Брак меѓу блиските потомци на Адам?

Вчера во црквата дојдоа ученици и поставуваа прашања. Едно прашање беше за бракот меѓу децата на Адам и Ева.

-Ако бракот меѓу блиски роднини е грев и води кон изроди, како тогаш можеле децата на Адам да стапуваат меѓу себе во брак, ако тоа е протвиприродно. Или, децата на Ное?

Одговорив дека така било благословено во почетокот на човештвото за да се размножи човековиот род, а сега тоа е забрането и лошо. Денес побарав и други одговори на оваа тема:

Одговара јеромонах Адриан (Пашин), кандидат на физико-математички науки:
-Бог ја створил Ева од ребро на Адам, така што со самото тоа нивниот брак, од ваша гледна точка е, протвиприроден/крвосмешување. А, тој е непосредно благословен од Бога. Затоа, да не ги пренесуваме механички нашите поими на тоа време.

“Грев – според определбата на Светото Писмо е – беззаконие” (1.Јн. 3,4), т.е. нарушување на законот кој е е даден од Бога – вистинскиот Законодавец. Пред потопот, грев (во овој контекст) било само смешувањето на потомците на Сит – синовите Божји, со потомците на Каин – ќерките човечки.

Генетски аспекти
Познато е дека децата од луѓе во блиска крвна врска (брат и сестра) најчесто се раѓаат со големи аномалии. Колку родителите се поблиски роднини – толку поголема е веројатноста за ненормално потомство.

Да ја разгледаме генетската причина за овој закон. Секој човек има околу 30.000 гени. Секој човек наследува по еден ген од секој пар и од двата родитела. Денес гените содржат многу грешки (стекнати од гревот). Колку родителите се подалечни роднини, толку поверојатно е дека грешките во нивните гени ќе бидат различни. Децата кои наследиле по еден пар гени од секој родител, на крајот може да добијат максимум по еден расипан ген во секој пар. Добриот ген има тенденција да го надмине расипаниот, за да не дојде до (сериозно) изобличување на организмот.

Од друга страна, колку родителите се поблиски роднини, толку поголема е веројатноста дека во нивнте гени ќе се содржат еднакви грешки, бидејќи се наследени од исти родители. Детето од брак меѓу – на пр. брат и сестра – може да наследи еден расипан ген во истот пар гени од двајцата, што може да даде две расипани копии на генот и да доведе до сериозни дефекти.

Адам и Ева пред гревопадот немале генетски грешки. Кога бил создаден првиот пар луѓе, од физички аспект тие биле совршени. Сѐ што Бог создал било – сосема добро (Битие 1,31), што значи и нивните гени не содржеле никакви грешки. Но, кога во светот „преку еден човек, преку Адам“ влегол гревот, совршеното битие почнало да се изопачува, да умира и да се распаѓа. Со текот на времето тој распад произвел многу генетски грешки во живите организми.
Значи, децата на Адам и Ева, практично не можеле да наследат расипани гени, а и во почетокот на гревопадот таквите гени биле во минимален број. Во таа состојба и во тоа време, со Божјо одобрение, браќа и сестри стапувале во брак без ризик за ненормално наследство.

Во времето на Мојсеј дегенеративните грешки биле натрупани во луѓето толку, што Бог ги забранил таквите бракови (Левит 18-20).

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s