Архиепископ Илариoн (Алфеев) за Стивен Хокинг

Семјонов:
Владико, последната новост за познатиот научник, кој остарен и прикован за стол, почна да го негира Творецот, зачудува, бидејќи обично, приближувајќи се до смртта, човек повеќе размислува за духовното, за Бога. Вам не ви изгледа ли така?

Архиепископ Иларион (Алфеев):
Секој човек се развива различно. Тој научник не толку одамна во една од своите многу популарни книги оставаше можност Бог да постои, и дури секое од поглавјата на таа книга завршува со прашањето: постои ли Бог? Авторот како да кажуваше дека тоа прашање за него е отворено. На сегашната етапа тој за себе заклучил дека не постои Бог Творец. Ако тој, дај Боже, проживее уште некое време, можеби Господ ќе му ги отвори очите и тој врз основа на знаењата кои ги има денес, ќе се увери, дека Бог постои. Се работи за тоа дека научните сознанија кои тој ги наведува во своите книги — не можат ниту да го докажат, ниту да го побијат битието на Бога. Ние одлично знаеме една проста вистина, која е основана на физичките закони, дека од ништо не настанува ништо (ex nihilo nihil fit). Aкo не постоеше ништо и Никој, тогаш просто така нешто според физичките закони не можело да настане. Значи, некој стартен пункт сепак морало да постои. И никогаш досега не се случило, одеднаш да настане нешто од ништо. Значи, тоа прашање за настанокот на светот, од логичка гледна точка, од гледна точка на физиката, воопшто не може да биде посавено така што на него би се дал конечен одговор. Во крајна сметка, тоа е прашање на верата. Верниот човек, набљудувајќи како е уреден космосот, доаѓа до мислата дека овој свет не можел да се појави поинаку, освен по волјата на Творецот што го создал. Тоа го сфатиле и многу научници, и Њутн, на кого толку често се повикува Хокинг и многу други научници во минатото и сегашноста. Секогаш ќе има научници кои веруваат, како што и верјатно секогаш ќе има научници атеисти. Дај му Боже здравје на Стивен Хокинг, дај Боже тој да поживее толку, што би поверувал во Бога. // http://vera.vesti.ru/

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s