Архонтот Методиј во Македонија

Во првата половина на IX в. словенските земји на Балканот биле своевидно јаболко на раздорот меѓу Првото Бугарско царство и Византија. Во таa ситуација византиската власт не можела да спроведува политика на отворен притисок врз словените во Македонија и Грција. Во првата половина на IX в. словенските племиња на територијатa на Империјата сѐ уште имале многу широка автономија. Со нив владееле архонти од средината на местното население. Византија сакала внимателно и постепено нив да ги замени со свои, византиски чиновници. Истовремено, бугарската опасност што ја ограничувала слободата на дејствата на византиската власт, барала Византија да изнајде нови начини; како цврсто да ги поврзе словенските покраини со Империјата. Таа цел можело да се достигне преку христианизација на словените и создавање црковна организација на нивните територии. Многубројните епископии (потчинети на Константинопол), кои се појавиле на словенските земји уште во 869/870 години, сведочат дека таа можност византиската власт не ја пренебрегнувала, па словенските земји станале објект за мисионерска дејност на византискиот клир, секако, одамна пред наведените датуми.

Познато е дека од 843 г. Методиј бил управител на византиска словенска област, недалеку од Солун, населена со словени. „Кесарот [кога дознал] за неговата остроумност, му дал да управува со словенско кнежество, би рекол, како да предвидел, дека ќе го испрати меѓу словените како учител и прв архиепископ, за да ги научи сите словенски обичаи и постепено да се навикнува на нив. (од Житието на свети Методиј)” Тие словенски општества биле наречени Склавинии или Славинии. Се претпоставува дека свети Методиј бил распореден во Стримонската архонтија, северно од Солун или некоја соседна на неа. Изворите го истакнуваат неговиот труд за утврдување на христијанството среде словените во тие земји.

Бидејќи на терминот «кнез» во старословенските извори соодветствува грчкиот «архонт», истражувачите се согласни дека Методиј бил поставен да раководи со архонтија што била населена со словени. Архонтии во балканските владенија на Византиската империја биле территории со словенски политички уредувања, вклучени во состав на Империјата, но кои сѐ уште не биле воведени во типичната организација на „теми”, кои биле основно јадро на нејзината  воено-административна организација. Изворите од IX в. соопштуваат за две категории на такви архонтии: едни, кои за своја глава имале лице назначено од императорот, од средината на местната словенска елита, и други кои како владетел веќе имале претставници од воено-административниот врв на Империјата, претежно грци. Политиката на Империјата во текот на целиот IX в. била насочена кон тоа; секаде каде што можат да ги заменат словенските архонти со императорски чиновници.

Испраќањето на Методиј во „словенское књажение” била една од пројавите на на таа политика. За жал, текстот на изворот не дозволува точно да се определи, каде се наоѓало тоа «књажение». На Балканот во средината на IX в. постоеле редица такви територии.

Спорно останува прашањето; навистина ли, во почетокот на 50-ите години од IX в, Константин престојувал крај реката Брегалница и обратил во христијанството многу словени. Фактот дека преподобен Кирил дејствувал „во градот Равен (кај с. Крупиште, штипско), на реката Брегалница” се споменува само во еден документ, во «Успение Кирилово», кој бил составен на територија на Бугарија, а е оспорен од мнозинството научници.

При императорот Теофил (829-842 г.), кој бил презафатен во борбата со арапите во Мала Азија и Сирија, Бугарите почнале да ги освојуваат земјите на словените во Македонија, која влегла во состав на Бугарија околу 864 г., спроти нејзиното покрстување во 865 г.

One thought on “Архонтот Методиј во Македонија

  1. Територијата со која управувал св.Методиј била северно од Солун, па се до Срумица и Брегалница.

    Првото словенско книжевно дело „ закон суднеј људех“, св.Методиј го напишал во Струмица. И овде по течението на реката Бела, (Водочница), организирал кршевање на словените.

    Во Брегалница, заедно со неговиот брат Константин, мислам 855 г, го извршуваат првото организирано покрстуваје на новодојдените словени.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s