Неракотворена икона (?)

Силуета што наликува на ликот на Пресвета Богородица од иконите се појавила на пресечено дрво во велешката населба Чашка, на 21.07.2009 г. Сличноста е видлива само под услов ако дрвото се намести во определна положба.

Интересно е и тоа што Руската Православна на 21 јули го празнува јавувањето на чудотворната икона наречена Казањска. Божјата Мајка се јавила во сон на деветгодишното девојче Матрона и ѝ заповедала да ја извади нејзината икона која в земја ја закопале тајните исповедници на православието уште во времето на владењето на муслиманите. Но во тој случај станува збор за света икона, а во случајот што го обработија новинарите и го разубавија со дополнителни ефектни изјави – претенциозно е и да се рече дека станува збор за „ликот на Богородица.”

Како и да е, мислам дека е проблематично експресното прославување и демонстративното оддавање почит на пресеченото дрво како на света икона, без црковно санкционирање на настанот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s