Ден на Светиот Дух

Во овој ден, во Понеделникот на Педесетница, Сесветиот и Животворечки и Сесилен Дух го празнуваме, едниот од Троица Бог, едночестен и едносуштен и еднославен со Отецот и Синот.

Првиот ден на Педесетница – Неделата, Црквата ја посветува првенствено во слава на Пресвета Троица; и тој ден е Троицин ден.

Во денот Педесетница, Светиот Дух слезе на учениците. Но, Светите отци посакаа да ги разделат празниците заради величието на Пресветиот и Животворечки Дух, бидејќи е Еден на Светата и Живоначелна Троица и затоа вториот ден по Педесетница, т. е. Понеделникот – е во слава на Пресветиот Дух, заради што и се нарекува Духовден.

Осмиот член од Символот на верата, кого го читаме на секоја света Литургија, говори за Светиот Дух. Во него исповедаме, дека веруваме: „И во Светиот Дух, Господ Кој живот твори, Кој од Отецот излегува, Кому со Отецот и Синот му се поклонуваме и го славиме, кој говорел преку пророците.” Светиот Дух е Бог. Вистински Бог „кој излегува” од вистинскиот Бог. Тој се нарекува Господ полноправно, исто како Отецот и Божјиот Син. Во книгата Дела на светите апостоли, апостолот Петар го укорува Ананија укажувајќи му дека го излажал Светиот Дух, а притоа – како што вели самиот апостол: „излажал, не човек, туку Бог.”

Едниот жив и вистински Бог е Пресвета Троица; едно Божество во три личности: Отец, Син и Свет Дух. Оваа голема тајна за согласноста и взаемната љубов на трите личности на едното и исто божествено суштество, ни ја откри Христос. Ние христијаните веруваме во триедниот Бог. За Света Троица говориме како за еден Бог. Во Светото Евангелието според Јован, Господ Исус Христос вели: „Кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви го испратам од Отецот – Духот на вистината, Кој излегува од Отецот – Тој ќе сведочи за мене.

И во денот Педесетница се исполнило тоа ветување за испраќањето на Светиот Дух врз апостолите. Ова е крајно радосен, извонреден и утешителен настан. Куќата во која тие престојувале еднодушни, одеднаш била преисполнета со шум од небото, сличен на силен ветар, а разделени јазици, како огнени, се спуштиле врз секого од учениците.

Светиот Дух, како Бог, постои секаде. Како тогаш велиме дека Тој слегол на апостолите? Ако постои секаде, тоа значи и дека исполнува сè. Значи нема од каде да слезе или каде да се премести. Сите овие изрази, вели св. Јован Златоуст, се употребуваат за Бога затоа што на човечки јазик не постојат зборови за да бидат изразени Божествените дејства. Слегувањето на Светиот Дух на апостолите треба да се разбира како ново пројавување на Божјата сила. Светиот Дух дејствувал и порано во човековиот род; во патријарсите, во пророците, во секоја чиста душа. Без Него никогаш не се извршило ниту едно вистинско добро дело. Но, по вознесувањето на Христос, Светиот Дух дошол јавно, во особен вид, за да ја основа Христовата Црква во овој свет. Светиот Дух е рамночестен на Отецот и на Синот и по нивното благоволение било извршено таинството на нашето пресоздавање и ни засветлило просветувањето на богопознанието.

Службата на празникот го спротивставува смешувањето на јазиците при градењето на вавилонската кула со соединувањето на различните јазици, што се случило во денот на Слегувањето на Светиот Дух, кога секој од апостолите почнал да зборува на различни јазици: «Кога Вишниот слезе за да ги слие јазиците, тогаш ги разделуваше народите. А кога огнените јазици (на Педесетница) ги разделуваше, тогаш во единство ги повика сите народи. Бог со Светиот Свој Дух ги повика различните народи со своите посебни дарови и карактеристики во единството на новиот христијански род, во литургиската заедница на луѓето со Бога, да го образуваат Божјиот народ кој својот идентитет го втемелил во Црквата. Апостолот Петар во своето Прво послание им објаснува на христијаните дека тие всушност се вистинскиот Божји народ: „А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ кој Му припаѓа на Бог, за да ги прогласите доблестите на Оној Кој ве повика од темнината во Својата чудесна светлина. Вие кои некогаш не бевте народ, сега сте Божји народ; вие кои некогаш не добивте милост, сега сте помилувани” (1.Пт 2:9,10). Затоа, согласно го славиме Сесветиот Дух».

Иако Слегувањето на Светиот Дух било проследено со шум и сеопшта збунетост, на иконата на празникот го гледаме токму обратното: среден поредок и строга композиција. Настаните на Педесетница биле очигледни за сите, а не само за достојните. За да ги видат тие пројави на даровите на Светиот Дух, на ерусалимјаните не им бил неопходен духовниот вид, иако на виденото сите не дале еднаков духовен одговор. Но, иконата е обратена кон верните и затоа укажува, не на она – што во тој настан виделе надворешните, непосветени луѓе, а што им дало повод да мислат дека апостолите «се исполнети со вино», туку она што им е откриено на учесниците во тој настан, на членовите на Црквата, туку иконата ни укажува на внатрешната смисла на она што се случува, а тоа е присуството на Светиот Дух кој носи помирување, поредок, слога, блаженство…

Светиот Дух е испратен во светот, или поточно – во Црквата, во име на Синот. Значи, за да Го примиш Духот, треба да го носиш името на Синот, да си член на Неговото тело, а Црквата е Христово Тело. Свети ап. Павле им вели на христијаните: „Зар не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој ви е подарен од Бог за да живее во вас?” Христијанинот го добива Светиот Дух при Светото Крштение, односно при Миропомазанието. Но, благодатта на Светито Дух отстапува, се повлекува од нашите срца кога правиме грев. Затоа, преподобниот Серафим Саровски Чудотворец стекнувањето, добивањето на Светиот Дух го определува како цел на животот. Целиот христијански живот е подвиг за стекнувањето на благодатта на Светиот Дух. А дали ние чувствуваме, сознаваме, разбираме и паметиме, дека сме родени од горе, преку Светото Крштение? Ги цениме ли Божјите дарови, ја одржуваме ли нашата вера, нашиот благочестив однос кон Бога?

Божјата Премудрост ја создаде Црквата, тој нов благодатен свет, во кој ние се раѓаме со вода и Дух, т.е преку крштевањето и растеме хранејќи се со Светите Тајни. Во Црквата, постои таква небесна храна, за која отците велат дека е таква каква што нема ни на самото Небо – тоа се Пресветото Тел и чесната Крв Христови. Или пак, зарем постои болест или постои паѓање од кое не можат да подигнат покајанието и исповедта?

Во Седмицата по Педесетница не се пости  во среда и во петок. Тоа разрешување на постот не е затоа што наближува Петровиот пост, туку е во чест на Светиот Дух, Чие Доаѓање го празнуваме, и во чест на Пресвета Троица. Амин.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s