Отец Глеб Грозовский – Духовник на ФК Зенит

Глеб Грозовский
Роден на: 19 март 1979 г., во Ленинград.
Образование: високо, завршен факултет за физичка култура на Санкт-Петербургскиот државен универзитет П.Ф.Лесгафт (2000), Санкт-Петербургска духовна академија и семинарија (2005).

Рaководството на ФК «Зенит» очигледно не згреши со изборот на духовник: свештеникот Глеб Брозовскиј – млад, воспитан, харизматичен, а и со фудбалско минато. Баќушката поминал во фудкбалската школа на «Зенит» 10 години.

— Отец Глеб, како започна вашата неочекувана соработка со «Зенит»?

— Ми се јави владиката Маркел, настојател на Софискиот соборен храм, и благослови да отидам со тимот во Казањ. Јас можам само да претпоставувам дека тоа била иницијатива на раководството на «Зенит». Немаме никаков договр до кога ќе трае мојата духовна дејност во «Зенит».
— Што мислите, зошто ве избрале токму вас?

— Веројатно заради моето фудбалско искуство, за тоа многумина знаат. А истовремено и заради мојата православна околина. Во семинаријата често игравме фудбал и со католици и со протестанти. Можно е за тоа да дознал и владиката.

— Од гледна точка на православието: Каква атмосфера царува меѓу играчите на «Зенит»?

— Ако нашите фудбалери се причестуваа и исповедаа, тогаш ќе немаше потреба духовно да ги просветуваме и да ги приближуваме до црквата. Можам да кажам дека во тимот ме прифатија пријателски. Никој не ме гледаше попреку. По натпреварот ми подадоа рака, ме тапкаа по рамо. Дик Адвокаат (главниот тренер на Зенит) ми пријде и лично ми се заблагодари. Навистина, веднаш не разбраа дека покрај нив е свештеник.

— Зошто?

— Бев облчен во клупската опрема. А кога дознаа, кој е пред нив, се чудеа: свештеник, а така му стои спортската опрема!

— Вие самите ли решивте да ја носите спортската опрема на Зенит?

— Ми ја дадоа пред натпреварот и рекоа: «Сакаш во расо оди, сакаш во спортска опрема». Јас ја облеков опремата, бидејќи во неа сум навикнат и ми е пријатно.

— За што разговаравте со играчите во Казањ?

— Ги прашував децата, се прашале ли: зошто живееме. Знааат ли за штетноста на пцуењето, за што многу фудбалери не водат сметка. Им раскажував дека гледањето на карти е грев. Шеговито им објаснував колку смешно изгледаат спортистите кога следат различни „знаци/претскажувања“.

— Се познававте ли од порано со некои од играчите на «Зенит»?

— Да, ги знам Малафеев и Аршавин уште од школата на «Зенит». Со Андреј не бевме многу блиски, сепак тој играше во «Смена», а јас во «Зенит». Но, како што се покажа, тој ме памети и мене и нашата екипа «Зенит-79». Во младоста убаво се дружевме со Кержаков, но одамна немаме контакт. А со Малафеев игравме еден против друг: јас бев напаѓач на «Зенит», а тој голман на «Смена». Уште тогаш забележав со каква вештина брани. Во Казањ разговоравме, се потсетивме на фудбалската младост.

— Во главниот град на Татарстан посетивте ли православни храмови?

— Бевме со еден фудбалер на Зенит, во Петропавловскиот соборен храм. Таму тој се причести. За православниот човек тоа е најглавното таинство покрај крштението. Му предложив да се причести, знаејќи го неговиот копнеж за Бога.

— А со странците во «Зенит» поразговаравте ли?

— Со нив малку разговарав, но темата религија не ја допревме. Просто остваривме контакт, колку што ми дозволува мојот англиски. Забележав дека корејците се чувствуваат осамени, со нив другите најмалку контактираат. Во принцип немам задача да ги обратам сите играчи на «Зенит» во православието.

— Што мислите, поддршката од црквата во ваше лице – реално му помогна ли на «Зенит» да победи?

— Зошто да не? Ако луѓето на помош ги имаат не само своите мускули, туку и Божјата благодат, тогаш таа, секако, помага за победа.

Разговарал: Павел Гуров

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s