На 25 декември нашите словенски предци, пред да го примаат христијанството, го празнувале раѓањето на бог Коледа. Сонцето настапувало во вид на дете. Новороденче е сонцевиот диск кој во древноста бил нарекуван Коло. Новороденчето Коледа го фаќа вештерката Зима и го претвора во волче. Кога од Коледа ќе го симнат волчјото крзно и ќе го запалат на пролетниот оган, Коледа ќе се појави во целата своја убавина. Сонцето го испраќаат на југ да ја сретне Пролетта.
Солстициум се нарекува положбата на Сонцето; и тоа во зима кога денот е најкраток – краткоденица, а во лето кога денот е најдолг – долгоденица. Зимниот солстициум е на 25 декември. Празникот Коледа го празнувале од 25 декември до 6 јануари – денот на паганското божество Велес. Празникот Коледа е празник на зимниот солстициум и на истоименото божество. Празникот Коледа го нарекувале и Даждбожји ден или Карачун.
Коледа го повикувале со песни, му ги посветувале предновогодишните денови. Во негова чест се приредувале и маскенбали. По примањето на Христијанството, празникот Коледа добил нова содржина – најавување на Христовото Раѓање. Ритуалните пагански обичаи се менуваат тешко и бавно се преобразуваат. Руската Патријаршија уште на 24 декември 1684 г. објавила забрана за повикување и поклонување на Коледа.
prekrasno