1, 1, 2, 3, 5, 8, 13, 21, 34. . . Aко внимателно се погледнат, овие броеви чинат модел. Секој нареден број е збир од претходните два. Овие броеви се познати како низата на Фибоначи. Таа е код кој може да се најде насекаде во природата. На пример, листовите на гранката растат на меѓусебна оддалеченост која одговара на низата на Фибоначи. Броевите на Фибонач се забележани и кај цвеќето. Кај цветовите најчесто се јавуваат 3, 5, 8, 13, 21, 34, 55 или 89 цветни ливчиња. Овие броеви се јавуваат и кај сончогледите. Цветчињата кои подоцна стануваат семки на главата на сончогледот се разместени во два низа спирали: едната оди во насока на движењето на стрелките на часовникот, а другата во спротивна насока. Бројот на спирали во насока на стрелките често е 34, а во спротивниот – 55. Понекогаш овие броеви се 55 со 89, а повремено дури и 89 со 144. Сите тие се наизменични, последувателни, Фибоначиеви броеви (чијшто количник се приближува кон златниот пресек). Во книгата “Броевите на природата” Јан Стјуард укажува на околноста дека аглите меѓу целосно образувани спирали изнесуваат 137,5 степени, што е 360 степени помножено со 1 минус златниот пресек, а броевите на спирали во различни насоки, исто така, се два наизменични Фибоначиеви броеви.
И во музиката се наоѓа низата на Фибоначи. На пример, 13 ноти ја делат секоја октава која има 8 ноти во скалата, од кои петтата и третата нота создаваат основа за секој акорд, кој е базиран на цел тон, кој е 2 степени од кореновиот тон, што претставува една нота од скалата. Исто така, клавишите на пијаното имаат скала од 13 клавиши од кои 8 се бели, а 5 црни кои, пак, се поделени на групи по 3 и 2.
Интересно…