Свети новомаченик Георги Кратовски е роден 1497 г. во градот Кратово, тогаш во границите на Отоманската империја. Неколку векови подоцна за неговиот град/потекло ќе напишат:
Во српските „ Житија светих“:
„Блажени Георгије – Ђорђе родио се у српском граду Кратову…“
Бугарската варијанта е малку покомпромисна:
„…бил роден през 1497 г. в гр. Кратово, Македония, в благочестиво българско семейство.“
Поп Пејо – авторот на првото житие на свети Георги и очевидец на светото мачеништво, во однос на географските/народните одредници нема потреба да додава ништо друго, освен:
„Овој блажен Георги беше роден во градот Кратово, Македонија, син на благочестиви родители, татко Димитар и мајка Сара.“
А, чиј е свети Георги? -Божји и на оние што со вера и љубов го почитуваат: Македонци, Срби, Бугари, Руси, Грци, Романци…