Од божикното послание на Патријархот Константинополски Вартоломеј

Дeнес «Словото плот стана и се всели среде нас» (Јн.1:14) и ангелите торжествено го празнуваат овој настан, пеејќи: «Слава во височините на Бога и на земјата мир, во луѓето добра волја (Лк.2:14) .

Со Воплотувањето и Вочовечувањето на Словото веќе потенцијално се извршило спасението на човековиот род. Бидејќи, оние што поверувале во Христа, го живеат животот согласно со таа вера, со заповедите на тоа учење на Исус, се вознесуваат благодарение на таквиот богоугоден живот и стануваат пријатели и заедничари на Бога! Тие стануваат «причестници на Божествената природа» (2 Пет. 1: 4), богови по благодат! И тоа се случува исклучиво во Црквата, каде што човекот се преродува во Христа, посиновен е од Отецот во светото крштевање и понатаму, со светите таинства и со обработувањето на добродетелта, се исполнува со Божествената благодат и со Светиот Дух и расте «во маж совершен, во мерката на возрастот на полнотата Христова» (Еф.4:13), додека да рече со апостолот Павле: «Живеам веќе не јас, туку живее во мене Христос» (Гал.2:20). Оние што се усовршуваат на тој начин, Христос ги смета не просто за Свои пријатели или браќа, туку ги признава за членови на Своето тело. Затоа од височината на Крстот тој на Божјата Мајка ѝ рекол за евангелистот Јован: «Жено, еве го твојот син », а на Јован: «Еве ја твојата Мајка» (Јн. 19:26-27).

И така, Рождеството широко ја отвора вратата за човекот да стане Христос и бог по благодат, и токму заради тоа «празнува во радост целото создание и небесата со нас се веселат»  во овој знаменит и спасителен ден!

www.pravoslavie.ru

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s