Buried (2010)

Дејството на филмот се одвива во 2006 г., во Ирак. Американецот Пол (Рајан Рејнолдс во главната и единствена улога), возач на камион, отишол да работи во Ирак. За време на редовно возење ги нападнале терористи…

По нападот Пол се освестува во сандак – жив погребен. Терористите му оставиле мобилен телефон, нож и некои средства за осветлување. Тие бараат откуп – 5 милиони долари.

Режисерот Родриго Кортес на особено тензичен начин ја разработува темата. Buried наметнува куп неблагодарни прашања од типот „А како би постапил ти?“ Во филмот нема херојски подвизи, ниту cool типови, a сепак поразително е прикажана не само грчевитата борба за опстанок, туку и цинизмoт на луѓето од кои Пол очекува помош.

Во гробниот амбиент камерата прави фантастични пируети. Иако е исклучена можноста за широк кадар, вниманието го задржуваат стотици кадри од различни агли, кои пред нас шират некои други егзистенцијални хоризонти…

Ограничувајќи се, стеснувајќи се во патолошки временско-просторни рамки, Кортес раскажува, не толку за војната, колку за човекот во војната.

Всушност, не се знае кој повеќе земја фрли врз него: терористите кои го затвориле во сандакот и го оставиле во јамата или американските службеници кои знаеле дека е заробен и закопан…

Филмот на Кортес не е ниту за несовесната Америка, ниту за гладните ирачки терористи. Овој суров трилер и бескомпромисна социјална драма на одличен начин раскажува дека претставникот на современото општество малку се разликува од (експерименталната) мачка на Шредингер.

Buried е филм што ве тера да го преиспитувате својот живот, усвоените вредности… Голема драма за еден мал човек по име Човештво.

One thought on “Buried (2010)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s