Беседа на Неделaта пред Воздвижение на Чесниот Крст Господов

Во Евангелието што го слушавме на Литургијата се говори за тајната на љубовта. Денес сите зборуваат за љубов, но мора да бидеме одговорни при употребувањето на светите зборови каков што е зборот љубов.

Спроти Христовите страдања, пред да биде распнат на Крстот, првосвештеници, книжници и фарисеи – сите познавачи на Светото Писмо, му пристапуваат на Господа со лукава намера да го уловат. И еден од тие книжници го прашува Господа; која заповед е најголема. Книжниците внимателно го проучувале Законот. Во него наоѓале 613 заповеди, од кои  248 – заповедувачки, односно што треба да се прави, а другите 365 – забрани кои предупредуваат што не треба да се прави.

Што мисли за тоа Христос?

Христос не ја спротивставува љубовта на Законот, туку покажува која е најголемата заповед скриена внатре, во Законот, каква ризница има во неговата длабочина. Целиот  Закон и пророците – вели Тој – се засновани на овие две заповеди:

„Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; тоа е првата и најголема заповед, и

Возљуби го твојот ближен како себеси.“

Ова значи дека целото  Писмо останува без смисла – сите заповеди – ако во нив ја нема љубовта или барем, устременост кон љубовта.

Светото Писмо ни ја кажува најзначајната вистина за Бога, имено, дека „Бог е љубов“  Сè вo светот – и небото, и земјата, не само Законот и пророците – сè е основано на љубовта. Одземи го Законот на на љубовта и сè се распаѓа. Сите пророци говорат за љубовта и живеат преку љубовта, зашто само преку љубовта можеме да гледаме. Само преку љубовта може да се види што се случува и овде, на земјата, и во вечноста. И ништо во нашата вера не е вистинско и православно, ако на прво место не стои љубовта.

Светите отци велат дека љубовта е главната тврдина: само во неа може да биде безбедна Христовата војска. Љубовта е главната тајна на човекот. Што е човекот? Тој е  суштество кое Бог го создал за љубов.

Но, нашето гревовно, паднато срце не може да ја прифати заповедта за љубовта без подвигот на покајанието: Заповедта е духовна, а со нашите срца завладеало телото; заповедта е – нова, а нашето срце – старо, остарено од грев.

Нашата природна љубов е повредена со гревопадот; нашата природна љубов треба да се преобрази  во света љубов, да стане љубов во Христа, преку Христа, заради Христа. Сите својства на новиот човека мора да бидат нови. За Евангелието е безвредна телесната љубов и телесните чувства.

Ако мислиме, дека го љубиме Бога, а во нашето срце живее непријатно расположение, омраза макар кон еден човек: тогаш смртно се лажеме.

Ако некој рече – вели свети Јован Богослов: “јас го љубам Бога”, а својот брат го мрази, тој е лaжливец… Ние имаме од Него таква заповед; оној што го љуби Бога, да го љуби и својот брат (1.Јн. IV. 20-21).

Пројавувањето на духовна љубов кон ближниот – е признак на обновуање на душата од Светиот Дух: „Ние  знаеме“ – исто така вели св. Јован Богослов – „дека преминавме од смрт во живот, затоа што ги љубиме браќата; оној што не го љуби братот – престојува во смртта“ (1.Јн. III. 14).

Совршенството на Христијанствот – е во совершената љубов кон ближниот. Совршената љубов кон ближниот – е во љубовта кон Бога која нема крај, за која напредувањето и усовршувањето се бесконечни. Напредувањето во љубвта кон Бога е бесконечно: бидејќи бесконечниот Бог е љубов (Јн. IV. 16).

Во љубвта е – исполнувањето на целиот Закон и јаремот на заповедите навистина е лесен ако се носи со љубов. Господ вели: „Земете го  Мојот јарем на себе“ – и ако ние би научиле во овој свет да одиме по тој стар и сепак, вечно-нов пат, тогаш уште овде, на земјата, ние би го нашле спокојот на нашите души.

Денес во Евангелито слушнаваме дека книжниците и фарисеите, замолкнале по одговорот на Спасителот. А, тој од своја страна им поставува прашање: „Што мислите вие за Христос, Чиј Син е Тој?“ Одговорот на ова прашање за нив бил познат, зашто тие неколку пати во денот повторувале дека Христос (Месијата) – е Син на цар Давид. За нив не било тешко да одговорат на прашањето кое им го поставил Спасителот.

Но, ако Христос – е Син Давидов, ги прашува Господ, зошто тогаш Давид него го нарекува Господ? Сите можеме тоа да го прочитаме во 109 псалм. Oдговорот што тие го даваат е недоволен, неадекватен. Кога некој татко се обраќал кон својот син како кон Господ? И за оние што не ја знаат Божественоста на Христос, тоа не може да не биде апсурд.

Затоа тие молчат – не знаат, што да му одговорат на Господ. Или пак, молчат, бидејќи не сакаат да го признаат како Месија, како Син Божји.

А за нас кои го знаеме Бога, одговорот со вера – по дарот Божји, по дарот на Христовата љубов – одгововорт е сосема јасен. Како Бог: Христос e Господ за Давид, а како човек: тој е Син на Давид. Тоа, дека тој е Син Давидов, може да се дознае, ако се прочита христовиот родослов во Евангелието, а тоа, дека Тој е Бог, никој ум не може да го сфати.

Токму поради тоа што Господ наш Исус Христос е Господ за Давид, можеме да разбереме и дека тој е Син Давидов. Да ја разбереме тајната за неговото Божествено понижуање, тајната на неговата љубов, тајната на неговото вочовечување, кога тој стана човек и го помина целиот човечки пат до крај, до смртта на крстот.

Господ им ги затвора устите на тие лажливци, „и од тој ден“ – како што вели Евангелието – „никој од нив веќе не го прашуваше ништо.“ Ако тие ја барале вистината, кога го слушнале христовиот одговор, тие би поставувале и други прашања и би го поставиле и главното прашање: „Што да правиме, за да се спасиме?“ Но, бидејќи имале друга цел, си заминале.

„Што мислите за Христос?“ – Господ истото го прашува и секој човек. Едни не мислат за Него ништо, други го сметаат за обичен човек, трети се непријателски настроени против Него, како што биле овие книжници.

Ние мора да паметиме, дека почитувањето на Христовиот Крст ја определува нашата мисла, нашиот дух и нашето исповедание на верата. Ако тоа е правилно и вистински, тогаш ни се открива Божјата љубов, ни се дарува благодатта на Светиот Дух со кој ја спознаваме основната тајна на животот: – Кој бил и кој е во вечните векови Спасителот наш, Месијата, Христос.

Неделата пред Праздникот Воздвижение на Крстот е празник пред празникот и подготовка за големиот празник.

Орудието за срамна казна, Господ Исус Христос го освети со своите страдања и со својата крв. Тој го направи крстот орудие за нашето спасение.

Господ Исус Христос на крстот се жртвуваше за спасението на човечкиот род. Затоа – крстот стана жртвеник на кој беше принесена  сесветската Жртва.

Крст е местото каде нераздвојно се соединуваат вистината и љубовта, зашто во светот љубовта без вистина – пропаѓа.

Крстот е видлив израз на  верувањето на христијанинот, тој е накраток символ на верата. Крстот е – знаме на нашата вера. Под тоа знаме на победата протекува целиот живот на христијанинот. Денес христијаните трпат многу порази, бидејќи го заборавиме своето знаме, многумина го осквернуваат со невнимателно и неправилно мавтање со раката. Сега христијаните се должни да го пронајдат своето знаме, да го кренат високо и со него да го осветат својот живот. Светиoт Крст Господ е знаме на победата и со него го победуваме злото и сега и секогаш. Амин.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s