Недела на Страшниот Суд

Пред Великиот Пост има четири подготовителни Недели и тие се наречени: на митарот и фарисејот, на блудниот син, месопустнаа и сиропустна. Црквата ги предвидела тие недели како подготовка на верните за подвигот на постот со постепено воведување на воздржувањето:

Оваа Недела се нарекува месопустна затоа што денес завршува јадењето месо. Неделата месопустна се вика и Недела на Страшниот суд и затоа што денес го споменуваме сеопштиот, последниот и Страшен суд.

Овој суд е неизбежен и сигурен, како што за секого од нас е неизбежа и сигурна смртта. Но, Божјиот Суд, не е сличен со човековиот Суд. Бог е Судијата и во него е последниот суд, но всушност ние си пресудуваме со своите дела и со својата вера. Кога Бог го нарекуваме судија, тоа не значи дека тој е Судијата кого понекогаш луѓето безмалку со задоволство го повикуваат да ги казни нивните непријатели. Дури и кога се тешиме дека „има некој што сето тоа го гледа“ од нас можеби притаено ѕирка злобна одмаздољубивост со желба да му биде вратено со зло некому кој направил зло. Но, Бог нема ништо со човечкото пресметување на злосторставата и казните. Едноставно, Бог никому не враќа со зло и никого не испраќа во Пеколот. Ако забележавме, евангелието вели дека тој само ги одделил овците од козите. Овците т.е кротките и смирените по дух остануваат во негова близина од десната страна, козите како бунтовни заминуваат во стадото од левата страна.

На Страшниот Суд нема да се бројат ни добрите ни лошите дела, затоа што Хистос како Судијата суди според богоподобието. Богоподобие значи сличност со Бога. Човекот бил создаден како образ Божји, односно како слика, како икона на Бога и таа Божја икона во себе ја носи секој. Божјиот образ во нас е неизбришлив и може само да биде осветлен или извалкан. Но, подобието кое исто така било вложено во човекот при создавањето и се пренесува од род во род, може многу да варира – од висините на светоста до ѓаволска расипаност.

Со сите добри дела во целиото светотаински христијански живот, со сѐ што правиме со вера во Христа – стануваме слични на Христа. Ако живееме и работиме заради Христа тогаш добрите дела што сме ги направиле не ги сметаме за наши поени со кој ќе ја исполниме нормата за влез во рајот. Ако нешто добро сме направиле, со неговата сила сме успеале да го направиме. Фарисејот кој сакаше да го потсети Бога за неговите добри дела, не лажеше – тој навистина правел добри дела, тој згрешил со тоа што сметал дека добродетелите му ја гарантираат Божјата милост, дека го задолжил, го обврзал Бога за добрините да му врати со добро, со здравје и среќа… Но, Бог не го сака таквото спогодување. И затоа ни е кажано дека оправдан си отишол грешникот кој ги гледал своте гревови и барал простување од Бога.

Бог не тргува со човекот. Тоа е јасно од кажувањето за  работниците на кои

Бог им плаќа и тоа како што сака според својата љубов –им плаќа на оние кои работеле само еден час исто колку и на оние кои работеле во пладневната жештина. „Пријателу, не ти направив ништо лошо: ќе им дадам на последните колку и на тебе. Зошто твоето око е зло, ако Јас сум добар?“ (Матеј 20:12-15) Значи, Божјата добрина во наши очи често не изгледа правична. Ние сметаме дека е чесно ако секому му се даде според заслуженото, но очигледно, Божјата пресметка е далеку од нашето пазарење. За многумина нема да изгледа праведна постапката на таткото кој го примил својот син што го уништил своето богатство во разуздан живот, а заради покајанието го пречекал со прегратка и му дал власт над својот имот. Тој татко е слика на нашиот милостив небесен Отец кој го прима нашето покајание.

Значи, кога велиме дека Бог е праведен, не мислиме дека Тој е добар Судија кој знае како правично да го казни човекот, туку напротив, мислиме дека Тој е добар и исполнет со љубов, дека ги простува нашите престапи и непослушности, и сака да нѐ спаси со сите средства, дека никогаш не враќа со зло за зло. Свети Антониј Велики вели:

„Бог е добар, бестрастен и неизменлив… Божеството не чувствува задоволство или незадоволство заради човечките околности. Тој е добар и Тој само дарува благослови и никогаш не нанесува штета, останувајќи секогаш Истиот. Од друга страна, ние луѓето, ако станеме добри преку сличност со Него, тогаш сме соединети со Него, но ако станеме зли преку несличност со Бога, тогаш сме одвоени од Нега. Живеејќи во светост, ние се прилепуваме до Бога, а станувајќи порочни, го правиме наш непријател – не затоа што Тој станува гневен на нас како некој судија, туку нашите сопствени гревови се тие што го спречуваат Бога да свети во нас и тие не изложуваат на демоните што нѐ мачат. И ако преку молитва и мислосрдни дела стекнеме простување на нашите гревови, тоа не значи дека сме го придобиле Бога и сме го натерале да се промени во однос на нас, туку ние преку нашите дела и нашето свртување кон Божеството – сме се исцелиле од нашата порочност и повторно се наоѓаме во Божјата добрина.

Според тоа, да се рече дека Бог се одвратува од порочните, е исто како да се рече, дека сонцето се крие од слепите.“

„Ви велам – не ве познавам!“ Тоа се најстрашните зброви кои човек може да ги чуе од Господ Исус Христос! Тоа се зборовите кои значат дека некој останал туѓинец за Бога. Дека останал во темнината, затоа што не сакал да ја прими благодатта што тој изобилно и постојано ни ја дава.

Прифаќањето или одбивањето на Божјата благодат, целосно зависи од разумните созданија. Бог, како сонцето, никогаш не престанува свети и за добритее и за злите. Тој не ја повлекува Својата благодат и љубов, туку ставот што човек ќе го заземе кон оваа непрекината благодат и љубов, тој став ја определува разликата меѓу рајот и пакеолот. Оние што го љубат Бога, се среќни со Него, оние што мразат се многу несреќни, бидејќи мора да живеат во Неговото присуство. Не постои место, каде што некој може да избега од сеприсутната Божја љубов.

Рајот или пеколот зависат од тоа, како ќе ја прифатиме Божјата љубов. Дали ќе возвратиме на љубов со љубов, или Неговата љубов ќе одговориме со омраза? Ова е суштинска разлика. И оваа разлика зависи единствено од нас, од нашата слобода, од нашиот најдлабок личен избор.

Оваа слобода, овој избор, овој внатрашен став кон нашиот Творец е – најдлабоката срцевина на нашата вечна личност, тоа е нашето вечно лице – светло или темно, лице што љуби или лице што мрази.

Не, браќа, влегувањето во рајот или пеколот не зависат само од Бога. Многу повеќе тоа зависи од нас, и во тоа е целата наша трагедија. Бог единствено што сака е – слободно да се усовршуваме според неговиот образ и според неговото подобие во вечната светлина на неговото царство.

Свети Јован Лествичник вели деда „пред да паднемеме (во грев), демоните ни велат дека Бог му е пријател на човек; но откако ќе паднеме – велат дека е немислосрден и суров.“ Ова е лукава демонска лага: да нѐ убеди дека секоја штета во нашем животу, за свој причина го има Божјото расположение; дека е Бог ќе ни прости или ќе нѐ казни. Сакајќи да нѐ фрли во грев, и потоа да нѐ натера да ја изгубиме секоја надеж дека ќе се ослободиме од гревот – демоните сакаат да го претстават Бога како некој кој некогаш простува сѐ, а некогаш е немилосрден. Тоа, е ужасна лага, која придонесува голем дел од луѓето да го губат вечниот живот. Бог секогаш љуби, Тој секогаш простува…

Меѓутоа, оној што никопгаш не простува, никогаш не му е пријател на човекот, тоа е гревот. Гревот ја уништува нашата душа независно од Божјата љубов, зашто токму гревот е патот што води далеку  од Бога, зашто гревот гради ѕид који нѐ одвојува од Бога, грвот ги уништува нашите духовни очи, правејќи нѐ неспособни да ја видиме Божјата светлина.

Демони скаат да нѐ натераат за нашето спасение или за нашата вечна духовна смрт, секогаш да размислуваме во правосудни поими.

Нашето спасение или нашата вечна смрт – не се прашање на Божја одлука , туку на наша одлука. Тоа е прашање на нашата слободна волја, која Бог ја почитува и сега, а присилно нема да ја менува ни во вечни векови. Опасноста не доаѓа од Бога; таа даѓа од нашето сопствено „јас“.

Ако сега некој е збунет и не разбира како е можно; Божјата љубов некого да направи изопачен и дури запален како да е во пламен, нека размисли за постариот брат во пимерот за блудниот син. Зарем тој не бил на имотот на својот отец? Зарем целиот имот не му припаѓал и нему? Зарем не ја имал кон себе татковата љубов? Зарем таткото не отишол да го моли и преколнува, да влезе и да учествува во радосната веселба?

Штао го палело со внатрешна горчина и омраза? Зошто не се радувал заради враќањето на братот? Зошто немал љубов ни кон својот отец, ни кон својот брат? Зарем не, заради своето изопачено, внатрешно расположение? Зарем самаат љубов не била то што го стврднувало  негово срце сѐ повеќе и повеќе? Зарем радоста не била таа, што го направила тажен? Зарем не горела омраза во неговото срце – омраза кон таткот и кон братот, омраза заради љубовта на неговиот татко кон неговиот брат и омраза заради љубовта на неговиот брат кон неговиот татко?

Тоа е пеколот: одрекување и отфрлање на љубовта; враќање на љубов со омраза; огорченост при гледање на невина радост; да се биде окружен со љубов, а сепак да се има мораза во срцео. Тоа е состојбата на проколнатите. Сите тие се сакани и биле повикани на радосната веселба. Сите тие живеат во Божјото Царство, на Новата Земја и Новото Небо кои ќе бидат воспоставени по воскреснувањето од мртви. Никој не ги отфрлил. Дури и кога би сакале да избегаат, не би можеле да заминат од новото Божјо Создание, ниту да се скријат од Божјата љубовна сеприсутност. За нив е најужасно тоа што во тој вечен живот, во тоа Ново Создание – Бог е сѐ во сѐ за Неговите созданија.

Рајот  и пеколот се едната и иста Божја Река, оганот на Божјата љубов кој ги покрива и опфаќа сите со иста благотворна волја. Истата животворна вода е вечен живот за верните и вечна смрт за неверните; рај за едните, пекол за другите.

Затоа денес пеевме: „Кога ќе дојдеш, Боже на земјата со слава и сè ќе трепери: огнена река пред судот тече, книгите се отвораат и тајните се јавуваат: тогаш избави нѐ од незгасливиот оган, и удостој нѐ да застанеме оддесно на Тебе, Судијо најправеден. Амин.”

Беседа прочитана на светата Литургија, во храмот Свети Николај Чудотворец, во Свети Николе.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s