Во Британија учителите ги игнорираат убедувањата на своите ученици – христијани.

Инспекторите на британските школи согледале дека предавачите не обраќаат внимание на убедувањата на своите ученици-христијани, но притоа многу грижливо се однесуваат кон гледиштата на учениците кои исповедаат други религии – пренесува Интерфакс (Лондон, 8 јуни 2010 г.).

“Недоволно внимание им се укажува на учениците, кои активно го практикуваат христијанството. Нивното искуство често се игнорира, што многу се разликува од внимателниот однос кон искуството на учениците од други религиозни традиции” – се говори во рефератот на инспекторите, кој го цитира британскиот весник “Тајмс”.

Според податоците на рефератот, дури библиските истории предавачите ги користат само за да ги научат децата да ги изразуваат своите чувства и да пројавуваат сочувство кон слабите и немоќните, при што религиозната компонента целосно се исклучува.

Така, некој учител тврдел, дека целта на расказот за слепиот кој бил исцелен од Христос – е да се разбере како е да се биде слеп, и дури им предложил на учениците да напишат состав за тоа, што ќе изгубат, ако не би можеле да гледаат.

Според мислењето на бившиот епископ на Рочестер Мајкл Назира-Али, британската култура воопшто се срамува отворено да зборува за христијанството, што сепак не е случај во однос на другите вероисповеданија.

Тој исто така изразил загриженост дека учителите можат да ја претставуваат религијата како “смеса од интересни ритуали и празници”.

Да се предава религија станува сѐ поопасно. Минатата година некој учител во основно училиште во Лондон морал да си поднесе оставка, откако му се пожалил на директорот за антихристијанските предрасуди на своите ученици.

Во рефератот се наведува пример, како едно британско момче рекло дека се радува на убиството на заклан адвокат; “па тој беше христијанин”.

Предавањето религија е задолжително во британските школи, иако не влегува во државната програма. Целта на часовите е – да се покаже, дека христијанство – е главната религија на Велика Британија, а и да се даде претстава за другите основни религии во државата.

3 thoughts on “Во Британија учителите ги игнорираат убедувањата на своите ученици – христијани.

  1. За ова треба повеќе да се зборува. Навистина се позабележително е свесното а кај младите веќе нормално исмевање на христијанските вредности. Ако нешто се прифаќа тогаш е тоа само надворешна декларативна симболика, во суштина под површината, што многу лесно се забележува, стојат вредностите типични за западниот свет, кои не се вредности туку се постулати на анархија и единствено норми кои што можат на било кој начин да ги исмеат универзалните вредности.

  2. Англија е далекеку, а она што е далеку не боли колку она што е блиску до нас. Во нашите училиште се случува истото дури и полошо. Децата кои се интересираат за Христа ги застрашуваат дека станале попови и очи кога се интерресираат за верата, дека се заостанати., не напраднеи………..Ете да споделам искуство. Во едно учлилиште се правеше презентација кој да биде изборниот предмет, етика на религиите (попскиот предмет) или другите. Во презентацијата меѓу другото се кажа дека едне од темите за кои ке стане збор е лагата. Лагата е првото оружје кое го дофаќа детето за да избега од одговорностите, а во училиштето детето има можност да се усоврши во лагата. Опасноста е детето да создаде свет кој не постои….Одговорот на родителите подготвени веке од старите добри учителки беше………….па како ке учите за штетноста на лагата кога денес без лага не може да се успее…..и никој не одбра етика….

    • и така ќе почне….. родителите ќе си ги занемаруваат децата…се згрозив од констатацијата на дотичните родители и “загрижените” наставници…како стоеле работиве…сфатив дека веќе почнал крајот….
      ….тешко нам….

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s