Ставот на свети Јован Шангајски за преминување во друга црковна јурсидикција

Во последните месеци од втората светска војна, кога врската со Западна Европа била целосно прекината, руските православни архиери во Кина се посомневале дека ќе продолжи да постои Архиерејскиот Синод на РПЦ-Задгранична. На 26 јуни 1945 г., Харбинскииот и Манџуриски митрополит Мелетиј (Заборовскиј), архиепископите Камчатски Нестор (Анисимов; подоцна митрополит) и Хајларски Димитриј (Вознесенски) и Цицикарскиот епископ Јувеналиј (Килин) се обратиле со послание до новоизбраниот Патријарх Московски и на цела Русија Алексиј I со молба да ги прими под своето пастирство. Архиереите исто така испратиле писма до поглаварот на Руската духовна мисија во Кина – Кинескиот и Пекиншки архиеп. Виктор (Свјатин) и до епископот Јован со повик да го следат нивниот пример и да го признаат Патријархот Алексиј како законски поглавар на Руската Црква. Во писмото архиеп. Виктор на епископот Јован му предложил да воведе на богослужбите да се спомнува името на Патријархот Алексиј, а да се продолжи и со спомнување на името на Претстоителот на РПЦ-Задгранична – митр. Анастасиј (Грибановскиј). Во август истата година архиеп. Виктор му испратил на Патријархот Алексиј I телеграма со молба за себе и за епископот Јован (без негова согласност) Руската духовна мисија во Кина да биде примена под јурисдикција на Московскиот Патријархат (остварено на 27 дек. 1945).

Бидејќи комуникацијата меѓу Шангај и Пекинг била прекината и одовор на писмото од архиеп. Виктор не бил добиен, на 6 септември епископот Јован самостојно донел решение да биде спомнувано во руските храмови во Шангај името на Патријархот Алексиј «независно од разрешувањето на прашањето за потчинување на виша црковна власт». Сепак, на 2 окт. епископот Јован добил кратка радиограма од Женева од митр. Анастасиј дека продолжува дејноста на Архиерејскиот Синод на РПЦЗ. Спомнувањето на Патријархот Алексиј во Шангај од тој момент било запрено. Така, епископот Јован останал единствен од руските православни архиереи во Кина, кои не преминале во потчинување на Московскиот Патријархат. Во ноември, епископот Јован добил телеграма од Западноамериканскиот архиеп. Тихон (Троицкиј, кој соопштил дека заедно со архиепископот Источноамерикански Виталиј (Максименко), епископите Монтреалски Јоасаф (Скородумов; подоцна архиепископ) и Детроитскиот Јероним (Чернов; подоцна архиепископ) остануваат потчинети на митр. Анастасиј и не ја признаваат јурисдикцијата на Московскиот Патријархат.

Во почетокот на декември 1945 г. архиеп. Виктор (Свјатин) соопштил во писмо до епископот Јован дека преминува во јурисдикција на Московскиот Патријархат. Во одговор Јован му испратил на архиеп. Виктор изјава дека «заради возобновување на односите со Задграничната црковна власт ние можеме да преминеме под друга црковна власт, само ако бидеме распоредени од црковната власт на која се потчинуваме сега, бидејќи би станале нарушувачи на црковните канони». На 15 јануари 1946 г. архиеп. Виктор пристигнал во Шангај и побарал од епископот Јован да се потчини на епархиското началство и да се присоедини кон Московскиот Патријархат. Во одговор епископот Јован изјавил: «Јас се потчинувам на Задграничниот Синод, и како што тој ќе ми укаже, така и сум должен да постапам». Архиеп. Виктор му предложил на собранието на шангајскиот клир да го признае Патријархот Алексиј. Од своја страна, епископот Јован кој бил председател на собранието настојуваал на тоа, дека треба да се чека на укажување од митр. Анастасиј. Во текот на 2 месеци ситуацијата во руската. Колонија на Шангај останала неопределена. Конзулатот на ССР меѓу емигрантите агитирал за примање на советско граѓанство и враќање во ССР, тврдејќи дека Советската држава е благонаклонета кон Црквата. Епископот Јован активно се противел на таа агитација, посетувал парохии и општествени собранија. Архиеп. Виктор му забранил на Јован да свештенослужи. Јован не се согласил со неговата одлука, изјавувавјќи: «Јас ќе се потчинам на тој указ само кога ќе ми докажете со Светото Писмо и со законот на која било држава, дека престапувањето на заклетва е добродетел, а верноста на дадената заклетва е тежок грев».

Неприфаќањето на епископот Јован да премине во јурисдикцијата на Московскиот Патријархат не значело негово откажување од идејата за единството на Руската Црква. Подоцна тој говорел: «Јас секој ден на проскомидијата го спомнувам Патријархот Алексиј». Јован истакнувал дека «Руската Задгранична Црква духовно не е одделена од страдалната Мајка. Таа вознесува за неа молитви, го чува нејзиното духовно богатство и своевремено ќе се соедини со Неа, кога ќе исчезнат причините кои ги разединуваат».

Извадок од текстот: День памяти свт. Иоанна (Максимовича)

2 thoughts on “Ставот на свети Јован Шангајски за преминување во друга црковна јурсидикција

  1. Мислам дека начинот на кој што отец Јован Шангајски ги решил проблемиве, кои имаат суштинско еклискиолошко значење, е навистина пример за како треба да постапуваме и за сите останати прашања и проблеми поврзани со православието. Потребно е и ние да бидеме динамични во решавањето на еклисиолошките проблеми, и Богомудрено да постапуваме, а не сакајќи да го решиме проблемот да отидеме во некоја од двете крајности, како што најчесто се правело со ересите. Значи – решение соборно а не парцијално, секторно, секташко.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s