Мост / The Bridge (2003)

Director: Bobby Garabedian
Writers: Bobby Garabedian (writer), William Zabka (writer)
Genre: Short | Drama
Language: English | Czech
Runtime: 32 min
Most IMDB
Torrent 282MB, English subtitles
Subtitles: Македонски
Most.avi 313MB со вградени македонски титлови

„A breathtaking modern-day parable…“

Симболиката во филмот

Отворање: таткото гледа низ прозорецот
Бог Отецот се одразува во Неговата жртва. Кој ќе верува?

Возот тргнува
Метафора на животот во движење; таткото и синот се таму за да ги охрабрат.

Станот на таткото
Таткото е нерасположен; неговиот син го развеселува. Отецот и Синот се потребни еден на друг и се надополнуваат во дејствувањето.

Проблематична девојка во тремот под прозорецот на таткото и синот
Иако не сме свесни за тоа, ние сме блиску до Бога.

Свеќа, девојката се обидува да се стопли
Светлината и топлината на светот се привремени.

Ученици поминуваат покрај девојката, не ја погледнуваат
Преокупирани со нашите животи, дали сосема ги забораваме нашите ближни со нивните потреби?

Спална соба; синот сака да оди на работа со неговиот татко
Синот сака да го изврши делото на Отецот.

Од кровот, таткото ја повикува Павли
Дали сме како Павли презафатени, за да не се радуваме во заедница со Отецот?

Таткото ја пофалува Павли
Нашиот небесен Отец нè љуби и смета дека сме убави (создадени според Неговиот образ/лик).

Отуѓени сестри на уличен агол
Естер ја повикува нејзината сестра која е заплеткана во грев – на “ново место”, но таа го одбива повикот. Ние можеме да излееме од нашите срца и да се обидеме да ги спасиме изгубените и повредените, но само Христос може навистина да ги спаси.

Училиште, синот врти глобус
Тој го држи целиот свет во Неговите раце.

Патување низ град
Синот е загрижен за сите што ги гледа. Тој ги “знаеше” нив пред да го положи Својот живот за нив. Неговата милост ги изменува срцата на луѓето.

Трамвајот
Американскиот турист не е свесен за несреќата на својата девојка. (Сите односи во филмот донекаде се пореметени. Само односот меѓу таткото и синот е совршен и чист.)

Подвижен мост
Како и возот што минува на црвено светло, и човештвото се движи во беззаконие.
Момчето го предупредува својот татко дека возот доаѓа прерано, но таткото не е таму за да го чуе. Детето доброволно презема акција за да го спаси возот. И Синот го избра Крстот за нас.

Изборот
Неговиот син – за луѓето во возот. Исус Христос – за човештвото. Татковото жртвување на својот син бил единствениот начин да се спушти мостот – да се премости празнината – и да се предложи спасението.

Луѓето во возот
Несвесни се за Божјиот бесценет дар на Неговиот Син.

Проблематичната девојка подготвува хероин
Пред да го отфрли својот живот, таа погледнува низ прозорецот. Болката на Таткото ја апсорбира нејзината болка. Нејзината душа одеднаш беше променета.

Момчето ги отвора своите очи
Воскресението – Христос воскресна од гробот.

На почетокот
Лице в лице со таткото, порано проблематичната девојка, сега е обновена и ослободена од нејзиното минато. Таа знае кој е тој и што направи тој. Таа е смирена, благодарна и се чувствува недостојна, држејќи го нејзиното бебе – новиот живот. Нејзиниот небесен Отец е пресреќен.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s