Путь к Старцу
Русија, 2004
Tраење: 27 мин.
Титлови: Македонски
Филмот е снимен по повод 10-годишнината од упокојувањето на старец Паисиј Светогорец (Езнепидис).
Путь к Старцу [2004 DVDRip].torrent
Македонски титлови: Путь к Старцу [2004 DVDRip].srt
Блажениот Старец Паисиј (крштелно име Арсениј Езнепидис) се родил на 25 јули 1924 година (по стар стил) во населбата Фараса, во Кападокија (Мала Азија). При Размената на население (во 1924 г.) како дете бил однесен во Грција. Неговите родители се населиле во гратчето Коница, каде идниот Старец израснал и стекнал основно образование.
Уште од детски години Арсениј живеел како подвижник. Тој се насладувал со читање на Житијата на Светите, упорно, со извонредна ревност и со зачудувачка бескомпромисност стремејќи се да ги подражава нивните подвизи. Тој се оддавал на постојана молитва и истовремено се трудел да развие во себе љубов и смирение. Како момче го изучил дрводелскиот занает, сакајќи и во тоа да биде сличен на Христа. Кога во Грција почнала Граѓанската војна (1944-1948), Арсениј Езнепидис бил повикан во армијата, бил определен на специјалноста врскар и три и половина години ѝ служел на татковината. Во армијата тој го продолжил подвижничкиот живот, одликувајќи се со смелост, самопожртвуваност, висок христијански морал и разновидна надареност.
Откако го отслужил долгот кон татковината, Арсениј стапил на патот на монашкиот живот – кон кој се стремел уште од детството. Уште како лаик тој доживувал божествени искуства од животот во Христа. А кога станал монах, особената благонаклоност кон него – од Светите, од Пресвета Богородица и од Самиот Господ – станала сосема очигледна. Отец Паисиј се подвизувал на Света Гора – Атон, во манастирот Стомион во Коница и на Светата Гора на Синај. Тој го минувал својот живот во тајност, целосно доверувајќи се на Бога, Кој, од Своја страна, им го покажал на луѓето. Многумина оделе кај Старецот и наоѓале раководство и утеха, исцелување и мир за своите измачени души. Божествената љубов се преизливала од осветената душа на Старецот, сјајот на Божествената Благодат зрачел од неговиот преподобен лик. Старец Паисиј Светогорец цели денови неуморно ја исцелувал болката на луѓето, ширејќи околу себе божествена утеха.
На 12 јули 1994 година (по граѓанскиот календар), по навистина маченички страдања, кои, според зборовите на самиот Старец, му донеле поголема полза, отколку подвижничкото делување од целиот дотогашен живот, тој починал во Господа. Место на неговиот блажен крај станал манастирот Свети Јован Богослов, близу населбата Суроти, крај Солун. Таму, покрај олтарот на манастирскиот храм на Преподобен Арсениј Кападокијски, Старец Паисиј Светогорец бил погребен.
„Слова” од старец Паисиј Светогорец, во IV тома (PDF, RAR или ZIP)
ako moze da mi go ispratite filmot so starec Paisij na cd mojata adresa e
Bojan Adamcevski Bogomila 1415 veles