Рагбистот Трој Поламалу – ревност на теренот и во православната вера

Бекот на рагби-тимот Питсбург Стилерс (Pittsburgh Steelers) и ѕвезда на американскиот фудбал Трој Поламалу (Troy Polamalu) важи за еден од најжестоките играчи на теренот. Но, во приватниот живот Поламалу е тивок семеен човек и ревностен православен христијанин. Минатата година го добил првото дете, кому во чест на старец Пајсиј Светогорец му го дал името Пајсиј.
За августовското издание на Питсбург магазин (Pittsburgh Magazine) Трој дал интервју, од кое издвојуваме еден дел:

Што е она што најмногу го сакате за своето дете?
Несомнено, мојата најголема желба е тој да ја разбере духовната борба и да биде побожен православен христијанин. Истото го посакувам и за мене. Благодарен сум за тоа што Пајсиј расте во Православната Црква, окружен од монаси и свештеници, што може сето тоа да го впива, да не го прифаќа како даденост и вистински да го негува.

Како би ја дефинирале духовната борба која штотуку ја спомнавте?

Тоа е борба меѓу доброто и злото, а со тоа доаѓа и борбата против алчноста, љубомората, материјализмот, гордоста и сите видови борби со кои се соочуваме секој ден, секој миг во текот на денот.

Пред неколку години се обративте во Православието. Каде одите на богослужби?

Често одиме во грчки манастир во Саксонбург, во манастирот во Аризона и неколику парохии во Питсбург. Го сакаме манастирот, зашто таму е најмирно и можеме да разговараме со монасите. Ме фасцинира нивната секојдневна борба.

Шта е тоа што ве привлекува во монашкиот живот?

За мене, верата значи се едноставно да се биде на овој начин. Ако некој верува во Бога и во Светото Писмо, како тогаш може да се биде во сенка, //во меѓуподрачје. За мене, Христијанството е црно-бело. Или го сфаќаш сериозно или не. Монасите го сфаќаат спасението сериозно во сите аспекти на животот. Секако, не мислам дека сите мора да живееме како монаси за да се спасиме. Некои се за брак, а некои за манастир. Сепак, монасите ни даваат пример како да живееме побожно.

Во Аризона живее едан монах – старец Еефрем, мојот духовен отец. Тој е олицетворение на Света Гора во Америка.

Што е најважното што сте го научиле од него?

Дека без смирение не можеш да го доживееш Бога.

One thought on “Рагбистот Трој Поламалу – ревност на теренот и во православната вера

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s