На фосилот Ида му е откажана сродноста со човекот

Палеонтолозите се посомневале дека неодамна објавениот фосил од мајмунот Darwinius masillae е алката што недостига во еволуцијата на човекот. За тоа соопштува Science NOW .

Остатоците од мајмунот, кој го доби името Ида, биле пронајдеи во Германија уште во 1983 г. Тие биле разделени на два дела и продадени во музеј и приватна колекција. Обединувањето на деловтие се случило дури во 2007 г. Остатоците, чија возраст е 47 милиони години, се одлично зачувани. По зборовите на научниците, Ида припаѓа кон Adapiformes – примати кои традиционално се вбројуваат во Strepsirrhini. Еден од современите претставници на таа подгрупа се лемурите. Сепак, за разлика од лемурите, Ида на палците имала рамни нокти, а не канџи. Нејзиниот голем палец бил наспроти другите, а стопалото ја содржела коската talus. На тој начин научниците утврдиле: претходниот заклучок, дека адапидите спаѓаат во Strepsirrhini не е вистинит и затоа треба да се вбројат во подгрупата Haplorhini.

Истражувачите веќе снимиле и филм посветен на новиот пронајдок, а напишале и книга. Сепак, многумина антрополози се сомневаат во правилноста на заклучоците што биле направени при работата. Тие забележуваат, дека истражувачите спровеле споредување според 30-40 признаци, иако стандардна е нормата според 300-400 признаци.

Освен тоа, во заклучоците од работата, самите истражувачи изјавуваат, дека не ја сместуваат D. masillae во човеколики примати. Така, дури и ако заклучоците од работата се вистинити, употребата на терминот “алка што недостасува” е неправилна. // Lenta.ru

Слично: Краткая хроника истории “недостающего звена” человеческой эволюции

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s