Бактеријалниот flagellum – очигледно чудо на интелигентниот дизајн

Бактеријалниот flagellum (опашка) како дел од моторниот механизам на E. Coli bacteria е пример за она што Мајкл Бихи го нарекува неразложливо сложен систем (irreducibly complex system).

Дарвинизмот, т.е. теоријата за еволуцијата или натурализам, се потпира на постепениот развој на сложените органи или екстремитетите, до евентуално настанување посебни видови.

Бихи ја обопштува структурата на бактеријалниот flagellum во следниве зборови:

Некои бактерии имаат чуден апарат за пливање; flagellum, кој нема паралела во посложени клетки. Во 1973 г. било откриено дека некои бактерии пливаат со ротирачки flagellum. Така, бактеријалниот flagellum дејствува како пропелер.

Структурата на flagellum-от наликува на долга нитка вградена во мембраната на клетката. Flagellum-от е елисата која е во допир со течноста за време на пливањето. При влезот на flagellum-от во клетката има испапченост на клетката, со која нитката се прицврстува за роторот. Експериментите покажуваат дека движечкиот погон//моторот се наоѓа во основата на flagellum-от, каде електронските микроскопи покажуваат неколку збиени прстенести структури. Ротирачката природа на flagellum-от е јасна, неизбежни се заклучоците…

Во својата книга Darwin’s Black Box, Бихи објаснува, дека такви неразложливо сложени системи, не може да настанале постепено, степен по степен како во дарвиновиот процес, зашто бактеријалниот flagellum задолжително е составен од најмалку три делови: статор, ротор и мотор – тој е неразложлив комплекс. Постепениот развој на flagellum-от, според тоа, има непремостливи пречки.

Кога биохемичарите почнале да разгледуваат привидно прости структури како flagellum-от, тие откриле запрепастувачка сложеност, со десетици и дури стотици прецизно сообразени делови. Многу веројатно е дека многу од деловите, кои не сме ги разгледале, се задолжителни за секој  flagellum да функционира во клетката. Како што бројот на неопходните делови се зголемува, постепеното склопување на системот станува сосема неможно, како и веројатноста од индиректни сценарија. Дарвин изгледа сѐ помалку доверлив. Дарвинистичката теорија не дава објаснување за flagellum-от. Поразителната сложеност на такви пливачки системи нѐ наведува да мислиме, дека никогаш и не може да се даде објаснување.

Бихи стигнуваа до заклучок дека такви неразложливо сложени системи, во крајна сметка, се резултат на интелигентен дизајн.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s