тие им раскажале, но и на нив не им поверувале. Наскоро дошло ново известување: Петар го видел Воскреснатиот Господ! Додека тие разговарале во недоумица, одеднаш го слушнале саканиот, блискиот глас: «Шалом! Мир вам!» – среде собата стоел Исус Христос.

Сите се изненадиле. Некој се збунил, некој се исплашил, некој помислил дека гледа привидиние. Некој ја проверувал вратата која била заклучена од страв, но таа останала заклучена… А, Господ спокојно, како никогаш и да не ги напуштил, им ги покажал Своите раце и нозе и тивко прашал: – «Имате ли некаква храна?» Тие му дале дале парче печена риба и мед. Тој зел и јадел пред нив.

По трпезата, кога сите малку се успокоиле, Христос го повторил поздравот: «Мир вам! Еве ова е тоа за што ви говорев уште додека бев со вас; дека треба да се исполни сè што е напишано за Мене во мојсеовиот Закон и во пророците и во псалмите». И почнал да им објаснува за што говорат Писмата. Им рекол и дека сега треба да се подготват заслужење: «Како што Ме испрати Отецот и Јас ве праќам!» Кога им го кажа ова, дувна во нив и им рече: «Примете Свети Дух! На кои ќе им ги простите гревовите – простени им се; на кои ќе им ги задржите – задржани им се!»

По тој ден апостолите се утврдиле во верата. Сите, освен еден; освен Тома кој не бил присутен кога Господ се јавил пред другите ученици. Тој ги слушал своите браќа кои восхитени му раскажувале, но сè уште никако не можел да поверува: – «Додека не ги видам раните од клинците на Неговите раце и не го ставам мојот прст во раните од клинците и не ја ставам мојата рака во Неговите ребра, нема да поверувам.»

По осум денови, апостолите повторно биле собрани заедно, а сега и Тома бил со нив. Најверојатно, тоа било во домот на Марија, мајката на апостолот Марко. Вратата како и порано – била заклучена заради нивниот страв да не бидат казнети како ученици на Исус. И повторно, иако вратата била заклучена, среде собата застанал Господ Исус Христос. Тој на сите им посакал мир и веднаш се обратил кон Тома:

«Испружи го твојот прст и види ги Моите раце; испружи ја твојата рака, и стави ја во Моите ребра; и не биди неверен – туку верен!» Тома одговорил и рекол: – «Господ Мој и Бог мој!»

Од тој ден никој во малата заедница не се плашел и не се сомневал во тоа, дека Исус е Христос, т.е Месијата, Спасителот на светот. // http://www.neofit.ru

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s