Разумен ли e рационализмот (или за Европа и хомосексуалците)?

Неoдамна Комитетот на Министри на Советот на Европа едногласно ја утврди новата «Препорака за борбата со хомофобијата и дискриминацијата со признаци на сексуална ориентација и гендерна идентичност«. Руската делегација, како што се известува, исто така се согласила со текстот на Препораката. Веројатно, нашата делегација многу сака во Европа.
Во нашиот јазик зборот «Европа» носи јасно позитивни конотации — област на култура, процвет и благосостојба. «Како во Европа» — е популарен рекламен слоган. Затоа, разбирлива е желбата «да се запишеме» во Европа, да бидеме примени, да бидеме «свои», разбирлива е желбата да влеземе во процесите на евроинтеграцијата, да се вклучиме во европските структури. Понекогаш соработката со таквите структури може да биде полезна; сепак ние, во секој конкретен случај, треба да го пресметаме односот на можни добивки и губитоци. Пред да се залетаме кон Европа, вреди да се разбере, каде всушност се затрчуваме.
Што го определува европскиот идентитет? До определен момент одговорот бил очигледен — германскиот поет и мислител Новалис, го нарекол своето главно дело «Христијанскиот свет или Европа». Христијанскиот свет, секако, е повеќе од Европа, но она што ја прави Европа — Европа, е она со што жителите на Париз, Берлин, Варшава или Москва, при сите огромни разлики меѓу нив, при сите конфликти, припаѓаат на еден културен простор — на Христијанството.
Денес менталитетот дури и на човекот кој не верува, уште повеќе, дури и на гневниот атеист, припаѓа на европската култура, која низ вековите ја формирало Христијанството. Сепак, Европа преживувала и периоди на луто самонегирање, востанување против своето христијанско наследство. Се појавувале моќни движења кои сакале да го редефинираат европскиот идентитет поинаку — и најзабележително од нив било (и останува) движењето кое себеси се нарекува «рационализам».
Идеологијата на современа обединета Европс се позиционира себеси како «рационалистичка» и својот идентитет го заснова на епохата на Просветителството. Во рамките на таа идеологија «разумот» е во спротивност со «верата», а «рационалноста» со «догмата». На верата во Бога, на приврзаноста со христијанските норми во областа на етиката, се гледа како на пречка на патот кон доброто на човештвото, како на збир на безсмислени суеверија и забрани, кои само го трујат човековото постоење.
Рационализмот од тој вид може да се критикува од гледна точка на библиското Откровение — но пред сѐ, вреди да се обрати внимание на тоа дека во практиката тој не е доследен на своите критериуми. Востанувајќи против догмите во име на рационалноста, тој покажува поразителна догматичност и ирационалност. Ние тоа го видовме кај комунизмот; за самите комунисти нивното учење беше највисокото достигнување на човечкиот разум, «не догма, туку раководство за дејствување», сепак од страна тој изгледаше догматичен и антиразумен.
Денешната идеологија на советот на Европа е восприемана од нејзините следбеници како рационална, адогматична и насочена кон доброто на луѓето. Сепак, дали тоа е така?  Препораките од Комитетот на Министри на Советот на Европа повикуваат на секој начин да се поддржува хомосексуалниот начин на живот и «да се води статистика за дискриминација и престапи во однос на омраза на LGBT», а притоа «да се прекине прибирањето податоци за сексуалната ориентација и гендерниот идентитет на граѓаните и за запишувањето на соодветните баз податоци».Тоа изгледа противоречно — како може да се прави статистика за престаплите против хомосексуалците, не правејќи статистика за самите хомосексуалци — но причината за таквата забрана станува јасна, кога ќе се направи статистика. На пример, според податоците на американската владина организација «Центар за контрола над болестите» (CDC) кај мажите кои стапуваат во полови односи со мажи, AIDS се диагностицира за повеќе од 44 пати почесто, отколку кај обичните мажи и за 40 пати почесто, отколку кај жените, сифилис — за 46 пати почесто, отколку кај обичните мажи и за 71 пат почесто, отколку кај жените.
Да забележиме — луѓето со хомосексуален начин на живот, се заразуваат почесто, не за 44 проценти, туку за 44 пати. И ете, Комитетот на Министри на Советот на Европа едногласно повикува секако да се поддржува и поттикнува начинот на живот кој е поврзан со толку катастрофални последици за здравјето — и на одделни луѓе и за општеството во целина. Европските рационалисти — изгледа, наспроти својот назив — малку размислуваат. Ако научните податоци им противречат на нивните идеологии — тие просто ќе побараат да не се прават статистики. Тоа и се нарекува рационализам, ако не знаевте. А ако имате нешто против — тоа е само затоа што сте фанатик кој е слепо приврзан на застарени догми.
Но, вреди да се размисли. Зад таа застрашувачка статистика стојат живи луѓе кои се заразиле, се разболеле, нанеле сериозна повреда на своето и на туѓо здравје, а многумина од нив веќе умреле — или наскоро ќе умрат. Ако нѐ загрижуваат правата на човекот — почнувајќи од неговото право на живот — не вреди толку да трчаме кон таквата Европа.

Сергеј Худиев, од pravoslavie.ru

One thought on “Разумен ли e рационализмот (или за Европа и хомосексуалците)?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s