Коралина во Земјата на кошмарите

 

Вo домoт, каде што живее Коралина (таа се лути кога ја нарекуваат Caroline), има многу врати, а една од нив секогаш е затворена. Кога ја откри и помина низ неа, Коралина се најде во куќа, која навидум по ништо не се разликуваше од нивната…. Во паралелниот свет Каролина ги наоѓа нејзините родители онакви какви што таа посакауваше да бидат; грижливи, внимателни кон неа. Сите жители на необичната земја наместо очи имаат – копчиња. Условот и Каролина да остане таму (ако сака и засекогаш) е: наместо очите да ѝ бидат зашиени копчиња. И кога Каролина одбива – тогаш љубовта на алтернативните родители кон неа одеднаш станува наметлива. „Таа рече дека нѐ сака. Но, нѐ заклучи овде и ги изеде нашите животи… Оди пронајди ги нашите очи и нашите души ќе бидат слободни…“

„Внимавај што посакуваш“ – е лајтмотивот на оваа куклена анимација на која работеле 450 луѓе, од кои 40 уметници-аниматори и 250 компјутерски дизајнери. Филмот е снимен во 3D. Подготовките за снимање на филмот траеле две години. Снимањето – половина година. Коралина ја играат 28 кукли со различна величина, од кои секоја била изработувана 6-4 месеци. Куклите можеле да „прават“ 207,666 изрази на лицето. Компјутерската анимација е сведена на минимум. Засега Caroline e најдолгиот куклен филм во историјата на филммот.

Режија и сценарио: Henry Selick
Во улогите: Dakota Fanning, Teri Hatcher, Ian McShane, Jennifer Saunders, Keith David
Официјален сајт: http://www.coraline.com
Траење: 100 мин., Година: 2009
Download: Caroline DVDRip 696.72 MB, Subtitles

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s