Азбучна молитва

Таа е еднa од најраните или дури првата словенска стихотворба. Некои научници сметаат дека ја напишал творецот на словенската азбука — свети Кирил. Други научници авторството го припишуваат на ученикот на свети Методиј, Константин Преславски (епископ на Преслав Велики), кој живеел на крајот на IX и почетокот на Х век.

(А) Jaс со ова слово се молам на Бога:
Боже, на сето создание Градителу,
(В) на видливото и невидливото,
Господа Духот испрати го Живиот,
Да вдахне во моето срце слово,
(Е) што ќе биде за успех на сите,
(Ж) кои живеат во твоите заповеди.
(З) Многу оти свети светилникот на Животот
Законот Твој е светлина на патиштата,
(И) за оној што ги бара Евангелските слова
И бара Твоите дарови да ги прими.
Кон крштението се обратија сите,
Луѓе твои што сакаат да се наречат,
Милоста Твоја, Боже, ја просат многу,
Но, сега пространо слово дај ми,
Отче, Сине и Пресвет Духу,
Просам помош од тебе. Зашто
Рацете свои високо ги кревам постојано,
Сила да примам и мудрост од Тебе.
Ти оти им даваш на достојните сила, секоја ипостас ја исцелуваш.
(У) Надеж на сите краишта на земјата,
(Ф) Од фараонот на злобата избави ме.
Херувимска мисла и ум дај ми.
О, Чесна Пресвета Троице, тагата моја во радост претвори ја.
Целомудрено да почнам да ги пишувам
Чудесата Твои прекрасни сосема
(Ш) На шестокрилите силата да ја примам
Одам сега по трагите на Учителот, името негово и делата ги следам.
(Я) Јавно ќе го направам Евангелското слово, пофалба ќе ѝ воздадам на Троица во Божество,
(Ю) Која ја пее секоја возраст, млад и стар со својот разум,
Народ нов, фалба му воздава постојано на Отецот, Синот и Пресветиот Дух,
Кому чест и сила и слава од секое создание што дише во сите векови и засекогаш. Амин.
***************************************
Аз словом сим молюся Богу:
Боже всея твари Зиждителю,
Видимым и невидимым,
Господа Духа посли Живущего,
Да вдохнет в сердце ми слово,
Еже будет на успех всем,
Живущим в заповедех Ти.
Зело бо есть светильник Жизни
Закон Твой, свет стезям,
Иже ищет Евангельска слова
И просит дары Твоя прияти.
Ко крещению обратишася вси,
Людие Твои нарещися хотяще,
Милости Твоя, Боже, просят зело,
Но мне ныне пространно слово даждь,
Отче, Сыне и Пресвятый Душе,
Просящему помощи от Тебе.
Руце бо свои выспрь воздею присно,
Силу прияти и мудрость у Тебе.
Ты бо даеши достойным силу, ипостсь же всякую целиши.
Упование всех концев земли,
Фараона мя злобы избави.
Херувимскую ми мысль и ум даждь.
О, Честная Пресвятая Троице, печаль мою на радость преложи.
Целомудренно да начну писати
Чудеса Твои предивные зело
Шестокрылатых силу восприиму
Шествую ныне по следу Учителю, имени Его и делу последуя.
Явным сотворю Евангельское слово, хвалу воздая Троице в Божестве,
Юже поет всякий возраст, юн и стар своим разумом,
Язык нов, хвалу воздая присно Отцу, Сыну и Пресвятому Духу,
Емуже честь и держава и слава от всея твари дыхания во вся веки и навеки. Аминь.

One thought on “Азбучна молитва

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s