Вистината

Меѓу прашањата кои одамна се наречени «проклети», е и прашањето за постоењето на вистината. Секако, може да се забие главата во песокот на скептицизмот и да се рече: сѐ е релативно, нема ништо апсолутно и никаква вистина не постои. Но, зарем не е нелогично да се рече дека не постои вистина, а самото тоа тврдење – да се смета за вистинито?

Всушност, насекаде сме окружени од вистини. Вистина е дека сме живи; вистина е дека овој свет – не е илузија на нашето сознание и реално постои; конечно, вистина е дека 2+2=4. Но, зошто тогаш скептикот продолжува да вели: «Тие вистини постојат, а Самата Вистина – не постои!?» Очигледно е дека кога по Понтиј Пилат го поставуваме прашањето: «Што е вистина?» – ние говориме не за точноста на некакви математички аксиоми, туку за нешто друго. Зарем вистините кои се расфрлани насекаде – не сочинуваат еден ланец, една цврста низа сплетена во некаква неведлива слика – и можеби, слика со смисла? Во тој случај, луѓето  нема малодушно да сакаат да се скријат од категоричноста на Вистината напишана со голема буква. Зашто, ако постои Вистината, таа има непосреден однос кон секој секој човек?

Блажени Августин вели: «Љубејќи нешто друго, (невистинито), луѓето сакаат она што го љубат да се покаже како вистина – и затоа тие ја мразат вистината, заради љубовта кон она што тие го сметаат за вистина».

Самиот збор «вистина» потекнува од глаголот «быть»: вистината – е «ест-ина» – она што всушност е (ест). Но за што може да се каже дека вистински постои? Секој предмет или појава има свој извор. Ништо не е самобитно во овој свет! Затоа, кога на гората Синај низ громови и молњи Мојсеј го слуша гласот на Бога – «Аз есмь Сый» – што значи «Јас сум Тој кој Е (Ест)» – тој го слуша гласот на Самата Вистина.

«За да стигнеме до Вистината – пишува свештеникот Павел Флоренскиј – треба да ја оставиме својата самост, треба да излеземе од себе; а тоа за нас е неможно, зашто сме – плот. А… како во таков случај да се фатиме за Столбот на Вистината? – Не знаеме и не можеме да знаеме. Знаеме само, дека низ отворените пукнатини на човечкото размислување станува видлив сјајот на Вечноста. Тоа е несфатливо, но тоа е – така. И знаеме дека “Бог е Бог Авраамов, Исааков, Јаковов, а не Бог на философи и научници.” Тој доаѓа кон нас, нѐ фаќа за рака и нѐ води така, како што не би можеле да помислиме».

Вистината, како што неа ја гледа христијанското откровение – никако не е некаков бесмислен и мртов закон на битието на огромниот механизам кој се вика Вселена. Вистината има свое лице, Нејзините очи внимателно гледаат во човечките срца; дали останало во нив уште нешто што е сродно со Неа? Нејзиниот поглед е строг – но е поглед со љубов. Вистината има човечко лице – тоа е ликот на Богочовекот – Исус Христос. Вистината – е «Незаборав кој не можат да го однесат потоците на Времето, таа е Тврдина која не може да биде поткопана од Смртта, таа е Суштество најсуштествено, во кого нема никакво Небитие» (о. Павел Флоренскиј). И таа Вистина е крај нас, таа никогаш нема да пресуши, без оглед што многу квази-вистини се обидуваат да ја засолнат, да се претстават како Главната Вистина на Битието. Само да не се измориме пронаоѓајќи ја Вистината во хаосот на лажни дела и човечки зборови, во таа смеса од вистина и лага, онаа единствена Вистина што може да спаси.

Превод од: Истина

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s