Наслада

Многу луѓе кои размислуваат за вечните прашања, за религијата, сепак, никогаш не ќе влезат во црква. Зошто? Каков е тој ѕид што се испречува пред човекот кој е во потрага по вечноста? Како што е случај и со многу други предрасуди во однос на Христијанството, така и овојпат како пречка ќе се покаже еден мит. Тоа е митот дека Христијанството е главниот непријател на животните задоволства.

Навистина, на иконите Христос никако не наликува ниту на насмеаниот Буда, ни на разиграниот Шива, ниту на  или вечно-пијаниот Дионис.

Од една страна е она што е добро познато и разбирливо: јадење, пиење, веселење – сето она на што се мисли со изреката: „Зграпчи го денот.” Од друга страна – од христијанска страна, на прв поглед е сосема спротивното: постење, долги молитви, стоење во храмот, исполнувње на заповеди – тоа не смее, она уште помалку… а што останува тогаш? Дали останува само лишувањето од животните утехи – и досадното, долго чекање на преминувањето во другиот свет – во светот на неземните добра? Но, ваквото мислење воопшто не е христијанско.

Петар Евгеневич Астафев, руски мислител од XIX век, напишал: „Животното страда само кога е  гладно, во неволја, кога му студи или кога е нарушена некоја негова животна навика. Кога е наситено, слободно и спокојно — тоа доживува само наслада. Само на човекот му е дадена таинствената привилегија — да страда и кога неговите надворешни потреби се задоволени, и кога е здрав, богат. Но, само човекот може и да има наслада и да го благословува живот; во сиромаштија, во тешка и неславна работа, меѓу заморни грижи…”

Очигледно, некоја чудна „привилегија.” Токму низ односот кон насладата минува  острата граница меѓу светот на животните и светот на луѓето.

Животно – глодар со поставена електрода во мозокот, во центарот за задоволство – имајќи непречен пристап до копчето за активирање на електричните импулси, се довело себеси до потполна исцрпеност. Потонато во задоволството, животното заборавило на основните потреби – ниту јадело, ниту спиело. По неколку денови постојано насладување, животното умрело.

Откако бил пронајден тој центар и во мозокот на човекот, експериментите покажале дека и човекот е незаситен во желбата за наслада, но како и за глодарот, и за човекот незаситноста има фатални последици. Експеримент направен во Америка покажал, дека човекот на кој му било овозможено самостојно да го стимулира својот „центар за задоволување” во мозокот, активирајќи ги електричните импулси со притискање на копче, похотливо го притискал копчето и до 1500 пати за 3 часови. Како резултат на неговата незаситност, било забележано постепено губење на разумот.

А што е тоа «наслада» или «задоволство»? Некое чувство на радост од пријатни доживувања, од убави мисли. Современата психологија утврдува дека задоволството – е просто чувство; тоа не е подложно на анализа, како на пример, сложените чувства: гнев или срам. Човека не треба да го учат да се насладува. Исто така, чувството за насалдување е тешко за контролирање. Токму затоа, денес тоа чувство е многу манипулирано!

Во тоа е неволјата: светот кој е споулавен по задоволства, сосема заборави дека Бог го создал неговото срце преширко за човекот да може да го наполни само со сетилни задоволства. За бесцелната потрага по задоволства која наоѓа само разочарувања и незаситност, философот Леонид Карасев потврдува дека при неумереното стимулирање на мозочната зона за сетилни задоволства, постепено го губиме своето „јас.”

„Гонејќи и не стигнувајќи, барајќи и не наоѓајќи, човекот постојано бара нешто ново, неиспитано, но со пријатна дразба, и секое „ветување” го измамува” — пишува Иван Илин. — „Тој почнува да измислува нечуени можности; тој го губи вкусот, го изопачува искуството; ја расипува сетилната љубов; и ете, тој веќе е подготвен да побара во сите бездни на злото, да ги прекопа сите катчиња и длабочини на порокот — за да си обезбеди нова насладувална или барем, дразнителница, и да испроба некаква дотогаш непозната утеха и наслада. Тешко е да му се помогне на таквиот; тој ќе мора да ја испие до дно чашата на својата слабост и заблуди…”

За таквата состојба, сепак, не продонело христијанството, туку бунтот против него. И самиот факт дека постои тој бунт – е јасно сведоштво за полното фијаско кое го претрпе западно-европската култура, која ги замени своите исконски христијански вредности за илузиите на моменталните задоволства. Индустријализацијата ги направи задоволствата достапни за секого и резултатот не требаше да се чека долго.

Сепак, Црквата не е против задоволството како такво, туку против канонизација на хедонизмот. Од своето вековно искуство Црквата знае дека токму во тоа лежи фаталната слабост на паднатата, на огревовената човечка природа. Инаку, насладата е природен сопатник на човечката среќа. Велиме; сопатник, а не водач! Бог не само што го создал човекот да биде среќен, туку и му го предал целиот создаден свет како подарок: „Земи, ползувај се, насладувај се, биди среќен! Само знај: законот на животот во Вселената е – љубовта. А љубовта секогаш дава и се радува на радоста на другиот. Не биди грабливец на радоста: со сила радоста нема да ја добиеш; таа ќе биде верна последица само на љубовта. Твоето срце може да го прегрне со љубов целото создание, сите миријади живи суштества. Ти само треба да ги потсетиш за изворот на сите добра – за Бога! Не продавај го овој твој дар за шарени и пусти наслади! Твојата душа нека биде устремена кон височините. Предај се себеси на Бога и на другите целосно, а не губи се во плитките похоти!” // Религиозная энциклопедия

One thought on “Наслада

  1. Интересен текст. Многу е интересно како некои свети Отци ја ја третираат насладата (на старогрчки буквално – hedonе). Свети Јован Дамаскин, пред него свети Немесиј од Емеса, подробно го опсудуваат поимот наслада – и тоа воопшто не во некаква негативна смисла. Напротив. Свети Никола Кавасила ја забележува следнава многу интересна работа: Човекот не може никогаш да се задоволи (наслади) потполно (затоа секогаш посакува уште). Тое е така бидејќи „Бог сите наши сили и сремежи според Себе ги усогласил“. Полнотата на задоволстово (т.е. на задоволување на сите негови сили и дејствија) човек може да ја има само во единството со Бога.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s