Големиот раскол во ретроспектива и црковното Единство во перспектива

Рано утро, 16 јули 1054 година. Константинопол. Храм на Света Софија. Тројца  римски легати – пратеници на Папата Лав IX – предводени од кардиналот Хумберт ја прочитале грамотата за исклучување од Црквата на Михаил Керулариј – Константинополскиот Патријарх и неговите следбеници. Како одговор на тоа, Михаил Керулариј не ги признал легатите за легитимни и од своја страна, тој ги исклучил нив од Црквата. Тоа се случило на денешен ден, пред точно 955 години.

„Двемилениумската историја на христијанството е исполнета со настани кои го определиле животот, не само на Христовата Црква, туку и на цели народи и цивилизации. Несомнено, еден од нив е поделбата меѓу Источната и Западната Црква, кој традиционално се датира во 1054 г.

Во изворите на конфликтот бил спорот за обредни разлики меѓу Западната и Источната Црква. Тие разлики постоеле во текот на целиот прв милениум од христијанската историја, но никогаш порано не биле повод за раскин на црковното единство. Непосреден повод за тоа послужила одлуката на Константинополскиот патријарх Михаил Керулариј (1043-1058 г.г.) да бидат затворени во Константинопол црквите и манастирите од латински обред, кои Евхаристијата ја вршеле со пресни лебови. Оваа одлука, од своја страна, била реакција на притисоците врз грците во јужните провинции на Италија, кои ја запазувале византиската традиција. За решавање на ситуацијата папата Лав IX (1049-1054) испратил во Константинопол легати предводени од кардиналот Хумберт. Додека папските легати сè уште биле на пат, папата Лав умрел, а со тоа, самите тие како негови лични пратеници, автоматски ги изгубиле своите полномоштва. Затоа анатемата кон патријархот Михаил Керулариј и „оние со него,” прогласена во булата, која кардиналот Хумберт на 15 јули 1054 година ја оставил на олтарот на Света Софија, немала никаква канонска сила. Анатемата со која одговорил патријархот Константинополски и неговите епископи, прогалсувајќи ја на синодско собрание, се однесувала лично на легатите на Римската Црква. Од формална гледна точка, тој судир на Запад и Исток не смеел да доведе ни до прекратување на општењето меѓу Источната и Западната Црква, а уште помалку до поделба меѓу Римската и Константинополската Патријаршија…”

Ова гледиште на архиепископот Волоколамски г. Иларион (целосен текст) во однос на конкретниот чин што се смета за клучен во процесот на поделбата меѓу Римската и Константинополската Патријаршија ме потсети на прекинувањето на богослужбеното единство помеѓу Српската Православна Црква и Македонската Православна Црква, кое се случило веројатно од помалку оправдани причини во споредба со околностите кои го иницирале настанот што ја обележал поделбата меѓу спомнатите цркви. Имено, во нашиот случај не станува збор за внесување на измени во исповедањето на верата.

Во овој контекст, на самиот почеток на овој месец во македонските медиуми проструи информација, дека во дијалогот со СПЦ, „МПЦ ќе понуди по црковен пат да се бара решение на политичкиот проблем. Ќе биде предложено заедничко сослужување кое ќе ги стави на страна историските контексти кои ја обременуваат можноста за компромис. Заедничката литургија може да биде рамката во која ќе се бара патот до компромис.”

Историјата на Црквата знае за периоди кога црковното општење меѓу Рим и Константинопол времено било прекинувано, но свеста за неопходноста од единството на Христовата Црква и добрата волја за него – овозможувале западните и источните христијани повторно да постигнат согласност во Христа.

До денес останува борбата со молитва и дијалог за надминување на поделбата против времето кое работи во полза на оддалечувањето едни од други [деновите се зли (Еф. 5.16)]. Господ Исус Христос го моли својот Отец “сите едно да бидат, како Ти Отче што си во мене и јас во тебе, и тие во нас едно да бидат” (Јн. 17,21). Оваа молитва за христијаните искажува и можност и должност.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s