Syriana

За филмот „Сириана“ дознав преку eдна промотивна емисија во која, мислам Мет Дејмон, рече дека филмот е на политичка тема, но во централното внимание се конкретни човечки судбини. Насловот Syriana всушност е геополитички термин, со кој CIA ги означува регионите на Блискиот Исток кои се непријателски за САД. Тоа што филмот е малку заплеткан и оптоварен со долги дијалози, не беше единствената причина досега да го гледам три пати. Овој голем политички трилер, на особен начин ги покажува човечките консеквенци на бесната трка по богатсво и моќ. Не содржи никакви сентименталности, а успева да трогне.

Филмот следи три линии на дејства кои на крајот ќе се вкрстат, заради што како слоган на филмот е истакната девизата: Сѐ е поврзано (Еverything is connected).

Тројцата главни протагонисти на приказната се луѓе кои мислат дека добро знаат што прават, а всушност – не знаат ништо.

Ветеранoт на CIA, Боб Барнс, (Џорџ Клуни) добива задача да го убие младиот арапски шеик (Александар Сидиг) – кој не постапува во прилог на САД со нафтениот тендер, но тогаш почнува да ја осознава ужасната вистина за работата на која ѝ го посветил целиот свој живот.

Вториот лик на филмот е аналитичарот и нафтен брокер Брајан (Мет Дејмон), кого неговата фирма го испраќа да ја подготви зделката со арапскиот шеик, но тој преживува семејна трагедија и станува соработник на принцот кој е мета на атентат.

Корпоративниот адвокат Бенет (Џефри Рајт) се судира со морална дилема, обработувајќи го сомнителното спојување на двете крупни нафтени компании во САД, додека за тоа време на другиот крај на светот пакистанското момче (Мазар Манир) заради тоа спојување ја губи работата и лишено од граѓански права, станува жртва на агресивниот ислам.

Сите тројца не помислуваат, каква уривачка реакција можат да имаат нивните постапки врз светот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s