Разговор за „Благовестник“

Во последниот број на бугарското православно списание „Благовестник“ на стр.5 е објавен разговорот што го имавме со Атанасија Петрова:

1. Дякон Тони, здравейте! Господ реши да ни запознае в интернет с Вас. Направи ми впечатление, че имате много православни филми, които са за просвета на народа. Много от тях аз гледах и Ви благодаря, че ни давате тази възможност да се образоваме! Разкажете за Вас и Вашата дейност в църквата, за делата Ви, за хората.

Парохиски ѓакон сум во црквата Свети Николај Чудотворец во градот Свети Николе. Мојот град се наоѓа во овчеполието, во централниот дел на Р.Македонија, а припаѓа во црковна јурисдикција на Брегалничката епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Свети Николе е мал град, но божјата промисла го удостоила со прекрасното име на големиот светител. Овчеполието е предел од каде што потекнува преподобен Прохор Пчински. Постои предание дека на овчеполскиот простор имало четириесетина цркви. И во знак на тие цркви, од кои се останати и познати само мал број, на градскиот плоштад во Свети Николе е изграден монументален споменик со 40 столбови.

Свети Николе, со исклучок на само 1% од жителите, е христијански град. Црквата е многу посетена за големите господови и богородични празници, а од светците особено се почитувани, свети Никола, свети  в-мч. Георгиј, света Параскева, свети Димитриј…

Освен учеството во црковните богослужби, со мојата ѓаконска служба сум задолжен за ликовното обликување на епархиското списание „Троичник“, а се обидувам и во христијанската мисија преку преку интернет. Постепено ги учев комјутерските програми. Така, почнувајќи од неодминливиот Word, се интересирав и за програмите за графички дизајн. Потоа, отворив и личен блог, а како уредник на ТВ-емисијата Православна Ризница, полека навлегувам и во софтверот за обработка на аудио и видео.

Омилена работа ми е изработувањето на преводи, најчесто од руски, титлови за емисии и филмови.

Мислам дека Православната Црква сѐ повеќе ги согледува широките можности за проповед и комуникација што ги нуди интернет. Иако www т.е. сесветски распосланата пајажина носи многу искушенија да останеме заплеткани во неа, сепак интернетот е предизвик, можеби дури и задача за христијанинот – да го употребува одговорно и целисходно.

2. Кои са любимите Ви места в Македония, които са добре да посети един православен, когато дойде на поклонение?

Освен Охрид, кој како прв словенски светилник на Христијанството, е прилично познат и често посетуван, во Македонија постојат и многу други христијански светилишта што заслужуваат да бидат посетени. Воопшто, сметам дека е поважно да се сретнат луѓе кои би ни предале драгоцени духовни искуства, а не само да се восхитуваме од прекрасни градби, па затоа ќе спомнам неколку манастири во кои живеат монашки братства.

Манастирот свети Гаврил Лесновски, во селото Лесново, покрај Злетово, последниве десетина години доживува монашка преродба. Во дворот на овој манастир се наоѓа и гробот на општо-почитуваниот старец Гаврил Светогорец, епископ Велички. Во Македонската Православна Црква е започната процедура за канонизација на неколку подвижници, а меѓу предложените личности е и блаженоупокоениот епископ Велички Гаврил. Во струмичко исто така, во манастирите во Водоча и Велјуса се живее автентично-православен духовен живот. Во западна Македонија, Бигорскиот манастир оваа година слави 10-годишен јубилеј – возобновување на монаштвото…

3. Навярно сте бил в България и имате любими манастири и храмове и тук? Разкажете ни за това, моля Ви!

Во Бугарија имам посетено неколку цркви и манастири, а посебно во драг спомен ми е руската црква Свети Николај, во Софија, затоа што во неа присуствував на едно Бдение. Во криптата на црквата се поклонив на светите мошта на архиепископ Серафим Соболев. Се надевам дека во иднина ќе имам прилика да посетам и други цркви и манастири во Бугарија.

4. Кои са книгите, които Ви дадоха душеспасителни знания през живота Ви досега?

Светото Евангелие беше Книгата што ме соочи со духовната реалност на Небесното Царство. Кога првпат го прочитав Новиот Завет бев запрепастен од простите и силни вистини, а конечно и радосен, затоа што открив дека Христијанството не е едно меѓу другите религиозни учења, туку дека евангелските зборови се нераздвојни од богочовечката личност на Господ Исус Христос. Потоа во текот на богословските студии мојата вера ја формираа, пред сѐ, книгите „Точно изложение на православната вера“ од свети Јован Дамаскин, а од клучно значење за мене беа и: „Византиско богословие“ и „Христос во источно-христијанската мисла“ од протоереј Џон Маендорф, „Догматика“ од протоереј Димитру Станилое,  „Човекот против Бога“ од преподобен Серафим (Роуз), од јеромонах Софрониј (Сахаров) „Старец Силуан“, „За молитвата“ и „Гледање на божјото лице“, „Евхаристија“ од протоереј Александар Шмеман, „Верата на Црквата“ од Христо Јанарас и други…

Без црковните догмати не постои Христијанство, но Христијанството се остварува во конкретни личности кои Божјата благодат ги осветила и преобразила во јасни икони на Господ Исус Христос. Затоа омилено духовно четиво ми се житијата на светите, а особено житијата и биографиите на современи свети ликови.

5. Какво Ви е мнението за задължителното въвеждане на вероучение или ЗИП Религия- православие в училищата в България? Наскоро имаше литийно шествие в столицата ни и се събрахме много народ, в името Господне, водени от Светия Дух! Надяваме се правителството да реши в близко бъдеще този проблем и да бъде въведен предметът с Божия помощ! В Македония имате ли ЗИП- религия?

Колку што ми е познато, во Бугарија Светиот Синод на БПЦ бара учебниот предмет „Религија“, кој сега има статус на слободно избирана подготовка (СИП), да биде задолжително избрана подготовка (ЗИП) од І до ХІІ клас, како и во предучилишната подготовка.

Во Македонија предметот Веронаука два пати беше воведуван во државниот воспитно-образовен систем и два пати беше исфрлан со пресуда на Уставниот Суд дека, наводно, го нарушува секуларниот принцип на државата.

Последната одлука против Веронауката беше донесена лани и стапи на сила веднаш, пред да заврши учебната година, во месец април 2009 г. Така, 12.000 петто-одделенци останаа во недоумица, зошто некој одеднаш го забрани предметот Веронаука што им бил понуден како изборен предмет, а тие избрале да го изучуваат и со што ли е толку штетен и опасен тој предмет што не смее ни ден повеќе да се предава, иако веќе седум месеци ги обработувале наставните содржини по Веронаука?

Од реториката на политичките гласноговорници на партиите што Веронауката ја поставија на обвинителна клупа, можеше да се дознае во што се состои нивниот страв или кон што е насочен нивниот презир: „Нашите училишта се претворија во цркви и во џамии, и во училиштата влегоа попови и оџи?“ Таканаречените интелектуалци го означија како скандал и самото влегување на свештеник со мантија во училиштето.

Од таквите реакции се добива впечаток дека аргументите кои ги користат противниците на Веронауката, се засновани повеќе на личната омраза кон сѐ што се нарекува религија, отколку на некакви правни норми. Не мора човек да биде стручен правник за да согледа дека изучувањето на предметот „Религија” во различни форми не противречи на правата на човекот и на световниот карактер на образованието во повеќе земји членки на ЕЗ.

Изгледа сѐ уште не сме излезени од времето кога световното се изедначуваше со антирелигиозното т.е. со атеистичкото образование, во кое нема место за религијата и за Бога. Во епохата на социјализмот секое државно образование било нужно антирелигиозно, но денес не постојат причини за тоа. Сепак, враќањето на религијата во школата, при зачувување на световниот карактер на образованието, бара определен напор и време.

Во однос на секуларниот принцип на уредување на државата, треба да се има предвид дека Црквата е одделена од државата како институција, но не е одделена од општеството како заедница на конкретни личности и сочинува со него (или со поголемиот дел од општеството) една целина. Затоа, Православната Црква (и другите легални конфесии) не треба да дозволат државното школство да заземе отворено антирелигиозен карактер, туку имаат задача да се изборат за учество во државното воспитание и образование.

Во Р.Македонија од септември 2010 г. учениците од петто одделение во осумгодишното основно училиште имаат три изборни предмети: „Запознавање со религиите“, „Класичната култура во европската цивилизација“, и „Етика во религиите“ која на некој начин е бледа сенка на вообичаената Веронаука.

Македонската Православна Црква не се откажува од заложбите – младите да се запознаат со основите на верата на која ѝ припаѓаат, и се надева дека надлежните државни инстиуции ќе изнајдат начин – религиозното образование да се врати во училиштата, а притоа да биде обезбедено на цврсти законски основи, за да не служи како средство за меѓупартиски реваншизам и други политички игри.

6. Какви са добрите дела на Вашите свещенослужители, владици, миряни? Кой от тях изпъква най-ярко и с какво?

Свештенослужителите и верниот народот на Македонкската Црква како членови на едното Тело Христово, секој според своето место и сила, го вложуваат својот труд во изградувањето и напредувањето на Црквата.

Во нашата Брегалничка епархија, последниве неколку месеци е актуелна отоворената борба на Митрополитот Иларион против гатачите и бајачите. И другите митрополити се активни на различни полиња (хуманитарна дејност, издавачка дејност, уредување на манастирскиот живот), со единствена цел – вечното спасение на човекот.

На полето на проповедта особено се истакнуваат помладите свештеници. Тие ревносно се трудат да му ги доближат вечните, спасителни вистини на совремниот Македонец и преку организирање на трибини и настапи на медиумите го истакнуваат суштинското значење на светата Литургија.

7. Предстои Рождественският пост. Какво бихте посъветвали нашите читатели за поста и какво им пожелавате по повод предстоящите християнски празници?

Во рамките на пропишаниот пост, секој нека ја изнајде својата мера на постење во однос на храната. Најважно е во човек да се појави желбата и волјата за постење, да се направи обид, оној што не постел досега – да започне да пости макар и со најмал пост. Основнат афункција на постот е да го согледаме гревот во сета негова погубност и да се покаеме. Во Божикниот пост кој наближува, Господ нека ни даде сили да постиме со пост кој го поттикнува покајанието, со пост кој ќе ги оддржува телесните сили за да правење добри дела, за да можеме да ги очистиме нашите срца, да ја подготвиме нашата внатрешност – за да го примиме Богомладенецот кој еднаш се роди во Ерусалим од Пресвета Богородица и секогаш-дева Марија, а постојано се раѓа во срцата на оние што во него веруваат како во Спасител, Син Божји и Богочовек.

Благодаря за отговорите Ви, дякон Тони! Нека Бог да благослови делата Ви и мнозина около Вас да се спасят! Добре дошли винаги в България!

И јас Ви благодарам вам за овој разговор. Моја најголема желба е во Бугарија да дојдам и да учествувам во богслужба на која ќе сослужуваат бугарски и македонски свештенослужители.

Атанасия Петрова
Господ посред нас!+
1.11.2010 год.

1. Дякон Тони, здравейте! Господ реши да ни запознае в интернет с Вас. Направи ми впечатление, че имате много православни филми, които са за просвета на народа. Много от тях аз гледах и Ви благодаря, че ни давате тази възможност да се образоваме!

Разкажете за Вас и Вашата дейност в църквата, за делата Ви, за хората.

Парохиски ѓакон сум во црквата Свети Николај Чудотворец во градот Свети Николе. Мојот град се наоѓа во овчеполието, во централниот дел на Р.Македонија, а припаѓа во црковна јурисдикција на Брегалничката епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Свети Николе е мал град, но божјата промисла го удостоила со прекрасното име на големиот светител. Овчеполието е предел од каде што потекнува преподобен Прохор Пчински. Постои предание дека на овчеполскиот простор имало четириесетина цркви. И во знак на тие цркви, од кои се останати и познати само мал број, на градскиот плоштад во Свети Николе е изграден монументален споменик со 40 столбови.

Свети Николе, со исклучок на само 1% од жителите, е христијански град. Црквата е многу посетена за големите господови и богородични празници, а од светците особено се почитувани, свети Никола, свети  в-мч. Георгиј, света Параскева, свети Димитриј…

Освен учеството во црковните богослужби, со мојата ѓаконска служба сум задолжен за ликовното обликување на епархиското списание „Троичник“, а се обидувам и во христијанската мисија преку преку интернет. Постепено ги учев комјутерските програми. Така, почнувајќи од неодминливиот Word, се интересирав и за програмите за графички дизајн. Потоа, отворив и личен блог, а како уредник на ТВ-емисијата Православна Ризница, полека навлегувам и во софтверот за обработка на аудио и видео.

Омилена работа ми е изработувањето на преводи, најчесто од руски, титлови за емисии и филмови.

Мислам дека Православната Црква сѐ повеќе ги согледува широките можности за проповед и комуникација што ги нуди интернет. Иако www т.е. сесветски распосланата пајажина носи многу искушенија да останеме заплеткани во неа, сепак интернетот е предизвик, можеби дури и задача за христијанинот – да го употребува одговорно и целисходно.

2. Кои са любимите Ви места в Македония, които са добре да посети един православен, когато дойде на поклонение?

Освен Охрид, кој како прв словенски светилник на Христијанството, е прилично познат и често посетуван, во Македонија постојат и многу други христијански светилишта што заслужуваат да бидат посетени. Воопшто, сметам дека е поважно да се сретнат луѓе кои би ни предале драгоцени духовни искуства, а не само да се восхитуваме од прекрасни градби, па затоа ќе спомнам неколку манастири во кои живеат монашки братства.

Манастирот свети Гаврил Лесновски, во селото Лесново, покрај Злетово, последниве десетина години доживува монашка преродба. Во дворот на овој манастир се наоѓа и гробот на општо-почитуваниот старец Гаврил Светогорец, епископ Велички. Во Македонската Православна Црква е започната процедура за канонизација на неколку подвижници, а меѓу предложените личности е и блаженоупокоениот епископ Велички Гаврил. Во струмичко исто така, во манастирите во Водоча и Велјуса се живее автентично-православен духовен живот. Во западна Македонија, Бигорскиот манастир оваа година слави 10-годишен јубилеј – возобновување на монаштвото…

3. Навярно сте бил в България и имате любими манастири и храмове и тук? Разкажете ни за това, моля Ви!

Во Бугарија имам посетено неколку цркви и манастири, а посебно во драг спомен ми е руската црква Свети Николај, во Софија, затоа што во неа присуствував на едно Бдение. Во криптата на црквата се поклонив на светите мошта на архиепископ Серафим Соболев. Се надевам дека во иднина ќе имам прилика да посетам и други цркви и манастири во Бугарија.

4. Кои са книгите, които Ви дадоха душеспасителни знания през живота Ви досега?

Светото Евангелие беше Книгата што ме соочи со духовната реалност на Небесното Царство. Кога првпат го прочитав Новиот Завет бев запрепастен од простите и силни вистини, а конечно и радосен, затоа што открив дека Христијанството не е едно меѓу другите религиозни учења, туку дека евангелските зборови се нераздвојни од богочовечката личност на Господ Исус Христос. Потоа во текот на богословските студии мојата вера ја формираа, пред сѐ, книгите „Точно изложение на православната вера“ од свети Јован Дамаскин, а од клучно значење за мене беа и: „Византиско богословие“ и „Христос во источнохристијанската мисла“ од протоереј Џон Маендорф, „Догматика“ од протоереј Димитру Станилое,  „Човекот против Бога“ од преподобен Серафим (Роуз), од јеромонах Софрониј (Сахаров) „Старец Силуан“, „За молитвата“ и „Гледање на божјото лице“, „Евхаристија“ од протоереј Александар Шмеман, „Верата на Црквата“ од Христо Јанарас и други…

Без црковните догмати не постои Христијанство, но Христијанството се остварува во конкретни личности кои Божјата благодат ги осветила и преобразила во јасни икони на Господ Исус Христос. Затоа омилено духовно четиво ми се житијата на светите, а особено житијата и биографиите на современи свети ликови.

5. Какво Ви е мнението за задължителното въвеждане на вероучение или ЗИП Религия- православие в училищата в България? Наскоро имаше литийно шествие в столицата ни и се събрахме много народ, в името Господне, водени от Светия Дух! Надяваме се правителството да реши в близко бъдеще този проблем и да бъде въведен предметът с Божия помощ! В Македония имате ли ЗИП- религия?

Колку што ми е познато, во Бугарија Светиот Синод на БПЦ бара учебниот предмет „Религија“, кој сега има статус на слободно избирана подготовка (СИП), да биде задолжително избрана подготовка (ЗИП) од І до ХІІ клас, како и во предучилишната подготовка.

Во Македонија предметот Веронаука два пати беше воведуван во државниот воспитно-образовен систем и два пати беше исфрлан со пресуда на Уставниот Суд дека, наводно, го нарушува секуларниот принцип на државата.

Последната одлука против Веронауката беше донесена лани и стапи на сила веднаш, пред да заврши учебната година, во месец април 2009 г. Така, 12.000 петто-одделенци останаа во недоумица, зошто некој одеднаш го забрани предметот Веронаука што им бил понуден како изборен предмет, а тие избрале да го изучуваат и со што ли е толку штетен и опасен тој предмет што не смее ни ден повеќе да се предава, иако веќе седум месеци ги обработувале наставните содржини по Веронаука?

Од реториката на политичките гласноговорници на партиите што Веронауката ја поставија на обвинителна клупа, можеше да се дознае во што се состои нивниот страв или кон што е насочен нивниот презир: „Нашите училишта се претворија во цркви и во џамии, и во училиштата влегоа попови и оџи?“ Таканаречените интелектуалци го означија како скандал и самото влегување на свештеник со мантија во училиштето.

Од таквите реакции се добива впечаток дека аргументите кои ги користат противниците на Веронауката, се засновани повеќе на личната омраза кон сѐ што се нарекува религија, отколку на некакви правни норми. Не мора човек да биде стручен правник за да согледа дека изучувањето на предметот „Религија” во различни форми не противречи на правата на човекот и на световниот карактер на образованието во повеќе земји членки на ЕЗ.

Изгледа сѐ уште не сме излезени од времето кога световното се изедначуваше со антирелигиозното т.е. со атеистичкото образование, во кое нема место за религијата и за Бога. Во епохата на социјализмот секое државно образование било нужно антирелигиозно, но денес не постојат причини за тоа. Сепак, враќањето на религијата во школата, при зачувување на световниот карактер на образованието, бара определен напор и време.

Во однос на секуларниот принцип на уредување на државата, треба да се има предвид дека Црквата е одделена од државата како институција, но не е одделена од општеството како заедница на конкретни личности и сочинува со него (или со поголемиот дел од општеството) една целина. Затоа, Православната Црква (и другите легални конфесии) не треба да дозволат државното школство да заземе отворено антирелигиозен карактер, туку имаат задача да се изборат за учество во државното воспитание и образование.

Во Р.Македонија од септември 2010 г. учениците од петто одделение во осумгодишното основно училиште имаат три изборни предмети: „Запознавање со религиите“, „Класичната култура во европската цивилизација“, и „Етика во религиите“ која на некој начин е бледа сенка на вообичаената Веронаука.

Македонската Православна Црква не се откажува од заложбите младите да се запознаат со основите на верата на која ѝ припаѓаат, и се надева дека надлежните државни инстиуции ќе изнајдат начин – религиозното образование да се врати во училиштата, а притоа да биде обезбедено на цврсти законски основи, за да не служи како средство за меѓупартиски реваншизам и други политички игри.

6. Какви са добрите дела на Вашите свещенослужители, владици, миряни? Кой от тях изпъква най-ярко и с какво?

Свештенослужителите и верниот народот на Македонкската Црква како членови на едното Тело Христово, секој според своето место и сила, го вложуваат својот труд во изградувањето и напредувањето на Црквата.

Во нашата Брегалничка епархија, последниве неколку месеци е актуелна отоворената борба на Митрополитот Иларион против гатачите и бајачите. И другите митрополити се активни на различни полиња (хуманитарна дејност, издавачка дејност, уредување на манастирскиот живот), со единствена цел – вечното спасение на човекот.

На полето на проповедта особено се истакнуваат помладите свештеници. Тие ревносно се трудат да му ги доближат вечните, спасителни вистини на совремниот Македонец и преку организирање на трибини и настапи на медиумите го истакнуваат суштинското значење на светата Литургија.

7. Предстои Рождественският пост. Какво бихте посъветвали нашите читатели за поста и какво им пожелавате по повод предстоящите християнски празници?

Во рамките на пропишаниот пост, секој нека ја изнајде својата мера на постење во однос на храната. Најважно е во човек да се појави желбата и волјата за постење, да се направи обид, оној што не постел досега – да започне да пости макар и со најмал пост. Основнат афункција на постот е да го согледаме гревот во сета негова погубност и да се покаеме. Во Божикниот пост кој наближува, Господ нека ни даде сили да постиме со пост кој го поттикнува покајанието, со пост кој ќе ги оддржува телесните сили за да правење добри дела, за да можеме да ги очистиме нашите срца, да ја подготвиме нашата внатрешност – за да го примиме Богомладенецот кој еднаш се роди во Ерусалим од Пресвета Богородица и секогаш-дева Марија, а постојано се раѓа во срцата на оние што во него веруваат како во Спасител, Син Божји и Богочовек.

Благодаря за отговорите Ви, дякон Тони! Нека Бог да благослови делата Ви и мнозина около Вас да се спасят! Добре дошли винаги в България!

И јас Ви благодарам вам за овој разговор. Моја најголема желба е во Бугарија да дојдам и да учествувам во богслужба на која ќе сослужуваат бугарски и македонски свештенослужители.

С почит: Атанасия Петрова

Господ посред нас!+

1.11.2010 год.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s