Серија од четири земјотреси со јачина до 5 степени според Европската макросеизмичка скала го потресоа Свети Николе и околината. Првите два беа прексиноќа, спроти празникот на св. великомаченик Георгија – Ѓурѓовден, во 18.11 и во 19.39, а другите два вчераутро во 3.01 и во 5.32 часот. Епицентарот на земјотресите е на 50 километри југоисточно од Скопје во светиниколското епицентрално подрачје, во близина на селата Мустафино, Ерџелија и Кадрифаково, каде што тој и најмногу бил почувствуван.
Спроти Ѓурѓовден стотици луѓе од Македонија, од соседните и од подалечни земји доаѓаат на Говедаров камен верувајќи дека големата карпа на тромеѓето меѓу светиниколските села Ерџелија, Пеширово и Амзабегово ќе им помогне да добијат дете. Обредот што се извршува е крвно жртвопринесување со колење на јагниња. Луѓето палат свеќи околу карпата, човек качен на каменот им дава инструкции на девојки што ја врзуваат карпата со конци волница…
[…] Превземено: Свиток […]