Копjето на Лонгин

Една од најголемите христијански светињи – легендарното копје на легионерот Гај Касиј (Лонгин), со кое тој ги прободел градите на распнатиот Исус Христос – според преданието, се наоѓа во Ерменија.

Најновите истражувања, кои ги направиле специјалистите од Велика Британија, потврдиле, дека копјето е оригинално. Токму со него му бил нанесен удар на Исус Христос кога бил распнат на крстот. Во Евангелието е напишано, дека „еден од војниците со копје ги прободе неговите ребра.“ И тој војник, по име Гај Касиј, рекол: „Навистина овој човек бил праведник!“ Според преданието, Гај Касиј поверувал во Христа и на Крштението го добил името Лонгин. Заради проповедање на христијанското учење умрел како маченик и бил прославен како свет. А неговото копје станало голема ризница на христијанството. Светот го знае под името „Копјето на Лонгин“ или „Копјето на судбината“.

Во Ечмиадзин – духовната престолнина на Ерменија, светото копје се чува во древен храм. Сега тој е опремен со најсовремени аларми за обезбедување. Царевите и императорите во текот на 2000 години сметале дека, оружјето натопено со крвта на Христос, ќе им овозможи да управуваат со светот. Историските хроники сведочат дека многу владетели биле убедени дека го имаат оригинаното „копје на судбината.“

Eрмeнската светиња

Се претпоставува дека „Копјето на судбината“ било и во рацете на Хитлер. Историчарите потврдуваат, дека мистички настроениот Адолф во младоста со часови стоел во Виенскиот музеј на историјата на уметностите пред витрината во која се наоѓало „Копјето на Лонгин.“

Потоа, кога Австрија станала дел од територијата на Третиот рајх, Хитлер ја прогласил таа реликвија за „империјално богатство“ и бил убеден дека, имајќи го „Копјето на судбината“ може да го пороби целиот свет. Почнувајќи ја Втората Светска војна, Хитлер слепо верувал во непобедливата мистична сила на реликвијата. Постои документирана потврда, дека во 1945 г. Хитлер наредил „Копјето на судбината“ да се однесе со подморница на Антарктикот. Но, не усеале да ја исполнат неговата волја – во последните денови од војната реликвијата ја скриле во бунар во Нирнберг. Тоа тнр.  „Копје на судбината“ го нашле Американците и во 1946 г. го вратиле во Австрија. Но, гласините дека оригиналното копје останало во САД, а во Виена се наоѓа само копија од него, не стивнале до 2003 г., кога било направено детално истражување на реликвијата. Се утврдило дека тоа копје што поминало преку рацете на многу владетели кои посакувале да владеат со светот – е многу старо (VII в.), но е – само копија на копјето на Лонгин.

Другите копја – реликвии кои се чуваат во Ватикан и Краков, се покажале како уште подоцни копии. Научниците дошле до заклучок, дека оригиналното копје на Лонгин е она што се наоѓа во Ерменија.

Постои доказ дека раната што му била нанесена на Христос е токму од такво копје. Тој доказ е на познатата Торинска плаштаница. На жолто-белата позадина од крваво-кафена боја се отпечатале цртите на неговиот лик и фигура, со трагите од раните.

Експертите-криминалисти, кои ја проучувале плаштаницата, установиле дека човекот што бил завиткан во платното, добил рана од копје со должина од 4,5 cm, меѓу ребрата. Според мислењето на лекарите, копјето ги пронижало ребрата, белите дробови и го повредило срцето. Под раната, на плаштаницата останала дамка од крв што припаѓа на групата А+.

Според мислењето на познавачите на старо оружје, фаталниот удар не можел да биде нанесен со долгото и тешко римско копје на пешадиец („хаста“) или со копјето на коњаник (“пилум”). Тоа е трага од копје од типот “лонхе”, кое го користеле легионерите на воените гарнизони. Како што е познато од Евангелието, војниците што ја извршиле казната, биле легионери.

Копјетo што се чува во Ечмиадзин, точно одговара на величината на раната. Подоцна на него бил додаден крст. Но, тоа оружје било исковано уште пред Христовото Распнување!

-„Копјето на Лонгин се чува на ерменската земја од III век – раскажува владиката Езрас. – Потсетувам дека Ерменија е првата држава во светот, каде христијанската религија станала државна уште во 301 г. Ечмиадзин во превод од ерменски значи: „Место на слегување на Еднородниот.“ Нашиот народ смета дека овде се случило второто јавување на Исус Христос по неговото Воскресение. Ерменската Црква ја осознава својата мисија на чуварка на најголемата христијанска светиња и во сите времиња му била верна на Христос.“

Историјата на ова копје се следи уште од Голгота. До XIII век тоа се чувало во семејството Гегардаванк, потоа реликвијата ја пренеле во Ечмиадзинскиот храм. Монасите ја чуваат како голема ризница. Некои верни што се помолиле покрај него – се исцелиле дури и од рак. Но, реликвијата никогаш не паднала во раце на злосторници, кои сакале да го поробат човештвото.

Григориј Борисович Тељнов

превод од: Копьё Лонгина

4 thoughts on “Копjето на Лонгин

  1. Nema veza pisanovo kopjeto postoi da ama ne e vo Ermenija tuku vo muzejo na Habsburgovcite (vladetelite na Avstro-ungarija) e sega ne sum siguren dali vo Viena ili vo Lihtenshtajn.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s